волан






         

октомври 27, 2007

Скијачкиот центар – Кожуф … Ski centar Kozuf …

Filed under: пари — волан @ 12:02 pm

 

Во сивилото на случувањата во МК … Градбата на скијачкиот центар Кожуф е една од ретките светли точки … Оваа година поминав еден дел од летото на Тиквешко езеро … Имав неколку промотивни постови за тоа. Видете линкови 1, 2, 3 ,4 , 5, 6, 7 ,8 , 9 ,… и уште неколку пишани но необјавени стории за Тиквешко и околината …

Golubcinja (Large).jpg

 Ribari na tikvesko (Large).jpg

 Tikvesko-miks-suton-1.jpg

 P8090046.JPG

 Tikvesko-miks-suton-2.jpg

Погоре Ви дадов дел од една фотогалерија која ја правев со мојата камера … Ги одмарав очите во далечините на Кожуф … мирната езерска вода … тивкото ветре … многуте и ретки птици кои егзистираат сдамо во најчисти екосредини …

Некако мечтаев да појдам во прошетка со чамец долг езерото … до познатиот Манастир … до другите карпести манастири кои се бројни во регионот … до почетокот на езерото каде се изградени прекрасни куќи …

Сликата “http://www.skikozuf.com.mk/images/fotografii/galerii/07.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

… и од каде почнува идниот скијачки центар … но ете не бидна не појдов … можеби зимава ке искористам еден викенд во промотивна фото сесија на новиот скијачки центар “Кожуф“ кој што се најавува веќе неколку години …  

Деновиве некако неприметно се пласираат вестите дека е при крај завршувањето на новата жичара во Скојачкиот центар Кожуф … проектот за жичарата “шестосед“ го изведува швајцарската легенда Енгелхард Пергаци и неговата компанија „Хелог хелисвис“ …

Отприлика треба вака да изгледа жичарата кога ке биде во фунција … како долните две фотки …

со што Скојачкиот центар Кожуф ке се израмни со подолу наведените скијачки центри кои имаат вакви ски лифтови …

8-CLD-B-S "Schnee-Express", Austria
8-CLD-B-S "Steinplatte", Austria
8-CLD-B "Prodalp-Prodkamm", Switzerland
8-CLD "Sallent", Spain
8-CLD "Tommeuses", Tignes, France
8-CLD "Grands Vans", Flaine, France
8-CLD "Höllboden", Ischgl, Austria
8-CLD "Europa 8", Hundfjället, Sweden
6-CLD-B-S "Malbun – Täli", Liechtenstein
6-CLD-B-S "Gernkogel", Austria
6-CLD-B "Hochmoosexpress", Austria
6-CLD-B "Rifugio Graffer", Madonna di Campiglio, Italy
6-CLD-B "Gamsjet", Lermoos, Austria
6-CLD-B "Nachtweide", Ischgl, Austria
6-CLD-B "Kriegerhorn", Lech, Austria
6-CLD-B "Bettmeralp-Schönbiel", Bettmeralp, Switzerland
6-CLD-B "Spacejet 2", Flachau, Austria
6-CLD-B "Hasensprung", Lech, Austria
6-CLD-B "Zwerenalpbahn", Riezlern, Austria
6-CLD-B "Val Federia – Salin", Livigno, Italy
6-CLD-B "Sonnenkar", Garmisch-Partenkirchen, Germany
6-CLD-B "Gerent"
6-CLD-B "Ruka Express", Finland
6-CLD "Espelunciecha", Spain
6-CLD "Kotelnica V", Poland
6-CLD "Les Fonts", Andorra
6-CLD "Tichots", France
4-CLD-B "Suttenbahn", Spitzingsee, Germany
4-CLD-B "Gora Belaya", Russia
4-CLD-B "Passo San Pellegrino", Moena
4-CLD "Symphony Express", Canada
4-CLD "Schoolyard Express", Mammoth Mountain, USA
4-CLD "Hidden Lake", USA
4-CLD "Kazan 1", Kazan, Russia
4-CLD "Palenica", Rytro, Poland
4-CLD "Wildwood", ID, USA

….

Сликата “http://www.skikozuf.com.mk/images/novi_fotografii/dobredojdovte.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Сликата “http://www.skikozuf.com.mk/images/novi_fotografii/proekt.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Предложениот развоен план за ски центарот се однесува на целогодишниот центар кој воедно вклучува и урбана зона со повеќе од 1000 куќи, како и ски центар во регионот на планината Кожуф на локалитетот Момина Чука, 500 м одалечено од  Зелен брег,  на надморска височина од 2200 м.  Во рамките на посетувалиштето ќе биде вклучено :

  • инсталaција на нови ски лифтови
  • урбан комплекс
  • хотели
  • центар за конференции
  • трговски продажен мултимедијален центар
  • ресторани,ноќни клубови,барови,казино
  • вештачко езерo

“Ски центар Кожуф АД” преку директна инвестиција осигурала 54 хектари приватно земјиште, одобрување за урбана поделба, и развој на реоните; 500 хектари со амфитеатрална конфигурација и околни области за ексклузивна намена; права на употреба на природните извори на вода. Снабдувањето со вода и електрична енергија во центарот овозможено е преку сопствени генератори.

Во план е да се започне со развој на објектите во центарот на планината Кожуф и да се изгради центар со 5 ѕвезди кој ги вклучува сите услуги, ставајќи акцент  на урбаниот развој како и развој на ски центарот преку летно – зимските спортски активности и активностите од културно забавниот живот.

Комплексот кој вклучува повеќе услови е лоциран на планината Кожуф, на надморска височина од 1500-1700 м, на локалитетот Момина чука  со планински врв Зелен брег – на висина од 2208 м, а на 100 м одалеченост од Грчката граница. Комплексот  се наоѓа на 33 км одалеченост од Гевгелија, 148 км од Скопје, 99 км од Солун, 118 км од аеродромот во Солун.

Во моментов на располагање е асфалтиран пат во должина во 19 км од Гевгелија до с.Коњско, како и недовршен пат од 1,5 км до туристичката населба Смрдлива вода, а во изградба е нов пат во должина со 13 км, кој ќе се протега од Смрдлива вода до комплексот (проект поддржан од владата преку фондот за патишта).

Природните услови при развојот на овој  комплекс се: теренската конфигурација на која се конструира ски центарот, природната изложеност на ски терените, постапност на терените, климатските услови и расположливите природни извори на вода.

Викенд куќите се наоѓаат на 1500-1700 м надморска височина, ски падините започнуваат на 1500 м и се протегаат до 2200 м надморска височина. Овие куќи ќе бидат изградени на рамна површина, делумно пошумена со ретка вегетација .
Ски патеките ќе бидат одредени  на површина поголема од 1200 хектари кои не се пошумени. Самата амфитеатрална поставеност на теренот свртен кон север дава услови за квалитетен количински снег во траење од пет месеци во една сезона.
Планината Кожуф е првата природна бариера на републиката која дирекно ги поднесува влијанијата на медитеранската и континеталната клима која надоаѓа од егејско море (35км воздушно), а како последица на ова, во периодот од мај до октомври има обилни врнежи, додека во период од ноември до април има снежни врнежи кои прекриваат 150 см во зимскиот период.

Услови на снег
Врз основа на периодичните мерења кои биле извршени во изминатите 8 години, можат да се изнесат просечни податоци за условите на снег на локалитетот Ски центар Кожуф. Првите снежни падежи започнуваат во ноември, многу поретко во октомври, и снежната покривка се задржува до средината на април а во поретки случаеви до првите 10 дена од месец мај. Падежи на влажен снег се типични за ноември и март, додека падежи на сув и полусув снег се типични за останатите месеци. Бидејќи целиот ски центар е со северна изложеност има услови да се задржи квалитетот на снегот.
Резултатите  се одредени според   месеците и надморска височина.

Табеларен приказ на снежната покривка

 

1550-1850м/надморска
височина

1850-2200м/надморска височина

НОЕМВРИ

35 см

45 см

ДЕКЕМВРИ

 50см

 60 см

ЈАНУАРИ

90 см

120 см

ФЕВРУАРИ

120 см

250 см

МАРТ

90 см

120 см   

АПРИЛ

30 см

70 см

Сликата “http://www.skikozuf.com.mk/images/novi_fotografii/aktivnosti.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

СКИЈАЊЕ

Ски Кожуф е дестинација која можеме да ви ја понудиме за целосно уживање и рекреација.
Условите кои ги пружа овој планински масив се благонаклонети а нивната единственост се должи на совршената местоположба со северна изложеност што резултира со квалитетна и долготрајна снежна прекривка погодна како за препарирање на ски патеки така и за “freeriding”.
Ски Кожуф се простира на површина од 1000 хектари, од кои препарираните  патеки покриваат само 65 км:

  • 20 км патеки за почетници
  • 30 км патеки за искусни скијачи
  • 10 км и повеќе за професионални скијачи   

ГОЛФ

Терените на Кожуф планирани за голф се пространи и рамни, што совршено одговара за оваа игра. Бидејќи оваа активност е исклучиво застапена во летната сезона, планината Кожуф ви нуди одлична комбинација на медитеранска и континентална клима што подразбира умерени температури и мирис што провејува од егејското
море.

Во план се повеќе турнири во професионален, аматерски, женски и јуниор голф.

ПЛАНИНСКИ ВЕЛОСИПЕДИЗАМ
     
Терените на Кожуф се голем предизвик за овој вид активност поради својата сува, нерамна површина и рустичните пејсажи кои го урамуваат овој прекрасен планински предел.

ПЕШАЧЕЊЕ

Пешачењето е добра и корисна активност за луѓе на секоја возраст. Може да се сфати како спорт, но и како посветување повеќе време на сопствената физичка активност и телесна форма, и истовремено уживање со сите сетила во пејсажите и природата која е нескромно да се каже дека е неодолива во секој дел од масивот Кожуф. Изборот на време и место за пешачење е индивидуален, но можностите се неограничени.

Ски Кожуф ќе организира еднодневни и дводневни екскурзии со пространост на патеки во должина од над 100 км.
Во некои од дводневните екскурзии е опфатено и кампување или ноќевање во некое од бачилата.

  • Организирана еднодневна прошетка низ буковата шума и високите голи предели на Кожуф.
  • Дводневна екскурзија со посета на еко фармата “фарма Наков” и посета на околните бачила со организирана дегустација на природно еколошки млечни производи од козјо и овчјо млеко.
  • Тродневна ексурзија со посета на околните реки Дошница и Бошава украсени со атрактивни водопади, како и излет на вештачкото езеро со кампување во близина на ски центарот.

ЈАВАЊЕ
                                               
Географската положба на Кожуф нуди големи можности за организирано јавање и истовремено уживање во природната убавина на планината и добрата клима. За оваа активност, Ски Кожуф нуди повеќе патеки кои заедно опфаќаат 140 км површина.

Предвидени се дводневни и тродневни екскурзии кои ќе се организираат во зависност од желбата и подготвеноста на посетителите.
Атрактивни локации кои ќе бидат посетени:

  • многубројни патеки кои поминуваат низ богати прашуми, од кои најпознатата е наречена Морето.  Оваа екскурзија е со траење од два дена и во должина од околу 20 км.
  • тродневна екскурзија со посета на околните реки Дошница и Бошава и излет на вештачкото езеро со кампување во близина на ски центарот.
  • дводневни екскурзии со посета на некогашните воени патеки каде има остатоци од калдрма направена за време на Втората светска војна.

Оваа екскурзија нуди неповторливо чувство на пространост од каде на висина од над 1800м ќе го имате на дланка  целото Егејско море.

  • двоневна екскурзија со посета на еко фармата “фарма Наков” и посета на околните бачила со организирана дегустација на природно еколошки млечни производи од козјо и овчјо млеко.

РИБОЛОВ
                   
Планината Кожуф може да ликува со целата своја природна убавина, прекрасните зелени површини во летниот период, расцутените ливади како и ладните, сјајни, бистри реки украсени со мали водопади во длабочината на гората.

Секој страствен риболовец не би можел да одолее на мирот кој ќе го почувствува на бреговите на реката Дошница која се протега преку планината Кожуф, украсувајќи го целиот појас до Демир Капија, преплавена со реткиот вид на “поточна пастрмка”, и уживањето во прекрасниот спој на медитеранска и контитнентална клима која провејува со мирис од егејското море.

Во подножјето на планината Кожуф се наоѓа и реката Бошава, десна притока на Вардар, која го проткајува градот Кавадарци. Оттука може да скокнете и до Тиквешко езеро кое по површина е најголемо вештачко езеро во Македонија, и се крие во кањонот на реката Црна, а во неговите сребрени води можете да најдете разни видови слатководна риба: сом, крап и легла.

Вештачко езеро ќе биде направено и во непосредна близина на Ски Кожуф кое ќе биде збогатено со разни видови на слатководна риба, со цел да се овозможи риболовот како спорт, уживање и рекреација.

ПАРАГЛАЈДИНГ                               

Од екстремен спорт се развил во автентичен спорт кој се практикува секаде во светот, со разни техники и нови можности за пореално и послободно едрење со часови (се однесува на поголеми далечини) преку планини и водни површини.
Самата конфигурација на планината Кожуф поделена на повеќе амфитеатри, нуди поволни услови за безбедно и атрактивно едрење.

Во овој простор се присутни стабилни термички столбови и поволна роза на ветрови, константен челен ветер за едрење кој е повеќе присутен како во летниот така и во зимскиот период.

Погодните и складни терени на Кожуф овозможуваат безбедно полетување и слетување, како и одредени места за принудно слетување

КАЧУВАЊЕ ПО КАРПИ

Меѓу планинските спортови качувањето по карпи е, без сомнение, најризичен и најкомплициран. Со комбинирање на техника, опрема и добра физичка кондиција, предизвикот во планинарењето е во можноста и издржливоста на човекот.
Магијата која ја кријат планините може да се почувствува најинтензивно со овој спорт и токму затоа многу луѓе се импресионирани од доживувањата кои ги искусуваат.

Ски Кожуф нуди локации погодни за ваков вид на спорт од кои најголем предизвик можете да најдете при искачување на врвот Кечи Каја , еден од најнедостижните врвови на планината Кожуф.
Комбинација на уживање во прекрасната елова шума и стрмните карпести предели ќе стекнете при искачување на врвот Момина чука каде што како награда ќе можете да се напиете од срцето на ладните бистри извори.  

Во суштина, овој спорт вреди за сите жртвувања и ризици кои му се припишуваат, бидејќи самиот контакт со планините, соочувањето сам со себе, тимската соработка, чувството на слобода и понизност кое ни го оддава планината е дефинитивно само награда

ВИКЕНД КУЌИ …

Во рамките на областа предвидена за викенд населба, која се простира на 371.500 m2 ќе се изградат куќи, бунгалови и апартмани за продажба, изнајмување и времено сместување.
Земјиштето/плацот околу секоја куќа е од 295-500 m2 ,а вкупниот број на куќи е 710.

Секоја изградена куќа, заедно со плацот ќе биде продадена индивидуално по цена која ќе биде формирана во зависност од изборот на уредување – 2 или 3 собни , а дел од куќите ќе бидат во сопственост на компанијата и ќе се издаваат или продаваат и на меѓународно ниво.

Сликата “http://www.skikozuf.com.mk/images/fotografii/galerii/vikendicki/09.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Сликата “http://www.skikozuf.com.mk/images/fotografii/galerii/vikendicki/10.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Сликата “http://www.skikozuf.com.mk/images/fotografii/galerii/vikendicki/12.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Сликата “http://www.skikozuf.com.mk/images/novi_fotografii/vikend_kuki2.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Еве уште неколку фотки … се разбира позајмени се во функција на промоција на Ски центарот Кожуф …

Сликата “http://www.skikozuf.com.mk/images/fotografii/galerii/01.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Сликата “http://www.skikozuf.com.mk/images/fotografii/galerii/02.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Сликата “http://www.skikozuf.com.mk/images/fotografii/galerii/04.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Сликата “http://www.skikozuf.com.mk/images/fotografii/galerii/05.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Сликата “http://www.skikozuf.com.mk/images/fotografii/galerii/09.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

 

Сликата “http://www.skikozuf.com.mk/images/fotografii/galerii/10.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Сликата “http://www.skikozuf.com.mk/images/fotografii/galerii/12.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Ски центар Кожуф АД
A: ул."29 Ноември" бр. 42 – 2/1 1000 Скопје
T: 02 3290 603/ 3290 125 Ф: 02 3290 125

marketing@skikozuf.com.mk
prodazba@skikozuf.com.mk


 
  
 



No Comments »

  1. Официјалната страна е најверојатно http://www.skikozuf.com.mk ама има и http://www.skikozuf.com. Е на оваа вторава насекаде пишува ФИРОМ, неразбирам зошто, ама си пукаме во нога.

      gnuYou — април 23, 2014 @ 11:20 am

  2. Едвај чекам да го видам скијачкиот центар.Го најавуваат ко нешто бомбастично.Да видам да не верувам.За сега уште Копаоник ми е на прво место да почнам од стази,инфраструктура,забава за секоја возраст,лепота од планина.

      cOOOkbOOOk — април 23, 2014 @ 11:20 am

  3. уште хотелите да ги изградат, и супер сме :)

      виолетова — април 23, 2014 @ 11:20 am

  4. cOOOkbOOOk

    Истражував по интернет и одвреме навреме прави рефреш на постов … доставам содржини … ке објавам во кометар кога ке биде постот целосно готов …

      волан — април 23, 2014 @ 11:20 am

  5. Добро изгледа.Мене лично ми фалаат борови и зимзелени дрва.Многу ми е голо.
    Ке правам рефреш.Приметив дека ставаш други слики.

      cOOOkbOOOk — април 23, 2014 @ 11:20 am

  6. Прекрасно, едвај чекам да го видам.

      rus — април 23, 2014 @ 11:20 am

  7. Изгледа одлично, само да не биде ски карта да чини колку пансион во хотел. Ако знаеш кажи ми колку точно изнесуваат ски патеките 65км како што имаш напишано или 40км како што е на цртежот со означените патеки.
    Поздрав!

      Arijana — април 23, 2014 @ 11:20 am

  8. Најпосле и ние ќе имаме нешто со светски квалитет. Едвај чекам да го видам.

      Gringo de Sousa — април 23, 2014 @ 11:20 am

  9. МОНТИРАНА ШЕСТОСЕДЕЧКА ЖИЧНИЦА НА НОВИОТ СКИ ЦЕНТАР
    На Кожуф ќе се скија во декември
    За годинашнава скијачка сезона, според проект менаџерот Ангел Наков, ќе се стават во функција два до три ресторани и, иако се уште нема сместувачки капацитети, на скијачите ќе им се овозможи дневно промотивно скијање …
    Вест-Година: 7 Број:2206 Сабота 10/27/2007

      волан — април 23, 2014 @ 11:20 am

  10. Промотивно скијање на Ски центарот Кожуф
    За една недела почнува интензивна градежна сезона вредна 12 милиони евра.

    Погледај има репортажа …

    *** Написот е стар но содржи линк за ланското промотивно скијање … видео материјал … дваесетина минути …

      волан — април 23, 2014 @ 11:20 am

  11. СКИ-ЦЕНТАРОТ СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ТУРИСТИ

    На Кожуф се монтира шестоседна жичница

    Во почетокот на декември се очекува да почне скијањето на Кожуф, каде што деновиве швајцарска фирма со хеликоптер ја поставува жичницата, која ќе биде прва од таков вид на Балканот
    Дневник- сабота, 27 октомври 2007

      волан — април 23, 2014 @ 11:20 am

  12. Кожуф – скијачки центар

    Кожуф – 01. Јануари 2007
    Вистински зимски рај
    Кожуф планина е последниот еколошки бисер на Балканот.
    Во нејзините пазуви се гради еден од најголемите скијачки центри.

    Ски центарот Кожуф-своевидна туристичка атракција.

    Инвеститорите очекуваат за време на викендите прилив на десетина илјади туристи само од Грција.

      волан — април 23, 2014 @ 11:20 am

  13. Преубаво!
    Колку само капитал ќе носи овој ски-центар. Чинам оти ќе биде најјужен во Европа (доколку шпанските не се појужно). Блискоста со Медитеранот, близината на Солун, горе-долу добрата патна поврзаност со централна Европа…
    Аеродромот „Александар Велики“ треба да се спрема за двојно поголем прилив на патници догодина.
    Одлично!

      MastermindMK — април 23, 2014 @ 11:20 am

  14. Иако има уште прекрасни фотки … доста е тука ке прекинам …

    Се надевам Ви го разубавив денот во ова сивило на случувања …

      волан — април 23, 2014 @ 11:20 am

  15. Море имало и борчиња.
    Ми го разубави денот дефинитивно.Едвај чека да го посетам КОжув.
    Викендичкиве се бомбона.

      cOOOkbOOOk — април 23, 2014 @ 11:20 am

  16. мене ми се допаѓа што викендичките планира организаторот да ги гради, па нема да биде шаренило од куќи

      виолетова — април 23, 2014 @ 11:20 am

  17. cOOOkbOOOk

    Тоа се кукички кои се продаваат за на Кожуф како предлог решенија … дали веќе дел од вакви објекти се изградени … не сум сигурен …

    Прочитав дека сеуште нема ВИП личности кои купиле таму плац … Локацијата е пред се наменета за Зимски туризам … но и за летен … поради близината на Грција се очекува Грците да бидат главните купци …

    Македонија инвестираше во изградба на пристапните патишта … а се останато е приватна инвестиција …

    Овој проект е актуелизиран одкако Шапка стана повеќе трениг центар на некои други “скијачи“ … откога Маврово – подклекнува од слични “скијачки активности“ …

    Битола, Крушево и Берово немаат вакви можности …

      волан — април 23, 2014 @ 11:20 am

  18. Скијачкиот центар „Кожуф“ ќе стартува на 8 декември

    Монтирањето на жичницата е при крај, а се гради и пристапниот пат од гевгелиска страна
    Само годинава во ски-центарот „Кожуф“ ќе се инвестираат девет милиони евра во три крупни инфраструктурни објекти: далновод, шестоседечка жичница и пристапен пат

    АНГЕЛ ДАНОВ
    Утрински-Брoj 2519 сабота, 27 октомври 2007

    *** Овој напис ми беше инспирација за мојот напис …

      волан — април 23, 2014 @ 11:20 am

  19. В сабота промотивно скијање на Кожуф

    До најновиот скијачки центар може да се стигне само од гевгелиска страна

    Промотивното скијање на Кожуф првиот ден ќе биде бесплатно за сите посетители, а инаку ќе може да се скија од четврток до крајот на викендот
    Утрински-Брoj 2565 четврток, 20 декември 2007

      волан — април 23, 2014 @ 11:20 am

  20. Ај да се организираме и да појдеме на скијање.

      cOOOkbOOOk — април 23, 2014 @ 11:20 am

  21. cOOOkbOOOk

    Бидејки те бива за организаторски ствари пиши пост … јас ке се приклучам … колку би било убаво малку планински воздух да не фати …

    Блогери на Кожуф … супер идеја …

      волан — април 23, 2014 @ 11:20 am

  22. Ај после блогерската таман распуст па сите на кожуф.
    да не ни се фати многу организации и на крај ништо.

      cOOOkbOOOk — април 23, 2014 @ 11:20 am

  23. Одвај го чекам и јас да го пробам. Годинава за жал, ваму локално, Копанки нема да работи. А Кожув би требало да е супститут за Шапка, која после две-три години, веројатно повторно ќе остане пуста.
    Куки,.. здравје боже, годинава се спремам за Копаоник.

      E-Lаdy — април 23, 2014 @ 11:20 am

  24. Сега прочитав за пробното скијање на 26ти.
    Вие не знам,.. но јас знам дека викендот пред нова година ќе одам и ќе скијам :-)

      E-Lаdy — април 23, 2014 @ 11:20 am

  25. Е лајди,нема да зажалиш ама баш ИЧ.Моја нај омилена планина за скијање и друге ствари.

      cOOOkbOOOk — април 23, 2014 @ 11:20 am

  26. Знам Куки, фала.. макар да за човек од мој калибар се пасува. Нека има само снег како што треба годинава..Скијање и зима сакам над се.

    Пред 3 години максимум ми е 45 дена на снег во сезоната, ама со возење локално и на еден ден.

      E-Lаdy — април 23, 2014 @ 11:20 am

  27. Време, број 1267, 08.01.2008
    ШТО НУДИ НОВИОТ ЗИМСКИ ЦЕНТАР КОЖУФ?
    Скијање со поглед на Егејско Море

    ** Со снежна покривка од седумдесетина сантиметри во просек, со првата шестоседна жичница на Балканот и со два скилифта, најновиот македонски зимски центар нуди одлични услови не само за скијање, туку и за планински туризам во текот на целата година. Скијачите се особено воодушевени што кога времето е чисто, додека скијаат по планинските сртови можат да ги гледаат Егејското Море и градот Солун, кои се оддалечени само шеесетина километри од центарот.

      волан — април 23, 2014 @ 11:20 am

  28. Волан, ти излезе пошетан од мене…И јас не сум била на Ски Центарот, инаку службено соработувам со нив…Ова во поверење, плацовите за викендички најмногу ги купуваат грците. А езерото е прекрасно, и таму не сум била одамна…

    Поздрав.

      KLIKER — април 23, 2014 @ 11:20 am

  29. KLIKER

    Убав е вашиот тиквешки крај признавам … ме плени и мами …

      волан — април 23, 2014 @ 11:20 am

  30. Ски-центарот „Кожуф“ се подготвува за претстојната сезона
    Утрински-Број 2839 понеделник, 17 ноември 2008

    ** Досега се инвестирани над 17 милиони евра, а за идната година се планирани инвестиции од 24 милиони евра
    - На планината Кожуф никнува најмодерниот, најголем и најсовремен скијачки центар на Балканот
    - изградени се два нови ски-лифта и првпат на Балканот оваа сезона на ски-центарот „Кожуф“ ќе биде пуштен систем за производство на технолошки снег со кој ќе биде покриена една скијачка патека во должина од 2 км и во ширина од 50 м
    - Претстојната сезона љубителите на скијањето и на природните убавини ќе можат да стигнат до скијачкиот центар по целосно асфалтиран пат, кој со сопствени средства го асфалтира компанијата „Ски Кожуф“
    - финализира изградбата на првиот приватен хотел што ќе ги отвори вратите за гостите кои оваа зима ќе го посетат Кожуф …

      волан — април 23, 2014 @ 11:20 am

  31. Официјалната страна е најверојатно http://www.skikozuf.com.mk ама има и http://www.skikozuf.com. Е на оваа вторава насекаде пишува ФИРОМ, неразбирам зошто, ама си пукаме во нога.

      gnuYou — април 23, 2014 @ 11:20 am

  32. Едвај чекам да го видам скијачкиот центар.Го најавуваат ко нешто бомбастично.Да видам да не верувам.За сега уште Копаоник ми е на прво место да почнам од стази,инфраструктура,забава за секоја возраст,лепота од планина.

      cOOOkbOOOk — април 23, 2014 @ 11:20 am

  33. уште хотелите да ги изградат, и супер сме :)

      виолетова — април 23, 2014 @ 11:20 am

  34. cOOOkbOOOk

    Истражував по интернет и одвреме навреме прави рефреш на постов … доставам содржини … ке објавам во кометар кога ке биде постот целосно готов …

      волан — април 23, 2014 @ 11:20 am

  35. Добро изгледа.Мене лично ми фалаат борови и зимзелени дрва.Многу ми е голо.
    Ке правам рефреш.Приметив дека ставаш други слики.

      cOOOkbOOOk — април 23, 2014 @ 11:20 am

  36. Прекрасно, едвај чекам да го видам.

      rus — април 23, 2014 @ 11:20 am

  37. Изгледа одлично, само да не биде ски карта да чини колку пансион во хотел. Ако знаеш кажи ми колку точно изнесуваат ски патеките 65км како што имаш напишано или 40км како што е на цртежот со означените патеки.
    Поздрав!

      Arijana — април 23, 2014 @ 11:20 am

  38. Најпосле и ние ќе имаме нешто со светски квалитет. Едвај чекам да го видам.

      Gringo de Sousa — април 23, 2014 @ 11:20 am

  39. МОНТИРАНА ШЕСТОСЕДЕЧКА ЖИЧНИЦА НА НОВИОТ СКИ ЦЕНТАР
    На Кожуф ќе се скија во декември
    За годинашнава скијачка сезона, според проект менаџерот Ангел Наков, ќе се стават во функција два до три ресторани и, иако се уште нема сместувачки капацитети, на скијачите ќе им се овозможи дневно промотивно скијање …
    Вест-Година: 7 Број:2206 Сабота 10/27/2007

      волан — април 23, 2014 @ 11:20 am

  40. Промотивно скијање на Ски центарот Кожуф
    За една недела почнува интензивна градежна сезона вредна 12 милиони евра.

    Погледај има репортажа …

    *** Написот е стар но содржи линк за ланското промотивно скијање … видео материјал … дваесетина минути …

      волан — април 23, 2014 @ 11:20 am

  41. СКИ-ЦЕНТАРОТ СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ТУРИСТИ

    На Кожуф се монтира шестоседна жичница

    Во почетокот на декември се очекува да почне скијањето на Кожуф, каде што деновиве швајцарска фирма со хеликоптер ја поставува жичницата, која ќе биде прва од таков вид на Балканот
    Дневник- сабота, 27 октомври 2007

      волан — април 23, 2014 @ 11:20 am

  42. Кожуф – скијачки центар

    Кожуф – 01. Јануари 2007
    Вистински зимски рај
    Кожуф планина е последниот еколошки бисер на Балканот.
    Во нејзините пазуви се гради еден од најголемите скијачки центри.

    Ски центарот Кожуф-своевидна туристичка атракција.

    Инвеститорите очекуваат за време на викендите прилив на десетина илјади туристи само од Грција.

      волан — април 23, 2014 @ 11:20 am

  43. Преубаво!
    Колку само капитал ќе носи овој ски-центар. Чинам оти ќе биде најјужен во Европа (доколку шпанските не се појужно). Блискоста со Медитеранот, близината на Солун, горе-долу добрата патна поврзаност со централна Европа…
    Аеродромот „Александар Велики“ треба да се спрема за двојно поголем прилив на патници догодина.
    Одлично!

      MastermindMK — април 23, 2014 @ 11:20 am

  44. Иако има уште прекрасни фотки … доста е тука ке прекинам …

    Се надевам Ви го разубавив денот во ова сивило на случувања …

      волан — април 23, 2014 @ 11:20 am

  45. Море имало и борчиња.
    Ми го разубави денот дефинитивно.Едвај чека да го посетам КОжув.
    Викендичкиве се бомбона.

      cOOOkbOOOk — април 23, 2014 @ 11:20 am

  46. мене ми се допаѓа што викендичките планира организаторот да ги гради, па нема да биде шаренило од куќи

      виолетова — април 23, 2014 @ 11:20 am

  47. cOOOkbOOOk

    Тоа се кукички кои се продаваат за на Кожуф како предлог решенија … дали веќе дел од вакви објекти се изградени … не сум сигурен …

    Прочитав дека сеуште нема ВИП личности кои купиле таму плац … Локацијата е пред се наменета за Зимски туризам … но и за летен … поради близината на Грција се очекува Грците да бидат главните купци …

    Македонија инвестираше во изградба на пристапните патишта … а се останато е приватна инвестиција …

    Овој проект е актуелизиран одкако Шапка стана повеќе трениг центар на некои други “скијачи“ … откога Маврово – подклекнува од слични “скијачки активности“ …

    Битола, Крушево и Берово немаат вакви можности …

      волан — април 23, 2014 @ 11:20 am

  48. Скијачкиот центар „Кожуф“ ќе стартува на 8 декември

    Монтирањето на жичницата е при крај, а се гради и пристапниот пат од гевгелиска страна
    Само годинава во ски-центарот „Кожуф“ ќе се инвестираат девет милиони евра во три крупни инфраструктурни објекти: далновод, шестоседечка жичница и пристапен пат

    АНГЕЛ ДАНОВ
    Утрински-Брoj 2519 сабота, 27 октомври 2007

    *** Овој напис ми беше инспирација за мојот напис …

      волан — април 23, 2014 @ 11:20 am

  49. В сабота промотивно скијање на Кожуф

    До најновиот скијачки центар може да се стигне само од гевгелиска страна

    Промотивното скијање на Кожуф првиот ден ќе биде бесплатно за сите посетители, а инаку ќе може да се скија од четврток до крајот на викендот
    Утрински-Брoj 2565 четврток, 20 декември 2007

      волан — април 23, 2014 @ 11:20 am

  50. Ај да се организираме и да појдеме на скијање.

      cOOOkbOOOk — април 23, 2014 @ 11:20 am

  51. cOOOkbOOOk

    Бидејки те бива за организаторски ствари пиши пост … јас ке се приклучам … колку би било убаво малку планински воздух да не фати …

    Блогери на Кожуф … супер идеја …

      волан — април 23, 2014 @ 11:20 am

  52. Ај после блогерската таман распуст па сите на кожуф.
    да не ни се фати многу организации и на крај ништо.

      cOOOkbOOOk — април 23, 2014 @ 11:20 am

  53. Одвај го чекам и јас да го пробам. Годинава за жал, ваму локално, Копанки нема да работи. А Кожув би требало да е супститут за Шапка, која после две-три години, веројатно повторно ќе остане пуста.
    Куки,.. здравје боже, годинава се спремам за Копаоник.

      E-Lаdy — април 23, 2014 @ 11:20 am

  54. Сега прочитав за пробното скијање на 26ти.
    Вие не знам,.. но јас знам дека викендот пред нова година ќе одам и ќе скијам :-)

      E-Lаdy — април 23, 2014 @ 11:20 am

  55. Е лајди,нема да зажалиш ама баш ИЧ.Моја нај омилена планина за скијање и друге ствари.

      cOOOkbOOOk — април 23, 2014 @ 11:20 am

  56. Знам Куки, фала.. макар да за човек од мој калибар се пасува. Нека има само снег како што треба годинава..Скијање и зима сакам над се.

    Пред 3 години максимум ми е 45 дена на снег во сезоната, ама со возење локално и на еден ден.

      E-Lаdy — април 23, 2014 @ 11:20 am

  57. Време, број 1267, 08.01.2008
    ШТО НУДИ НОВИОТ ЗИМСКИ ЦЕНТАР КОЖУФ?
    Скијање со поглед на Егејско Море

    ** Со снежна покривка од седумдесетина сантиметри во просек, со првата шестоседна жичница на Балканот и со два скилифта, најновиот македонски зимски центар нуди одлични услови не само за скијање, туку и за планински туризам во текот на целата година. Скијачите се особено воодушевени што кога времето е чисто, додека скијаат по планинските сртови можат да ги гледаат Егејското Море и градот Солун, кои се оддалечени само шеесетина километри од центарот.

      волан — април 23, 2014 @ 11:20 am

  58. Волан, ти излезе пошетан од мене…И јас не сум била на Ски Центарот, инаку службено соработувам со нив…Ова во поверење, плацовите за викендички најмногу ги купуваат грците. А езерото е прекрасно, и таму не сум била одамна…

    Поздрав.

      KLIKER — април 23, 2014 @ 11:20 am

  59. KLIKER

    Убав е вашиот тиквешки крај признавам … ме плени и мами …

      волан — април 23, 2014 @ 11:20 am

  60. Ски-центарот „Кожуф“ се подготвува за претстојната сезона
    Утрински-Број 2839 понеделник, 17 ноември 2008

    ** Досега се инвестирани над 17 милиони евра, а за идната година се планирани инвестиции од 24 милиони евра
    - На планината Кожуф никнува најмодерниот, најголем и најсовремен скијачки центар на Балканот
    - изградени се два нови ски-лифта и првпат на Балканот оваа сезона на ски-центарот „Кожуф“ ќе биде пуштен систем за производство на технолошки снег со кој ќе биде покриена една скијачка патека во должина од 2 км и во ширина од 50 м
    - Претстојната сезона љубителите на скијањето и на природните убавини ќе можат да стигнат до скијачкиот центар по целосно асфалтиран пат, кој со сопствени средства го асфалтира компанијата „Ски Кожуф“
    - финализира изградбата на првиот приватен хотел што ќе ги отвори вратите за гостите кои оваа зима ќе го посетат Кожуф …

      волан — април 23, 2014 @ 11:20 am

RSS feed for comments on this post. TrackBack URI

Leave a comment

You must be logged in to post a comment.

WPMU Theme pack by WPMU-DEV.