волан






         

август 26, 2009

Google конечно прозборе и на Македонски – Macedonian …

Filed under: интернет — волан @ 10:43 pm

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/GT-1.jpg?t=1251315449
Од 24 Август Google конечно „прозборе“ и на англиски, т.е на 50 други горенаведени јазици …
Повеќе » 
На 16 Мај оваа година имав напис дека Македонскиот јазик е во црна дупка на светските интернет пребарувачи. Тогаш искритикував дека никој од нашите авторитети не е заинтересиран за ваква крупна придобивка … За среќа на сите нас Google сето ова го работи заради свои профитни интереси и престиж и од 25 август 2009 и Македонскиот јазик е уврстен во листата со 50 други јазици за меѓусебен превод со што МК јазик влегува на широка врата на листата на светските јазици …

Како работи Google Translate? … За ова најдобро ке дознаете ако просурфате на интернет – доволно ке биде да појдете и на страницата на Google Translate на Википедија

  • Google Translate, like other automatic translation tools, has its limitations. While it can help the reader to understand the general content of a foreign language text, it does not always deliver accurate translations. Some languages produce better results than others.
  • Google translate is based on an approach called statistical machine translation, and more specifically, on research by Franz-Josef Och who won the DARPA contest for speed machine translation in 2003.
  • To acquire this huge amount of linguistic data, Google used United Nations documents.

– Во прва фаза вклучени се Англиски, Француски, Германски и Шпански.
– Во втора фаза вклучен е Португалски
– Во трета фаза Италијански
– Во четврта фаза вклучен е Кинески, Јапански, Корејски
– Во пета фаза (декември 2006) вклучен е Руски
– Во шеста фаза (април 2007) вклучен е Арабски
– Во седма фаза (февроари 2007) Традиционален Кинески

– До седмата фаза преводите се од еден јазик према англискиот и обратно, дури во осмата фаза која настапува во октомври 2007 преводите се од 25 јазика сите према сите …
– Во деветата фаза додаден е Хинду
– Во десетата фаза (мај 2008) се офајдија Хрватски, Бугарски, Дански, Пољски, Румунски, Фински, Чешки. Норвешки, Шведски
– Во 11 фаза (септември 2008) додадени се Српски, Словенечки, Каталонски, Филипински, Хебрејски, Индонежански, Летонски, Литвански, Словачки, Украински и Виетнамски
– Во 12 фаза Јаноари 2009) додадени се Албански, Турски, Естонски, Галициски, Маѓарски,
Малтешки и Тајлански
– Во 13 фаза јуни 2009 додаден е персијскиот
– За конечно во 14-та фаза од 25 овој месец да се воврсти и Македонскиот јазик, заедно со Африканскиот, Белорускиот, Исланскиот, Ирскиот, Малајскиот, Свахили, Велшки и Јидиш,

Заради значењето на воврстувањето на МК јазик во Гоогле машината за преводи 2.5 до 3 милиона Македонци треба посебно да бидат радосни – бидејки ова овозможува онлајн превод не само на зборови туку и на цели интернет страници и содржини т.е. сајтови … Може да се смета дека е ова голем чекор на МК јазик и негово зајакнување, особено што Гоогле го сврстува во инает на грците како Macedonian без никакви додавки или придавки …
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/GT-2.jpg?t=1251318344
Можност и за пребарување на Македонски и Англиски т.е. на уште еден јазик од оние 50 кои се на списокот …
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/GT-3.jpg?t=1251318603
Можност вашата интернет страница инстантно да биде преведена на било кој јазик од листата на Гоогле машината за преводи …
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/GT-4.jpg?t=1251318750
Пробен превод од еден мој пост … се приметува дека полно зборови фалат, оние што се подцртани со црвено, може со ваша помош да бидат додадени во Гогле машината за преводи … се приметува истотака дека преводот не е најсјаен од граматичка страна бидејки сепак е ова само машина за автоматски превод која работи на база на законот за големите броеви и разни статистички закономерности …
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/GT-5.jpg?t=1251318994
Можност бесплатно да ги преземете Гоогле алатките …
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/GT-6.jpg?t=1251319183
Вака практички изгледа автоматскиот превод на мојот последен пост

 

НЕКА НИ Е НА СРЕЌА АВТОМАТСКИОТ ПРЕВОД НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК СО ОСТАНАТИТЕ СВЕТСКИ ЈАЗИЦИ … <!– –>



No Comments »

  1. Честито нека ни е :)

      tomi13 — април 24, 2014 @ 1:36 am

  2. само да те пофалам за сеопфатноста на постот, најдобар до сега на оваа тема… бегај од политика младичу :P многу си боље ваков ;)

      PIPO™ — април 24, 2014 @ 1:36 am

  3. PIPO

    Редовно следам што се случува а е важно од сверата на интернет …

      волан — април 24, 2014 @ 1:36 am

  4. Честито нека ни е :)

      tomi13 — април 24, 2014 @ 1:36 am

  5. само да те пофалам за сеопфатноста на постот, најдобар до сега на оваа тема… бегај од политика младичу :P многу си боље ваков ;)

      PIPO™ — април 24, 2014 @ 1:36 am

  6. PIPO

    Редовно следам што се случува а е важно од сверата на интернет …

      волан — април 24, 2014 @ 1:36 am

RSS feed for comments on this post. TrackBack URI

Leave a comment

You must be logged in to post a comment.

WPMU Theme pack by WPMU-DEV.