волан






         

јануари 14, 2010

Восочна историја

http://i234.photobucket.com/albums/ee251/djurob_bucket/09062008.jpg

Музејот на Македонската борба, Музеј на ВМРО и Музеј на жртвите од комунизмот е во завршна фаза треба да биде готов до Јуни 2009-та. Главната атракција на музејот ке бидат восочните фигури на историски личности Македонци по род кои учествувале во Македонската борба – притоа не е најбитен карактерот на оценката на историската мисла дали тие биле крвници на Македонскиот народ или луѓе со напредни идеии во градењето на соживотот во денешна мултиетничка и мултинационална Македонија. Значи во музејот ке се најдат восочни фигури и од оние историски личности од Македонски род кои досега беа оцрнувани од историската мисла.

Македонија со овој музеј отвара преширок фронт. Дали ке го издржи фронтот на нападите на своите соседи, од кои едни не ни го признаваат името поради чувството на нивна загрозеност заради божемни територијални претензии, другите не ни го признаваат јазикот и нацијата, третите прават паралелна рамковна држава во оквир на Македонија, четвртите не ни ја признаваат Црквата.

Да се потсетиме само дека Република Македонија во својот Устав не е типична национална држава туку граѓанска мултиетничка заедница во која живеат повеќе народи.

Македонија е конституирана како национална држава на македонскиот народ во која се обезбедува целосна граѓанска рамноправност и трајно сожителство на македонскиот народ со Албанците, Турците, Власите, Ромите и другите националности кои живеат во Република Македонија …

А М А Н Д М А Н IV – „Службен весник на РМ“ бр. 91/01

Граѓаните на Република Македонија, Македонскиот народ, како и граѓаните кои живеат во нејзините граници кои се дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите, преземајќи ја одговорноста за сегашноста и иднината на нивната татковина, свесни и благодарни на своите предци за жртвите и посветеноста во нивните заложби и борба за создавање самостојна и суверена држава Македонија и одговорни пред идните генерации за зачувување и развој на сé што е вредно од богатото културно наследство и соживот во Македонија, еднакви во своите права и обврски кон заедничкото добро – Република Македонија – во согласност со традицијата на Крушевската Република и одлуките на АСНОМ и на Референдумот од 8 септември 1991 година, одлучија да ја конституираат Република Македонија како самостојна, суверена држава, со намера да се воспостави и зацврсти владеењето на правото, да се гарантираат човековите права и граѓанските слободи, да се обезбеди мир и соживот, социјална правда, економска благосостојба и напредок на личниот и заедничкиот живот, преку своите претставници во Собранието на Република Македонија, избрани на слободни и демократски избори го донесуваат овој
2. Со точката 1 на овој амандман се заменува Преамбулата од Уставот на
Република Македонија.

Ке тргнам од преамбулата на Уставот на РМ и ке кажам дека Музејот на Македонската борба не е во согласност со начелата на Уставот на РМ (преамбулата) – бидејки ги дискриминира другите народи и нации кои живеат во РМ, т.е. не ги става во рамноправна положба бидејки во Музејот на Македонската борба нема место за нив. Имено како што се вели од дискусииите кои се водат околу Музејот на Македонската борба ке има место само за Македонци по род, но не како граѓани на Македонија туку како етничка компонента. Ова ке предизвика нови поделби во итака преподелена Македонија, на наши и ваши. Ке предизвика она што секогаш во Македонија е и најнегативно, внатрешна поделеност по разни ФИЛСТВА. Дали на Македонија сега тоа и е најпотребно. Ако ова се комбинира со случајот на Македоската енциклопедија која видовме како помина и со новиот изглед на Плоштадот во Скопје каде треба да никнат “Камени фигури“/споменици низ плоштатот, кој ке се претвори во своевидна алеја на великани на Македонизмот – Македонија уште долго време ке се бави со историја која предизвикува преголеми последици во Македонското општество каде не се води сметка за мултиетничкиот и мултинационалниот карактер на државата.

Да се подсетиме дека скоро, во 2001-вата имавме “мала граѓанска војна“ предизвикана од тоа дека една националност/нација не се осеќаше рамноправно во оквирот на тогашна Македонија.

Колкава корист ке има од внесувањето на Мара Бунева (лик 2, линк 3,) во Музејот на Македоската борба. Да подсетиме дека историјата се има одредено према Мара Бунева која е платеник на туѓа држава и извршила атентат по нарачка, врз главниот иследник Прелиќ кој го истражувал случајот со побунетата студенска група – која пак се залагала за припојување на Македоија кон Бугарија. Прелиќ е дојден по задача во Македонија да организира отпор против тогашниот турски режим. Тој дејствува највеќе на Скопска Црна Гора а неговиот анганжман завршува со успешно организирање на отпор против турскиот режим. Заради сето тоа Прелиќ скоро до крајот на својот живот има високи позиции во Македонија иако не е роден во Македонија, иако едно време и самиот е во немилост на српсиот режим.

Каква корист ке има од восочната фигура на Ванчо Михајлов? Најголемиот крвник во МК историја. Македонската историска мисла се има одавно одредено према оваа историска личност како негативна фигура во Македонската историја, човек кој нарача толку многу атентати врз Македонци. И да не ги бројам уште некои други восочни фигури во најава.

Поентата ми е дека овој Музеј ке допринесе за уште една длабока поделба во преподелената Македонија – ке не врати назад во историјата, а истовремено ке предизвика нерамноправност на другите народи кои живеат во Македонија. Дали концептот на овој музеј е противуставен – т.е. предизвикува чувство на нерамноправност на народите кои живеат рамноправно во Македонија. Ке покаже времето.

http://i234.photobucket.com/albums/ee251/djurob_bucket/09062008001.jpg

Гледајки ја горната слика (имвеститор е Република Македонија), сваќам зошто никој не се буни за Музејот на Албанската борба, кој сосема нелегално никна во Чаир. Сега заради рамноправност ке правиме ли музеи за секој народ кој живее во Македонија.

http://img412.imageshack.us/img412/9504/memo.jpg

  • 1. Македонска филхармонија
    2. Музеј на Холохаустот
    3. Уставен суд
    4. Стариот театар во реконструкција
    5. Музеј на Македонска борба

http://i850.photobucket.com/albums/ab67/build_mk/DSCN1427.jpg

http://i850.photobucket.com/albums/ab67/build_mk/DSCN1431.jpg

http://i35.tinypic.com/2hghber.jpg

http://i265.photobucket.com/albums/ii203/mitatos/mz-vrm.jpg

http://i265.photobucket.com/albums/ii203/mitatos/mz-t-h.jpg

  • 10 восочни фигури на познати дејци во Музејот на ВМРО Крсте Мисирков, Гоце Делчев, Методија Андонов Ченто, Јане Сандански, Павел Шатев, Христо Татарчев, Ѓорче Петров, Даме Груев, Методија Шаторов Шарло. Тие и уште 30 фигури од восок и од глина ќе бидат изложени во Музејот на ВМРО и на жртвите од комунизмот.
  • Прва изложба на восочни фигури во Македонија
  • Музејот на восочни фигури
  • Готова е восочната фигура на Гоце Делчев
  • Мара Бунева во февруари во Скопје, а по неа и Ванчо Михајлов
  • Личности што ќе се најдат во Музејот
    ГОТОВИ ФИГУРИ: Крсте Петков Мисирков, Ѓорче Петров, Славчо Ковачев, Методија Шаторов, Методија Андонов -Ченто, Јане Сандански, Павел Шатев, Александар Протоѓеров, Борис Сарафов, Арсение Јовков, Даме Груев, Димо Хаџи Димов, Никола Карев, Димитар Влахов, Христо Узунов, Питу Гули, Тодор Александров, Димитар Поп Георгиев – Беровски, Дедо Иљо Малешевски и Димитрија Чуповски. Донесени се и фигурите на Вилијам Гледсон, Васил Чакаларов, Панчо Михајлов – Чавдар и Драган Богдановски.
    ИЗРАБОТЕНИ СЕ И ШЕСТТЕ ОСНОВАЧИ НА ВМРО: Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Христо Батанџиев, Андон Димитров и Христо Татарчев.
    ГОТОВИ, СЕ ЧЕКА ДА СЕ ДОНЕСАТ ВО СКОПЈЕ: Христо Матов, Пере Тошев, Кузман Јосифовски – Питу и Лазар Трповски.
    СЕ ЛЕАТ: Страхил Гигов, Лазар Колишевски и Цветко Узунов – Абаз.
    СЛЕДНИ ФИГУРИ ШТО ЌЕ СЕ ПРАВАТ: Никола Парапунов, Панко Брашнаров, Александар Турунџиев, Петар Чаулов, Ванчо Михајлов, Сирма Војвода, Венко Марковски и Петре Пирузе.
    ФИГУРИ НА КОРЕКЦИИ: Ѓорѓи Сугаров, Диме Панџуров, Алберт Сониксен (секретар на македонскиот комитет во Њујорк, учесник во чети на ВМРО)
    НАПРАВЕНИ САМО ГЛАВИТЕ: Мара Бунева, мис Елен Стон.
  • Восочни фигури во Македонска борба
  • Видео приказ на синоќешната трибина во А2 – поврзана со Музејот на Македонска борба

Bookmark and Share


19 Comments »

  1. Колку овој музеј ке обезбеди да се гарантираат човековите права и граѓанските слободи, да се обезбеди мир и соживот, социјална правда, економска благосостојба и напредок на личниот и заедничкиот живот ?!

      волан — јануари 14, 2010 @ 12:36 pm

  2. Музејот бил противуставен волан ова само ти може да го одвалиш. Па дај поднеси иницијатива до Уставен може ќе треба да се руши музејот? А и делот за Прелиќ ти е легендарен, без да навлегувам за тоа која била Мара Бунева (знам дека е тетовчанка) ама општо познато е кој бил Прелиќ – Србин од Србија џандар на окупаторска власт. А ти го претставуваш како човек кој ја спасил Македонија од нејзино припојување кон Бугарија и плус се борел против турскиот режим во Македонија (претпоставувам на општо задоволство на македонскиот народ). Претпоставувам дека ќе бараш и споменик да му изградиме на Скопска Црна Гора или кај тебе у кумановско како би се задоволиле мултиетничките стандарди во Македонија?

      roboto — јануари 14, 2010 @ 12:39 pm

  3. Пецко, закон

      interpreter — јануари 14, 2010 @ 12:52 pm

  4. roboto – за Прелиќ муабети на линкот кој го дадов во постот. Очито е дека многу површно го познаваш тоој лик. Инаку човекот си има споменик на гробиштата во Скопје нема потреба од нов споменик. Сега што ке одиш да го уриваш споменикот?

      волан — јануари 14, 2010 @ 1:04 pm

  5. нека има јас не се замарам толку, а ти дека му носиш цвеќе секоја недела и му палиш свеќа тоа станува очигледно.

      roboto — јануари 14, 2010 @ 1:06 pm

  6. roboto – бидејки даваш квалификација “..а ти дека му носиш цвеќе секоја недела и му палиш свеќа тоа станува очигледно..“ во форма на предпоставка и инсуниација за која немаш доказ ке го сметам претходниот коментар за навреда.

      волан — јануари 14, 2010 @ 1:10 pm

  7. па јас мислам дека ти го навредуваш македонскиот народ со тоа што му го оспоруваш правото да си ја слави својата борба, а државата ни ја претставуваш како Обединети Нации. А да и плус славиш странски окупатор. Размисли малку.

      roboto — јануари 14, 2010 @ 1:12 pm

  8. roboto – Во постов никаде не спомнувам дека треба да се слави било кој – напротив, укажувам дека со ваквиот концепт на Музејот на Македонската борба се повредуваат чувствата на народите кои живеат рамноправно во неа. Прочитај ја преамбулата онаа која сега важи и се ки ти стане јасно. Ако не ти е јасно неможам да ти дообјаснам – очито имаш блокада во мозокот за моите појаснувања и укажувања.

      волан — јануари 14, 2010 @ 1:17 pm

  9. не разбирам како се дискриминира? Дај просветли ме во што се повредени чувствата на националностите? Можда треба прадедо му на Амди Бајрам да го претставиме како војвода? Или некој од предците на српските колонизатори да го претставиме како финансиер на ВМРО? Единствено што може да додадеме во Музејот според мене е албанец како продава семки кај Мечкин Камен додека комитите се борат против турците.

      roboto — јануари 14, 2010 @ 1:20 pm

  10. волан,
    робокап си је робокап..две жички се спојат и…јеб га…не замерај

      django — јануари 14, 2010 @ 1:21 pm

  11. django – веројатно си во право. Луѓе на кои веројатен идеал им се личности од типот на Хитлер и не е да им замериш.

      волан — јануари 14, 2010 @ 1:35 pm

  12. Волан лично мене највеќе што ме иритира е тоа кога некој прокламира и јавно изјавува загриженост за заедница на која тој самиот не и припаѓа.
    Или конкретно страшно ме иритира кога некој македонец јавно се грижи на пример за албанците, ромите турците.
    Мислам дека секој треба да се грижи за себе а не за друг…никој не може да кажува и зборува во туѓо име.
    Штом некој јавно го прави тоа знај дека манипулира.
    Таков беше настапот во емисијата на малиот Вуна.
    Цело време потенцираше за чувствата на албанците. Од кај знае он што мислат и како се чувствуваат албанците. Нека си кажат самите они.

      mecetousko — јануари 14, 2010 @ 9:37 pm

  13. Волан… Музејот е на Македонската Борба. Македонска, како нација, не како народ. Еве еден конкретен доказ – Питу Гули.
    Доколку имало албанци, турци, роми итн., кои учествувале во борбата за слободна Македонија (а имало и такви), наместо да се негира целта на музејот и да се негира целата иницијатива, единствено нешто што треба да се направи е да се побара нивните имиња (и фигури) да бидат вклучени во музејот.
    Зошто Албанците би биле повредени од музеј кој ги чествува луѓето чија заслуга е тоа што денес живеат и тие самите во слободна држава? Зошто Ромите би биле навредени од музеј кој ги чествува луѓето чија заслуга е тоа што денес Македонија е една од малкуто земји во кои Ромите имаат таква слобода и права? И зошто Турците би биле навредени од фактот што нивните предци, сепак, биле окупатори на оваа земја, а тие самите денес (а и во минатото) се интегрален дел од тоа општество и се на видни позиции, угледни бизнисмени, политичари, интелектуалци, а не се оцрнети, омаловажени, онеправдани?
    Дали воопшто имаше сега потреба од ваков музеј, е сосема друга тема. Но дали е оправдан концептот за неговото постоење, е нешто што не може да се оспорува. Идејата дека се нарушува уставот со тоа е апсурдно, затоа што борбата за слобода е борба на сите кои живеат во Македонија – погледни го Крушевскиот Манифест, кој бил составен токму од некои од луѓето чии фигури ќе бидат во музејот и кој јасно објаснува што точно претставува борбата за Македонија.

      zidarski — јануари 14, 2010 @ 11:31 pm

  14. Без да навлегувам ЗА или ПРОТИВ музеј на ВОСОЧНИ фигури, само да нагласам дека можеа МНОГУ МНОГУ попаметно да се искористат десетиците милиони евра кои ќе бидат фрлени за овој музеј. Ако веќе сакаат, можеа да ги стават восочните фугури во дел од Музејот на Македонија (има доволно простор, и тоа неискористен), или некое друго решение да најдат (како што наоѓаат решенија за школи на алб. јазик, дирекции за ланскиот снег и кисело грозје…).

    Ама некој требало тендер или два да фати, нели? Мислам дека тоа е вистинската причина зошто се гради огромнана зграда на кеј, плус со пропратен ефект популизам и билдање рејтинг :)

      tomi13 — јануари 14, 2010 @ 11:57 pm

  15. Колку што видов томи13 музејот ќе кошта милион и пол евра не знам за какви десетици зборуваш.

      roboto — јануари 14, 2010 @ 11:59 pm

  16. Не, 1,5 милион се само за фигурите :) (а и тоа мислам дека е премалку, сепак околу 100 фигури ќе бидат…)

    А толкава зграда да не мислиш дека беспари се гради? :)

      tomi13 — јануари 15, 2010 @ 12:18 am

  17. Предрасудите и денес судат – Сунчица Стојановска
    http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=115101015256&id=9&setIzdanie=21885

    ** Тројцата, со сите позитивни и негативни аспекти на нивните дела, се неодминлив дел од македонската историја. Заслужуваат место во Музејот на восочни фигури, но мора добро да се објасни за кои идеи се бореле, сметаат историчарите
    - За едни херои и патриоти, за други крвници на македонскиот народ и борци за бугарската кауза – делата на Ванчо Михајлов, Тодор Александров и на Мара Бунева сé уште предизвикуваат различни реакции кај Македонците

    ** Во Штип сé уште се одржуваат панихиди на годишнините од атентатот врз Александров. На кејот на Вардар, пак, секоја година поддржувачите на ликот и делото на Бунева (главно од бугарската ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов) ја одбележуваат годишнината од нејзината смрт. Завчера и поставија нова спомен-плоча. Чествувањето на Бунева задолжително е под полициско обезбедување, поради неколкуте инциденти во минатите години.

    ** Тодор Александров и Ванчо Михајлов се Македонци. Но ако стојат во музеј, мора да има објаснување зошто се бореле и која била нивната идеја. Околу дејноста на Александров мора да се имаат предвид фазите на неговото дејствување. Според документацијата, тој се борел за „обединување со бугарското племе“, „од интерес на целото племе“, „за идеалите на бугарското племе“. – Тодор Чепреганов, директор на Институтот за национална историја.
    - Ванчо Михајлов е неоспорно – тој починал со убедување дека нема македонска држава и македонски јазик, во време кога македонската држава постои.
    - Мара Бунева не е тој калибар. Таа е обичен војник, кој извршува директиви вели Чепреганов.
    - Историјата треба да се работи без емоции. Јавноста бурно реагира оти има предвид какви тези застапуваше Михајлов. Тој пропагираше туѓа национална свест кај Македонците. Дилемите се токму поради неговата поврзаност со бугарското национално чувство. Во целиот развој на ВМРО нема ништо спорно, но треба добро да се објасни – вели Чепреганов.

    ** Бугарите сметаат дека Мара Бунева е херој на „македонските Бугари“.

    ** Тодор Александров: роден вио 1881 година во Ново Село, Штип. Учел во бугарското машко 3-класно и педагошко училиште во Скопје и во Солунската машка гимназија, во времето кога директор бил Христо Матов, главен идеолог на десницата на ВМРО. Во македонското револуционерно движење се вклучил во 1897 година. За прв човек на ВМРО дошол по Балканските војни и Првата светска војна. Се тврди дека неговите истомисленици за да ги заплашат кандидатите за таа висока функција, извршиле неколку убиства. Убиен бил и Ѓорче Петров. Според историјата, потпишувањето на Мајскиот манифест во Виена е најголем дострел во револуционерната активност на Александров. Со договорот е постигнат договор за обединување на левите и десните македонски револуционерни сили. Потпишана е и посебна декларација според која иднината на Македонија „повеќе не се поврзува со Бугарија, туку со една наполно самостојна држава, обединета во нејзините етнички граници, која би можела да се обезбеди во рамките на една балканска федерација“. Подоцна го повлекол потписот и почнал да прави сé текстот на манифестот да не стигне до јавноста. Според историчарите, поради потпишувањето на манифестот, Александров бил ликвидиран неколку месеци подоцна, на 30 август 1924 година. Бил Убиен кај селото Сугарево. Се смета дека убиството било нарачано од бугарскиот двор.

    ** Ванчо Михајлов (Иван Михаилов Гаврилов – на бугарски јазик): роден на 26 август 1896 година во штипско Ново Село. И тој учел во Солунската машка гимназија. Малку пред Втората балканска војна го напуштил Солун и се вратил во Штип. Во 1918 година бил повикан како регрут во бугарската војска. Служел во Софија Во 1919 година се запишал на Правниот факултет во Софија. Истата година Тодор Александров го привлекол во редовите на ВМРО во Задграничното претставништво на организацијата во Софија. Го презел раководството на ВМРО во 1924 година, по убиството на Тодор Александров. Михајлов почнал пресметки со своите противници. На подмолен начин ги кани главните македонски дејци на конгрес во Благоевград. Со помош на бугарската полиција и чети на ВМРО ликвидира десетици дејци на македонската левица, меѓу кои и Арсениј Јовков. Потоа ги ликвидира војводите Ѓорѓи Поп Христов и Панчо Михајлов и го наредува убиството на Тодор Паница. На 7 јули 1928 година по негова заповед бил убиен Александар Протогеров. Умрел од природна смрт на 5 септември 1990 година во Рим.
    - Во македонската наука Ванчо Михајлов се смета за најцрна личност во историјата на револуционерното движење, „заслужен“ за ликвидацијата на највидните револуционерни дејци, на десетици македонски и бугарски комунисти и на видни бугарски социјалисти по порачка на бугарскиот двор.

    ** Мара Бунева: родена во 1902 година во Тетово. По аферата со затворањето и судењето на 20 македонски студенти во Скопје од страна на српските власти во 1927 година, Бунева за одмазда извршила атентат врз српскиот државен обвинител Владимир Прелиќ. Атентатот е на 13 јануари 1928 година, на кејот на Вардар. Веднаш потоа самата се застрелала за да не падне во рацете на српскиот окупатор. Починала по еден ден. Судените студенти биле членови на Македонската младинска тајна револуционерна организација, основана во 1923 година во Виена. Има спротивставени ставови за националната свест на Бунева и нејзините побуди за атентатот врз Прелиќ.

      волан — јануари 15, 2010 @ 5:05 pm

  18. не трябва да се обиждат дейците на вмро!те не са знаели,че 1945 година ще се направи македонска нация и македонски език!горките,ако са знаели това,са щели да се борят за сръбска република македония,а не за освобождението на македонските българи от турци,а после и от сърби!

      bulgarin — јануари 15, 2010 @ 5:23 pm

  19. делумно прелетав преку текстот и коментарите и не приметив дека некој го спомнал соодветниот израз за трите клучни фигури
    .
    врховисти
    .
    ќе се обидам повторно

      hemicarot — јануари 24, 2010 @ 11:59 am

RSS feed for comments on this post. TrackBack URI

Leave a comment

You must be logged in to post a comment.

WPMU Theme pack by WPMU-DEV.