волан






         

март 21, 2007

ЏОНСОН МЕТИ – Johnson Matthey

Filed under: вести — волан @ 11:17 am

По повеќекратна срамежива најава за поголема странска инвестиција во Бунарџик – еве Вечер пак по малку срамеживо – најавува дека деновиве ке се склучи догорор за странска директна инвестиција со англиската компанија за автоделови "Џонсон Мети"Договор за инвестиција од 70 мил. евра

** Англиската компанија за автоделови "Џонсон Мети" е фирмата со која Владата во четврток ќе потпише договор за отворање фабрика во земјава, дознава "Вечер" неофицијално.
** Зоран Ставревски, но не сакаше да го соопшти името на британската компанија, која е заинтересирана да инвестира во слободната економска зона Бунарџик. Тој само посочи дека фирмата сака да вложи околу 70 милиони евра, при што ќе бидат вработени од 300 до 500 лица.
** … оваа фирма уште пред Нова година пројавила интерес за отворање фабрика за склопување автомобилски делови во Македонија.

Еве малку предисторја за "Џонсон Мети" и како се дојде до оваа инвестиција …

** „Џонсон Мети“ сака да гради фабрика во Бунарџик … 13.01.2007 … Британската компанија „Џонсон Мети“ го пикира Бунарџик за следна инвестициска дестинација на Балканот. Европскиот гигант во автомобилската индустрија сака да гради фабрика во слободната економска зона. … Менаџерите од британската фирма се распрашувале за можностите за транспорт на стока од Македонија, што во моментов е една од клучните слабости на државата поради лошата инфраструктура. …

** Британска автомобилска компанија ќе гради фабрика во „Бунарџик“ понеделник, 15 јануари 2007 …



No Comments »

  1. Договор за инвестиција од 70 мил. евра
    Вечер-21.03.2007 :: Бр. 13454

      волан — април 25, 2014 @ 5:13 am

  2. МАКЕДОНИЈА НА КАРТАТА НА СВЕТСКИТЕ ГИГАНТИ
    Фабрика на „Џонсон Мети“ ќе никне во Бунарџик
    Време, број 1019, 21.03.2007

    ** Извесно е дека британскиот гигант „Џонсон Мети“ ќе инвестира околу 70 милиони евра во изградба на фабрика за производство на катализатори за пречистување издувни гасови во автомобилската индустрија во слободната зона Бунарџик.

    ** Вицепремиерот Зоран Ставревски вчера информира дека се очекува утре претставници на британска компанија да потпишат меморандум за разбирање во Владата.

    ** Македонија, по Кореја и Русија, ќе биде трета земја во која за помалку од три години „Џонсон Мети“ планира изградба на фабрика од ваков тип.

    ** Британската хемиска компанија е формирана пред двесте години и е светски лидер во производство на автокатализатори за прочистување штетни гасови и системи за заштита од загадување. Покрај делови за заштита од издувни гасови, компанијата работи и во индустријата на прецизни метали, хемиската и фармацевтската индустрија. Компанијата има претставништва во 34 земји на 5 континенти и во неа работат околу 7.400 лица. „Џонсон Мети“ има производствени капацитети во САД, Британија, Белгија, Мексико, Аргентина, Јужна Африка, Малезија, Индија и во Кина.

    ** Само лани, компанијата имала приходи од повеќе од 10 милијарди долари.

    ** Дека компанијата сериозно ги испитува сите маани и позитивни страни при реализација на одредена инвестиција покажува и огласот за вработување во македонските медиуми со кој „Џонсон Мети“ ја испитуваше и квалификуваноста на македонските работници за работа во фабрика за автоделови во слободната зона Бунарџик.

      волан — април 25, 2014 @ 5:13 am

  3. НОВА ИНВЕСТИЦИСКА НАДЕЖ
    Гигантот „Џонсон мети“ доаѓа во Македонија
    Дневник-четврток, 22 март 2007

    ** „Џонсон мети“, мултинационална компанија со седиште во Лондон, е нова инвестициска надеж за Македонија.

    ** Нејзини претставници денеска во Скопје ќе потпишат Меморандум за разбирање со Владата, како резултат на неколкумесечните разговори за инвестициски влез во земјава на овој индустриски гигант.

    ** Според сите статистички и економски рангирања, „Џонсон мети“ е најголема светска компанија за производство на катализатори во автомобилската индустрија.

    ** Компанијата има годишна реализација од 10 милијарди долари. Распространета е во 30 држави на три континенти – Европа, Азија и Америка и има 7.000 вработени.

      волан — април 25, 2014 @ 5:13 am

  4. „Џонсон Мети“ ќе гради фабрика
    МТВ-четврток, 22 март 2007

    ** Разгледавме 10 земји меѓу кои Унгарија, Полска, Чешка, Словачка, Хрватска, а Македонија имаше предност во однос нашите најзначајни критериуми кои се однесуваа на квалитетна и расположлива работна сила, трошоците за работната сила, како и стимулативните мерки на Владата, даноците и таксите за земјиштето, изјави по потшишување на Меморандумот Колин Џефри.

    ** Способноста на Македонија да привлече големи фирми како „Џонсон Мети“ е многу позитивен сигнал за нашите предности, атрактивните и ниски трошоци и стратешка локција, истакна премиерот Груевски.
    Тој најави дека покрај оваа има и десетина други компании кои се во напредна фаза за вложување во Македонија, а компанија од Исланд е блиску до одлука за инвестирање во банкарскиот сектор.

      волан — април 25, 2014 @ 5:13 am

  5. ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА РАЗБИРАЊЕ
    Британскиот гигант „Џонсон мети“ ја избра Македонија
    Ида Протугер
    Дневник- петок, 23 март 2007

    ** Компанијата планира производството во земјава да почне во 2009 година

    ** Очекувам за неколку месеци повторно да дојдам во Македонија за формално да го потпишеме договорот за инвестирање.

    ** евтината работна рака, ниските даноци, стратегиската позиција на слободната зона „Бунарџик“ и професионалниот однос на Владата кон потенцијалните инвеститори биле пресудни за да донесат конечна одлука.
    …………………….

    ** Исландскиот холдинг „Мајлстоун“, кој се занимава со финансиски работи, банкарство и со фармација, сериозно го истражува македонскиот пазар.

    ** Можам да потврдам дека една голема компанија од Исланд е заинтересирана за македонскиот банкарски сектор, но не сакам да објавувам ништо додека нема конечна одлука – изјави вчера премиерот Никола Груевски.

    ** Претставници на „Мајлстоун“ неодамна биле и кај гувернерот Петар Гошев за да ги дознаат условите за инвестирање во финансискиот сектор.

      волан — април 25, 2014 @ 5:13 am

  6. Договор за инвестиција од 70 мил. евра
    Вечер-21.03.2007 :: Бр. 13454

      волан — април 25, 2014 @ 5:13 am

  7. МАКЕДОНИЈА НА КАРТАТА НА СВЕТСКИТЕ ГИГАНТИ
    Фабрика на „Џонсон Мети“ ќе никне во Бунарџик
    Време, број 1019, 21.03.2007

    ** Извесно е дека британскиот гигант „Џонсон Мети“ ќе инвестира околу 70 милиони евра во изградба на фабрика за производство на катализатори за пречистување издувни гасови во автомобилската индустрија во слободната зона Бунарџик.

    ** Вицепремиерот Зоран Ставревски вчера информира дека се очекува утре претставници на британска компанија да потпишат меморандум за разбирање во Владата.

    ** Македонија, по Кореја и Русија, ќе биде трета земја во која за помалку од три години „Џонсон Мети“ планира изградба на фабрика од ваков тип.

    ** Британската хемиска компанија е формирана пред двесте години и е светски лидер во производство на автокатализатори за прочистување штетни гасови и системи за заштита од загадување. Покрај делови за заштита од издувни гасови, компанијата работи и во индустријата на прецизни метали, хемиската и фармацевтската индустрија. Компанијата има претставништва во 34 земји на 5 континенти и во неа работат околу 7.400 лица. „Џонсон Мети“ има производствени капацитети во САД, Британија, Белгија, Мексико, Аргентина, Јужна Африка, Малезија, Индија и во Кина.

    ** Само лани, компанијата имала приходи од повеќе од 10 милијарди долари.

    ** Дека компанијата сериозно ги испитува сите маани и позитивни страни при реализација на одредена инвестиција покажува и огласот за вработување во македонските медиуми со кој „Џонсон Мети“ ја испитуваше и квалификуваноста на македонските работници за работа во фабрика за автоделови во слободната зона Бунарџик.

      волан — април 25, 2014 @ 5:13 am

  8. НОВА ИНВЕСТИЦИСКА НАДЕЖ
    Гигантот „Џонсон мети“ доаѓа во Македонија
    Дневник-четврток, 22 март 2007

    ** „Џонсон мети“, мултинационална компанија со седиште во Лондон, е нова инвестициска надеж за Македонија.

    ** Нејзини претставници денеска во Скопје ќе потпишат Меморандум за разбирање со Владата, како резултат на неколкумесечните разговори за инвестициски влез во земјава на овој индустриски гигант.

    ** Според сите статистички и економски рангирања, „Џонсон мети“ е најголема светска компанија за производство на катализатори во автомобилската индустрија.

    ** Компанијата има годишна реализација од 10 милијарди долари. Распространета е во 30 држави на три континенти – Европа, Азија и Америка и има 7.000 вработени.

      волан — април 25, 2014 @ 5:13 am

  9. „Џонсон Мети“ ќе гради фабрика
    МТВ-четврток, 22 март 2007

    ** Разгледавме 10 земји меѓу кои Унгарија, Полска, Чешка, Словачка, Хрватска, а Македонија имаше предност во однос нашите најзначајни критериуми кои се однесуваа на квалитетна и расположлива работна сила, трошоците за работната сила, како и стимулативните мерки на Владата, даноците и таксите за земјиштето, изјави по потшишување на Меморандумот Колин Џефри.

    ** Способноста на Македонија да привлече големи фирми како „Џонсон Мети“ е многу позитивен сигнал за нашите предности, атрактивните и ниски трошоци и стратешка локција, истакна премиерот Груевски.
    Тој најави дека покрај оваа има и десетина други компании кои се во напредна фаза за вложување во Македонија, а компанија од Исланд е блиску до одлука за инвестирање во банкарскиот сектор.

      волан — април 25, 2014 @ 5:13 am

  10. ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА РАЗБИРАЊЕ
    Британскиот гигант „Џонсон мети“ ја избра Македонија
    Ида Протугер
    Дневник- петок, 23 март 2007

    ** Компанијата планира производството во земјава да почне во 2009 година

    ** Очекувам за неколку месеци повторно да дојдам во Македонија за формално да го потпишеме договорот за инвестирање.

    ** евтината работна рака, ниските даноци, стратегиската позиција на слободната зона „Бунарџик“ и професионалниот однос на Владата кон потенцијалните инвеститори биле пресудни за да донесат конечна одлука.
    …………………….

    ** Исландскиот холдинг „Мајлстоун“, кој се занимава со финансиски работи, банкарство и со фармација, сериозно го истражува македонскиот пазар.

    ** Можам да потврдам дека една голема компанија од Исланд е заинтересирана за македонскиот банкарски сектор, но не сакам да објавувам ништо додека нема конечна одлука – изјави вчера премиерот Никола Груевски.

    ** Претставници на „Мајлстоун“ неодамна биле и кај гувернерот Петар Гошев за да ги дознаат условите за инвестирање во финансискиот сектор.

      волан — април 25, 2014 @ 5:13 am

RSS feed for comments on this post. TrackBack URI

Leave a comment

You must be logged in to post a comment.

WPMU Theme pack by WPMU-DEV.