волан






         

септември 26, 2007

Централен Регистар на Република Македонија

Filed under: пари — волан @ 8:20 pm

Заради потреба на мојата фирма имав потреба од улугите на Централен Регистар на Република Македонија

Се чини дека ова е фабрика за пари која го полни буџетот на РМ … Македонија со стварање на вакви институции кои наплаќаат за своите услуги иако се буџетски финасирани – се чини прави двојно прибирање на пари во буџетот … Имено оваа институција е финасирана од Буџетот на РМ … но истовремено наплатува за своите услуги … Нели е тоа двојно оданочување …

Зависи што ти треба 200 денари, 350 денари, 400 денари, 500 денари, 1200 денари, 1700 денари, 2.000,00 ден, 3.000,00 ден, 3.500,00 дентоа се вообичаените тарифи …

ТАРИФА НА ЦЕНТРАЛНИОТ РЕГИСТАР НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА … 

ТАРИФА за изменување и дополнувањe на Тарифата на Централниот регистар на Република Македонија … 

ТАРИФА за изменување и дополнувањe на Тарифата на Централниот регистар на Република Македонија

Замисли издавање информација 200 денари … бре мајката …
Сајтот им е горе доле во ред  но секојпат може и подобро …

- Имаат важни законски прописи на сајтот
- Дадени се сите обрасци

Има полно примедби … Најпвин на дел од шалтерите странката непотребно се ведне за да ја чуе информацијата … Груевски вети дека граѓанинот нема повеќе да се наведнува за да комуницира со државниот службеник … Но еве во централниот регистар на пооделни места граѓанинот сеуште се наведнува …

За дел од информациите што е се потребно немаат спремено пишано ливче … туку диктираат што е потребно – непотребно губење на време од двете страни …

Мислев да ги критикувам и за пополнувањето на ПДФ онлајн обрасците … веќе имаат критики … Централен регистар и PDF … но сега видов дека имаат некои подобрувања во тој дел – па критиките ке ги одложам – по пробувањето … веројатно критиките на misos и сугестиите на GoodBytes  помогнале …



No Comments »

  1. Е тоа е …се се` плаќа во животот.
    инаку тоа со веднеењето лесно се решава,космодиск и ке можеш и со глава колената да се ги допреш.

      КIМI — април 16, 2014 @ 8:14 am

  2. Е волан, волан
    Секои 6 месеци давам 1х3500, 1х300 и 4х500 денари а еднаш годишно 1200.

      Spartak — април 16, 2014 @ 8:14 am

  3. Spartak

    Велам јас – ова е фабрика за прибирање на пари во буџетот …

      волан — април 16, 2014 @ 8:14 am

  4. Ај па и вас не ви текнува, па шалтерите со кои пари да ги праат, нема од данокот :)

      16666 — април 16, 2014 @ 8:14 am

  5. Сигурно не заради мојот напис каде ги икритикував институциите а посебно Централен регистар дека го дерат народот со високи цени за своите “услуги“ …

    Владата објави дека се намалуваат двојно услугите на Некои државни органи меѓу кои секако и Централен регистар …

    Со самото тоа дека цените се скастрани напола … сметам дека бев во право …

    Сега уште една критика новите цени не се објавени ва веб сајтот на ВР … уште си стојат старите цени …

      волан — април 16, 2014 @ 8:14 am

  6. Место 250 денари, издавање имотен лист ќе чини 150

    Катастарот, Централниот регистар и Државниот завод за индустриска сопственост двојно ги намалиja цените
    Утрински-Брoj 2505 понеделник, 08 октомври 2007

    ** Тарифниците на Катастарот, Централниот регистар и на Државниот завод за индустриска сопственост се двојно намалени.

    ** Според директорот на Централниот регистар Зоран Алексов, целта на намалувањето на цените на услугите е информациите што ги нуди оваа институција да станат подостапни до заинтересираните субјекти, да се зголеми опфатот на користење на податоците, да се забрза постапката при нивното добивање, а со тоа и да се подобри севкупната бизнис-клима во Република Македонија.

    ** Намалувањето на надоместоците нема да значи зголемен трансфер на буџетски средства во Катастарот, Централниот регистар, Државниот завод за индустриска сопственост и во Царинската управа, туку, како што објасни Ставревски, тоа ќе се компензира исклучиво со внатрешни заштеди на овие институции, односно со намалување на непродуктивните трошења.

      волан — април 16, 2014 @ 8:14 am

  7. Почитувани,
    Централниот регистар ги почитува блогерите и секогаш е отворан за комуникација со блогери. Ќе ги прифатиме сите добронамерни критики, но очекувам и точни информации кога веќе пласирате нешто!
    Не навлегуваме во коментарите до детали, туку само сакаме да ве информираме дека не се точни тврдењата на уредникот на блогов (ВОЛАН) дека „оваа институција е финасирана од Буџетот на РМ … но истовремено наплатува за своите услуги“. Според Статутот и Законот, ЦР е државна фирма, но не е буџетар.
    Со почит,
    Ценрален регистар на РМ

      centralenregistar — април 16, 2014 @ 8:14 am

  8. џабе коментарот ти е овде..
    стави го на Википедија..
    потоа газдата сигурно ќе го вметне во контекст на постот..

      википедија — април 16, 2014 @ 8:14 am

  9. centralenreg…

    Сите критики пишани во овој пост се добронамерни … Беа упатени кон надлежните во централниот регистар … Ме радува лично што Ве допираат критиките … и што ги почитувате блогерите … Вашиот блог ако е званичен блог на централниот регистар е пријатна промена на начинот на размислување на институциите на РМ …

    Со самото тоа што е објавено во Вашиот коментар сметам дека е задоволена вистината … Идејата на овој пост беше да се каже дека се огромни давачките кои го оптеретуваат бизнисот … Само неколку дена после овој напис дојде двојното намалување на цените … со кое дури и Премиерот на РМ се пофали … сигурно не поради мојата критика – туку како некоја политика на Владата …

    Критиката за веднење пред шалтер сеуште останува за еден дел од вашите шалтери …

    Сметам дека достојно Ви го презентирав сајтот … а сеуште остануваат критиките за делот за неможноста на онлајн пополнување на обрасците …

    Така како е – испадна дека е најдобро да се симнат од интернет па да се пополнат во Фотошоп …

    Ок на ваков начин преку Централни регистри,функционира и светот … и редно беше да се сообразиме со него … За жал немам можност да ги споредам цените на сличните услуги во соседните и во европските земји …

    Воколку сте заинтересирани спремен сум да направам некое интервју со некој од надлежните кое би го објавил повторно на мојот блог … така да тогаш ке ги разјасниме делумните искрички кои произлегуваат од мојот напис и Вашиот коментар … мојот меил го имате и на блогот но еве и тука да го објавам
    volanskopje@gmail.com

      волан — април 16, 2014 @ 8:14 am

  10. Е тоа е …се се` плаќа во животот.
    инаку тоа со веднеењето лесно се решава,космодиск и ке можеш и со глава колената да се ги допреш.

      КIМI — април 16, 2014 @ 8:14 am

  11. Е волан, волан
    Секои 6 месеци давам 1х3500, 1х300 и 4х500 денари а еднаш годишно 1200.

      Spartak — април 16, 2014 @ 8:14 am

  12. Spartak

    Велам јас – ова е фабрика за прибирање на пари во буџетот …

      волан — април 16, 2014 @ 8:14 am

  13. Ај па и вас не ви текнува, па шалтерите со кои пари да ги праат, нема од данокот :)

      16666 — април 16, 2014 @ 8:14 am

  14. Сигурно не заради мојот напис каде ги икритикував институциите а посебно Централен регистар дека го дерат народот со високи цени за своите “услуги“ …

    Владата објави дека се намалуваат двојно услугите на Некои државни органи меѓу кои секако и Централен регистар …

    Со самото тоа дека цените се скастрани напола … сметам дека бев во право …

    Сега уште една критика новите цени не се објавени ва веб сајтот на ВР … уште си стојат старите цени …

      волан — април 16, 2014 @ 8:14 am

  15. Место 250 денари, издавање имотен лист ќе чини 150

    Катастарот, Централниот регистар и Државниот завод за индустриска сопственост двојно ги намалиja цените
    Утрински-Брoj 2505 понеделник, 08 октомври 2007

    ** Тарифниците на Катастарот, Централниот регистар и на Државниот завод за индустриска сопственост се двојно намалени.

    ** Според директорот на Централниот регистар Зоран Алексов, целта на намалувањето на цените на услугите е информациите што ги нуди оваа институција да станат подостапни до заинтересираните субјекти, да се зголеми опфатот на користење на податоците, да се забрза постапката при нивното добивање, а со тоа и да се подобри севкупната бизнис-клима во Република Македонија.

    ** Намалувањето на надоместоците нема да значи зголемен трансфер на буџетски средства во Катастарот, Централниот регистар, Државниот завод за индустриска сопственост и во Царинската управа, туку, како што објасни Ставревски, тоа ќе се компензира исклучиво со внатрешни заштеди на овие институции, односно со намалување на непродуктивните трошења.

      волан — април 16, 2014 @ 8:14 am

  16. Почитувани,
    Централниот регистар ги почитува блогерите и секогаш е отворан за комуникација со блогери. Ќе ги прифатиме сите добронамерни критики, но очекувам и точни информации кога веќе пласирате нешто!
    Не навлегуваме во коментарите до детали, туку само сакаме да ве информираме дека не се точни тврдењата на уредникот на блогов (ВОЛАН) дека „оваа институција е финасирана од Буџетот на РМ … но истовремено наплатува за своите услуги“. Според Статутот и Законот, ЦР е државна фирма, но не е буџетар.
    Со почит,
    Ценрален регистар на РМ

      centralenregistar — април 16, 2014 @ 8:14 am

  17. џабе коментарот ти е овде..
    стави го на Википедија..
    потоа газдата сигурно ќе го вметне во контекст на постот..

      википедија — април 16, 2014 @ 8:14 am

  18. centralenreg…

    Сите критики пишани во овој пост се добронамерни … Беа упатени кон надлежните во централниот регистар … Ме радува лично што Ве допираат критиките … и што ги почитувате блогерите … Вашиот блог ако е званичен блог на централниот регистар е пријатна промена на начинот на размислување на институциите на РМ …

    Со самото тоа што е објавено во Вашиот коментар сметам дека е задоволена вистината … Идејата на овој пост беше да се каже дека се огромни давачките кои го оптеретуваат бизнисот … Само неколку дена после овој напис дојде двојното намалување на цените … со кое дури и Премиерот на РМ се пофали … сигурно не поради мојата критика – туку како некоја политика на Владата …

    Критиката за веднење пред шалтер сеуште останува за еден дел од вашите шалтери …

    Сметам дека достојно Ви го презентирав сајтот … а сеуште остануваат критиките за делот за неможноста на онлајн пополнување на обрасците …

    Така како е – испадна дека е најдобро да се симнат од интернет па да се пополнат во Фотошоп …

    Ок на ваков начин преку Централни регистри,функционира и светот … и редно беше да се сообразиме со него … За жал немам можност да ги споредам цените на сличните услуги во соседните и во европските земји …

    Воколку сте заинтересирани спремен сум да направам некое интервју со некој од надлежните кое би го објавил повторно на мојот блог … така да тогаш ке ги разјасниме делумните искрички кои произлегуваат од мојот напис и Вашиот коментар … мојот меил го имате и на блогот но еве и тука да го објавам
    volanskopje@gmail.com

      волан — април 16, 2014 @ 8:14 am

RSS feed for comments on this post. TrackBack URI

Leave a comment

You must be logged in to post a comment.

WPMU Theme pack by WPMU-DEV.