волан






         

февруари 1, 2010

Црвенковски прави јалова коалиција … Ало Црвенковски абдицирај сосе ветераните кои си ги избрал за коалиција

http://www.bbc.co.uk/worldservice/images/2010/02/20100201175034macedonia_opposition.jpg http://media.a1.com.mk/media/vesti200/branko-crvenkovski-sdsm-pak.jpg

http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/D8B2F795A1F4BD469A23E41697597E27.gif

Црвенковски кој неколку пати ја имаше сета власт во Македонија и ништо не направи – прави јалова коалиција со:

  • Ислужениот бате Андов кој во сите системи беше во врвот на власта, пензионер е одавна но сеуште сака власт – ало бате Андов нели ти беше доста
  • Истотака ислужениот Тито Петковски – кој предавнички му помогна на Груевски да направи Влада пред четири години. И тој цел живот е во врвовите на политиката и малку му е, бара уште една шанса. Ало доста ти беше фаќај пензија и гледај внуците – ако те биваше ке направеше нешто додека беше на власт
  • Супер предавникот Оровчанец кој беше со сите – но ете повторно бара слатка фотеља на власта. Му заби нож на Циле Топурковски и ДА, беше со ВмроДпмне и сега е осица против истата ВмроДпмне. Ало човече врати си се на професијата, велат дека си бил одличен лекар – како политичар си НУЛА
  • Со Слободан Угриновски кој сега е председател на Титови Леви Сили – партија со можеби иљада членови но без капацитет за нови свежи сили и самиот е блиску до пензија. Ало Тито одавна умре а со него и неговите идеи
  • Со Партијата на Слободни демократи на Љупчо Јордановски – не сум сигурен дали догура до пензија ама блиску е, некогаш го почитував
  • Со Движењето на Турците на Ердоган Сарач – и за него не сум сиигурен уште колку му фали до пензија.
  • Ваљда ке му се приклучи уште некоја лева пензионерска партија и некоја земјоделска ко онаа на Тантаров. Амди Бајрам е зафатен за да го зачини списокот, ама ке се најде и некоја ромска за да го појача списокот на опозиционерите. Ке прилепи и некоја србска партија и партија на власите.
  • Така ке се стори “голема колаиција“ на демек опозициони партии со многу имиња но без политички капацитет да ги привлечат неопределените а и многу од определените ке помислат дали да гласаат за горните пензионери кои веќе имаа шанса од позиција на власт нешто да направат. Гледам и некоја зелена партија е во коалицијата, дури и некои прогресивци.

Ало Црвенковски абдицирај ти и сите погоре наредени ветерани. Пуштите место на помлади во вашите партии, не на беби фаци – туку на некој од средната генерација, некој кој нема петна во својата политичка кариера ако сакате да победите на следните избори кога и да се одржат. Застани (за Црвенковски важи) во партијата како организатор и јака втора линија – велат си бил добар организатор на партијскиот живот. Во спротивно повторно глатко ке изгубите иако ВмроДпмне и неговата колаиција се грогиран – но со противник како Вас ке ве јаде повторно. Можеби ке изгуби неколку пратеници од сегашните 63 – но повторно против ваква “надежна“ опозиција глатко ке победи … иако водата на Груевски ке му ја помати поделбата на гласачкото тело на ВмроДпмне, каде сигурно доста гласови ке освојат Бошковски и Георгиевски.

Неопределените сеуште немаат за кого да гласаат.

Bookmark and Share


185 Comments »

  1. http://www.a1.com.mk/vesti/video.asp?Video=10/kate-opozicija-01-02.wmv&VestID=119364

      волан — февруари 1, 2010 @ 11:24 pm

  2. леле Волан,стварно овој пат си погодил во центар.Како изгледаа собрани на скупов,не знам до кај би не довеле утре да дојдат на власт ?

      Charlotte — февруари 1, 2010 @ 11:27 pm

  3. vo MKD ima opozicija?

      Lips Tullian — февруари 1, 2010 @ 11:27 pm

  4. Аууу Волан, ама си распалил по левицата!
    Ако го прочитаат ова во ВМРО функција ќе ти понудат! :)

      alexandro — февруари 1, 2010 @ 11:28 pm

  5. БРАНКО СЕ ЗДРУЖИ СО СТАРИТЕ КАДРИ, ОПОЗИЦИЈАТА ВО ПРОСЕК ИМА 60 ГОДИНИ
    Освежена и здружена опозиција подготвена за победа

    http://www.vecer.com.mk/?ItemID=8C6194A50DFAF046BFF5FC37E98AB4FE

      волан — февруари 1, 2010 @ 11:29 pm

  6. alexandro – колку пати да кажам, не ја штедам ни таканареченава пензионерска опозиција, која му прави услуга на Груевски. Но власта секојпат е на мета за критика кога зајдува а не остварува.

      волан — февруари 1, 2010 @ 11:31 pm

  7. катастрофа
    опозицијата зајде во геријатрија , позитивниве зајдоа со негативен буџет , албанскиот блок си има внатрешна поделеност , за воен удар треба војска , значи и таа варијанта за спас отпаѓа
    џабе ни е што имаме најсофистицирано писмо/кирилица,фонетска азбука/
    кога црно ни се пишува

      hemicarot — февруари 1, 2010 @ 11:58 pm

  8. Волан,

    па и постот на карека а и ова што си го линкувал од вечер, покажуваат дека не си во право.

    Никој нема најавено избори, опозицијава велиш за геријатрија а тие скакаат. Зашто ???
    Зашто едноставно не се насмеат и да си тераат понатака???

    поздрав

      andrej — февруари 2, 2010 @ 12:13 am

  9. секој број собран со нула ја дава истата вредност на самиот број…а истиот број помножен со нула секојпат е нула…математиката има убав одговор на целава оваа циркусијада.

    Едно е сигурно на секое здраво општество му треба здрава опозиција…но вака нема шанси да се роди. На Бранко му требаат кадри десничари во своите редови за да ја подопраи партијата…нешто што го направи груевски кога во себе вклучи доста кадри од левицата.

    Но изгледа има миопија Бане…не гледа…не му се виѓава.

    П:С
    Го забораи оној од граѓнска демојратска партија борис…како ли му беше името…тој има 70 гарант.

      mecetousko — февруари 2, 2010 @ 12:30 am

  10. mecetousko – тој за у геријатрија е со седумдесет викаш.

      волан — февруари 2, 2010 @ 12:44 am

  11. Недостасуваат уште професор Пеливанов од Правен Факултет и Димче Беловски за да опозицијата биде комплет.

    Поздрав

    З

      zoriv — февруари 2, 2010 @ 12:44 am

  12. hemicarot – ниедна демократија не станала вистинска додека немоло диктатура од некоја воена хунта, за да се види другиот крај на стапот. Ама како шо викаш војска нема – може и затоа ја распуштија.

      волан — февруари 2, 2010 @ 12:45 am

  13. zoriv – да бе пеливани уште фалат па да полетаат :) ај на зезање да ја фатиме оти за плачење не сме. Поздрав и затебе.

      волан — февруари 2, 2010 @ 12:47 am

  14. деведесетите се повторно во фазон … реинкарнација, дежа ву, враќање во иднината …

      mecetousko — февруари 2, 2010 @ 12:50 am

  15. andrej – да те поздравам само.

      волан — февруари 2, 2010 @ 12:52 am

  16. mecetousko – сами си се множат со нула, не им е потребен Груевски да ги напаѓа.

      волан — февруари 2, 2010 @ 12:53 am

  17. Ми текна што е работата, решил Црвенковски да прави живи фолсилни воштани фигури и да ги стави во Музеј на вечна опозиција. Си вика ако може Грујо можам и јас со воштаниве фигури.

      волан — февруари 2, 2010 @ 12:56 am

  18. не ова што се случува со левицата е апсурд…обично во секое општество таа е ветерот на размрдување…носење на новите нешта кои надоаќаат…ова што се случува во нашата левица е смешна работа…смејурија невидена. Иако самиот никојпат не гравитирам кон левицата според некое политичко убедување(кое кај нас па и не можеш да го канализираш), јас сум за тоа левата партија да биде силна…мислам од граѓански аспект гледано тоа е добро.

    Но вака не може да биде силна.
    За мене лично најголемата пародија е што го обвинуваат Груевски за автократско владеење, не ретко нашите блогери го преставуваат како хитлер од легендарната улога на Бруно Ганц во Даунфол…и ред други нешта.

    Но по автократски политичар и поголем фашист од бранко НЕМА. Па цели 20 години е на врвот на левицата. На времето и на комунистичките лидери не им даваа по 20 години да бидат во врвот на политиката. Знаете што значи 20 години да си во врвот на политиката на една земја…а позади себе да имаш една голема НУЛА.

    Катастрофа. Ужас. Ова ни Монти Пајтон не го може…ни топ листа надреалиста…ова само СДСМ го може.

    И згора на се самонаречената граѓанска тајфа и дава подршка на левицата.
    Е тоа е веќе за оние од MTV Џакиссс….

    Има уште да се ломоти тука…нема крај…

      mecetousko — февруари 2, 2010 @ 1:01 am

  19. Зорив

    па нема фудбал да играат. Опозицискиот блок на последните избори го водеа Бучковски и Шекеринска. И ….

    Да бираме мистер универзум и ја разбирам скепсата, ама за политика …. Мислам дека некој ке се смее ама …

      andrej — февруари 2, 2010 @ 1:03 am

  20. andrej – да бе, ке бираме тим за фудбал со луѓе собрани од Геријатрија – ама овие облечени у одлеца да ти биле са с црвени крагни и ружи у реверите. Пусти и тие купувале костими за да се видат со Бране, ко оние сиротите кои пред некој ден за да се видат со Грујо морале да купат нови костими, се разбира со портокалови крагни.

      волан — февруари 2, 2010 @ 1:10 am

  21. Харизмархот е жив додека не ја потроши харизмата. Не знам зошто приказнава ме подсети ма дракула кој одби да умре и стана вампир! Ебате изборот меѓу искомплексиран боксер и селски мангуп…

      Роберто Беличанец — февруари 2, 2010 @ 1:14 am

  22. Волан,

    не гледам телевизија па не сум ги ни видел. За геријатрија не се штом се на чело на било каква политичка опција па макар и маргинална.
    Но сето тоа и не е битно. Имале тие 30 во просек или 60 не е битно, бито е што нудат.

    Битно е дека сите тие усвоиле платформа која точно ги погодила болните точки на ова труло општество. Понудиле смерници за идни чекори кон решавање на проблемите.

    Ако до избори успеат да анимираат со решенија и предлози за решавање на проблемите глад ке ги добијат изборите. Ако останат само на зборови ке ги изгубат.

    Фактот дека позицијата реагира на ова е доволен знак дека паниката која владее во позицијата продолжува. Кога ова би бил тим за геријатрија тие би молчеле и би се радувале што имаат таков противник.

    Останува да видиме што од она што СДСМ го стави во програмата и ова што е ставено во платформата ке се актуелизира, решава, проблематизира.

    Лично не би потценил никого.

      andrej — февруари 2, 2010 @ 1:16 am

  23. Роберто

    за изборот се криви сите интгелектуалци, кој со свиткан опаш одат на бакнување рака кај боксерот и мангупот

      andrej — февруари 2, 2010 @ 1:17 am

  24. затоа тука е секојпат Иснифарис Џемаили (овчар трета генерација)како трета опција и дополнителен избор.

      mecetousko — февруари 2, 2010 @ 1:17 am

  25. Роберто Беличанец – ајде прави партија на блог заебанти, те бива за мајтап.

      волан — февруари 2, 2010 @ 1:17 am

  26. муабет за на бања
    http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=119383

      hemicarot — февруари 2, 2010 @ 1:19 am

  27. andrej – програмите во наши услови се само куп на лажни ветувања, видени сценарија. На мојот блог да соберам постови ке направам подобра програма од нивните програми кои со месеци ги правеја емнентни научни имиња. Луѓе фалат, луѓе без петно на лицето, партиите си се фини ама луѓево седнале на тоа партијските фотељи и ке тераат до смрт или додека вистински не ги однесат у Геријатрија.

    А Грујо, на Грујо му е страф само од сегашната “сестра“ Љубе, кој до вчера беше величан за најголем патриот и бранител. Тој реално ке му земе барем 100.000 од сигурните ВМРО гласачи. А и партијата на Георгиевски не е за потценување и тие ке одвалат уште 50-сетина иљади ВМРО гласачи.

    Избори не се закажани но се` се одвива како да ке бидат за некој месец. Не заборавај од Грујо зависи кога ке имаме избори. Тој навикнат на предвремени избори со кои бега од решавање на реалните проблеми во економијата и особено од решавањето на проблемот со името си прави избори … се фино и легално демократски.

      волан — февруари 2, 2010 @ 1:26 am

  28. hemicarot – Здружи се со Роберто а може и Андреј да го земете у сериозна опозицона МАЈТАП партија, се подобри и подобри бисери вадиш а сепак се на темата. А да не ги заборавите и дваицата батковци – без нив серир на блогерајов ке нема.

      волан — февруари 2, 2010 @ 1:30 am

  29. mecetousko – Додека има овци ке има и руно.

      волан — февруари 2, 2010 @ 1:31 am

  30. Волан бе. Па ете ги имаш на власт, без петно на лицето, млади, орни. Ама државата у qr-ац е отидена.
    Прочитај што ти напишав. Ако работат на остварување на платформата ке ги добијат изборите ако не, се знае …

    Но апсурд е да некого ради годините го девалвираш.

    На Грујо му е страв од сите, зашто гледа во грбот на сите.

    Па грујо очигледно нема избор, или да направи избори пред јуни, кога евентуално би го сменил името или вонредни во септември по паѓање на владата кога коалиционата ДУИ ке ја напушти владата.

      andrej — февруари 2, 2010 @ 1:33 am

  31. Геријатрија, а?

    Па изберете си ги Восочните Фигури де, никој не ви брани.

      vmoroid7 — февруари 2, 2010 @ 1:38 am

  32. andrej – тешко на таа држава која ке бара демократија со партија како ДУИ.

    Ако Бране собра екипа од геријатрија -кај Грујо е сосема обратен проблем, тој собра министри и соработници од детска градинка.

    Од аферата што ја разоткрија каде сите биле во таа фирмата што продавале ваучери за телефони, со договор кој е веројатно некаков дил, се гледа главната идеја на новиот лидер … да се нафатира ко стариот и да си ја здувне на некоја дебела сенка … ако е и бугарска де.

      волан — февруари 2, 2010 @ 1:40 am

  33. Не го сакам баш многу Бранко, ама вечерва, кога на вести го видов прилогот, наеднаш почувствував жал за кутриот Бранко…статистите ми заличуваа (господ да ми прости), на избегани од душевна болница (оние со значките и капите пред зградата). Не знам дали самиот веруваше во она што го изјави…ама нема врска. Тој никогаш не верувал во она што го зборува, па затоа не треба да го сфаќаме за сериозно.
    Поздрав :)

      partik — февруари 2, 2010 @ 1:40 am

  34. vmoroid7 – тоа и погоре викам де, или живи фосили или мртви восочни фигури – тоа е изборот.

      волан — февруари 2, 2010 @ 1:42 am

  35. Волан

    мислам дека тек имаме за слушање. Некој најверојатно и со отворени усти ке останат. Ама, тоа си избравме …

      andrej — февруари 2, 2010 @ 1:43 am

  36. И после 20 години самостојна Македонија, самостојни влади да управуваат со оваа земја, не согледавте ли дека кој и да дојде на власт не мисли за народот. Сите ветувања и програми се ветер и магла и служат само за предизборни поени, со цел да се добијат изборите и да се докопаат до власт, потоа ветувањата не важат, а власта богами е многу слатка. Исто беше со СДСМ исто е и со програмата во 100 чекори на ВМРО ДПМНЕ, ништо од тие ветувања, ветер и магла. Така воопшто не ми е повеќе ни важно кој ќе дојде на власт. За мене и иднината на моето дете апсолутно никој не мисли, морам сама да мислам. Поздрав Волан.

      insomnia — февруари 2, 2010 @ 1:43 am

  37. insomnia – поздрав и за тебе, за твојата иднина и за иднината на твоето дете вистина сама ке си мислиш, ама од овие баравме нели некои услови да створат, некакви демократски процеси да створат а не султан партии да прават.

      волан — февруари 2, 2010 @ 1:47 am

  38. andrej – абе како ке слушаат овие дедовциве – со апаратчиња?

    Знаеш ли што се прави со мастика (не струмичка) д`вка де, ск`кс што викав кумановци кога ке се изџвака – се плука. Така и народов особено оние неопределените само ке плукаат по ваквата понуда на изџвакани политичари.

      волан — февруари 2, 2010 @ 1:50 am

  39. Ваква опозиција само лошо може да влијае на власта.Не се работи за годините се работи за луѓето, истрошени потрошени а за малку поинаков шмек го додале оној палјачо угриновски. да ви кажам искрено до вчера симпатичен ми беше, си викаш ај чоеков не е со сите,си тера некој стар филм негово право, ама сега бре почна у мејнстрим политика да се меша. а кој му го овозможи тоа? генијалниот стратег БЦ спасителот на МКД (по кој пат само не знам). Не знам кој е излезот од ова освен уште еден ДЕФИНИТИВЕН пораз на БЦ на избори и да се среди вистински опозицијата а не оваа мативода 100 години да се заебава.

      roboto — февруари 2, 2010 @ 1:52 am

  40. Волан,

    па трансферите уште не почнале. Кога ке се објават изборите ке почнат и трнсферите. Тимовите се формираат до последен момент. Ова не е изборна коалиција. Ова е коалиција за рушење на власта. Не значи дека таа ке биде и изборната. Политика е тоа …

    Полека има време.

      andrej — февруари 2, 2010 @ 1:57 am

  41. andrej – на екипата од Геријатрија вистина е дека и одговара полека, ама ова бебињава посраснаа, “пилци“ се направија на нив изгледа им одговара набрзина.

    Ми мириса, море ми смрди дека по ваквата геријатриска опозиционерска екипа брзо ке имаме избори.

      волан — февруари 2, 2010 @ 2:01 am

  42. Ха ха, немој да бидеш сигурен. Рејтингот, што би рекло Вмроид е битен.
    И Љубчо беше сигурен дека ке владее сто години, ама се испостави дека рејтингот не бил реален.
    А овој почнува да паѓа. Е сега е врабац у руци или голуб на грани …???

      andrej — февруари 2, 2010 @ 2:03 am

  43. Еднаш ти напишав, ке ти повторам. Колку и да е Бане несимпатичен, сепак не е глуп.

      andrej — февруари 2, 2010 @ 2:05 am

  44. јас мислам дека со ваква екипа БЦ уште утре ќе придобие неколку пратеници од ВМРО :-) Ја не знам кој го советувал за оваа работа ама нека си провери советникот можда му е вмровец андеркавер!

      roboto — февруари 2, 2010 @ 2:06 am

  45. Журкава за вечерава за мене завршува, отидов да преспијам некој сат – деновиве имам навистина тешки денови, поздрав за сите кои вечерава се „журкаа“ на постов. Не се лутам да продолжите – но и утре има ден.

      волан — февруари 2, 2010 @ 2:06 am

  46. Поздрав

      andrej — февруари 2, 2010 @ 2:07 am

  47. Ke ima Djiv-Djiv do smrti,gleam jas.Samo taka ke se rascisti so rosaviot alkos Bane,zaedno so seta gerijatrija okolu nego.Nema drug nacin, ocigledno e toa.

      effo — февруари 2, 2010 @ 2:08 am

  48. јакиов пост проследен со уште појаки коментари ќе мора да го разбијам со нешто ептен тешко, со што ако не со Тешкото – http://www.youtube.com/watch?v=4GEyRQA02v0 .. и немој некојда ми возвраќа затоа што музичко сценскиот репертоар ми е .. :)

      Диванисов — февруари 2, 2010 @ 2:37 am

  49. Читам за темава на разни медиуми уште од вчера… и чекам некој да скокне од негде и да каже “Скриена Камера!”
    Најтрагично не е што во “тимот” има пензионери од по 70 години… најтрагично е што тимот е предводен од БЦ!
    Во раните 90-ти, имаше добро 6 и пол години да направи нешто… не се ни обиде. Откако изгуби на избори со фатална разлика – во секоја нормална држава, требаше да си даде оставка и никогаш повеќе да не се занимава со политика. Да, ама не. Реши Бане да биде опозиционер. Од митинг на митинг, од демонстрација на демонстрација – со квази-скопско швалерски пристап, со измислен фраерлук – повторно на власт. Малку беше тоа – па и за претседател се кандидираше. Во секоја нормална земја – претседателот останува претседател и по истекот на мандатот, до крај на животот. Тоа повлекува две работи. Или треба да биде неутрален (неопределен политички) или да формира сосема нова партија. Да, ама не. Си се врати на старото место, кое што (да е уште посмешно) му го чуваа со месеци, откако со здружни сили го наместија Заев.
    Сега, бидејќи нема друг начин некој да му обрне внимание – прави широка коалиција на партии, на кои ако им го собереш целото активно членство (не ги бројам тука мајките и тетките на оние што сонуваат да бидат пратеници), сите заедно нема да ја наполнат Универзална Сала.
    Но не е најстрашно ни тоа. Најстрашно ќе биде ако се случи да добие власт. Дури тогаш ќе биде страшно… и тажно.

      zidarski — февруари 2, 2010 @ 5:51 am

  50. “Без старца нема ударца”, забораивте на српскава изгледа. И шо сте запнале бре против колоритниот Угриновски. Забеган, жими к.ров, он мајтап си игра и оп местенце во градско собрание.Одамна планирам, ама дефинитивно решив- се зачленувам во Титови леви сили.Лева, лева…кој чекори со десна, напиша некогаш Мајаковски…

      karamba! — февруари 2, 2010 @ 7:29 am

  51. Диванисов – Ова повеќе одговараше за постот каде се занимавам со бејби владата на Груевски. Ама сепак јако е.

      волан — февруари 2, 2010 @ 7:29 am

  52. zidarski – Македонија и се е можно.

      волан — февруари 2, 2010 @ 7:32 am

  53. karamba! – одличен коментар, лева, лева, … Џаиќ, Штулиќ

      волан — февруари 2, 2010 @ 7:33 am

  54. Забележавте нешо? Во Фронтот нема ниедна ѓупска чингене партија..бидејки сите Ѓупци се вмровци. Разбира се, важи и обратното…

      karamba! — февруари 2, 2010 @ 7:42 am

  55. karamba! – Има ѓупци (роми де – да не се налутат), ка не. Ама уште не формирале партија, ко ке формираат ке се приклучат у втора фаза.

      волан — февруари 2, 2010 @ 7:54 am

  56. Е да, кај ѓупците (ромите де) има еден проблем за Бране – тие кутрите неможат да дојдат до пензија и веројатно затоа не се квалификувале у оваа геријатриска коалиција. Си има правила тука, неможе секој.

      волан — февруари 2, 2010 @ 7:56 am

  57. волан,
    ја лично мислам дека малце се претеруе у ова расположење
    друже, па цело е кога има се’…така?
    ај сеа врзи го овој пост со онај претходно за бејби влада и шо добијаме?

    врачање на корените бреј
    кај иде пионири без другари хм?..(а пак на бранко му текна)
    ова ти се вика сплотување…то шо грујо тражи цело време
    е сеа сите че видите…и пљус ево ахмети го слушам синоќа на икс-нула
    не е далеку ко че се вратиме на братсво-единство…ехееееј кај че ни биде крајот?
    каква еу каков нато…че обновиме несврстани и едно историско -НЕ на сите душмани

      django — февруари 2, 2010 @ 8:26 am

  58. django – тој пријатеЉопт што си го гледал на х/0 – множи го со нула. Братство убиство се прави – а братство јединство е мит.

      волан — февруари 2, 2010 @ 8:34 am

  59. Опозициски фронт, предводен од СДСМ и Бранко Црвенковски, беше формиран вчера, а главна цел ќе му биде да се порази политиката на Никола Груевски. Потпишувањето на платформата беше проследено со сценографија што ги изненади и социјалдемократите, а за изненадувањето се погрижија Сојузот на Титовите леви сили на Слободан Угриновски. Се пееше „Југославијо, Југославијо“, имаше музички оркестар, игроорци, портрети од Јосип Броз Тито, Лазар Колишевски, Гоце Делчев и транспаренти „Сега му е мајката“, „Да живеат братството и единството“.

    http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=CB2A71048D3AC2459359F81308AF0558

      волан — февруари 2, 2010 @ 8:40 am

  60. Мислам дека како и во Бугариja вака и во Македониja е битен принципот во политиката – “Стани ти, па да седнам jaс”!
    Ако ова е сал причината и замисалот на Црвенковски – борбата за кокалот, таа негова намера и да постигне нешто понеке од сегашната состоjба во пракса нема да доведе ништо променливо и очекувано добро од граганите.
    Инак мислам дека во Македониja има проблеми – економски и политички, кои ако нема доверба и разбиранье за решаванье совместно мегу ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ВМРО-Демократска, нема да бидат разрешени нито еден проблем на Македониja!

      antiseparatist — февруари 2, 2010 @ 8:59 am

  61. Леле, и портрети од Лазо ! :roll: :)

      Charlotte — февруари 2, 2010 @ 9:03 am

  62. antiseparatist – има подобра и попозната. “сјаши Мурто да узјаше Курто“ … ама курто во случајот нема сили да седне на самарот, тој само за у Геријатрија е.

      волан — февруари 2, 2010 @ 9:07 am

  63. Charlotte – Сега козите повторно се у опасност – штом Лазо се враќа.

      волан — февруари 2, 2010 @ 9:08 am

  64. Добро кажано и подсетено…Фала

      antiseparatist — февруари 2, 2010 @ 9:08 am

  65. Сега Грујо ке ги укине бесплатните бањи – пензионериве му станаа „сериозна“ опозиција. Ако ги оправи со тоа бањите лошо му се пишува. Или тоа бизнис зделка е?

      волан — февруари 2, 2010 @ 9:12 am

  66. Шо ти стана волку шо си се распишал?
    Од мака,хм? :lol:

      svabo — февруари 2, 2010 @ 9:14 am

  67. Камо постови што го фалат опозицискиот фронт,ајде Швабо,на работа,дај малку материјал за дискусија, богати.

      Charlotte — февруари 2, 2010 @ 9:16 am

  68. svabo – Сеир мавам.

      волан — февруари 2, 2010 @ 9:18 am

  69. Опозицијата се обедини во фронт против Груевски
    http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=D00414CA2BC66E489C14C6829F97053B

    ** Според Оровчанец, транзициските лидери спроведуваат транзициско едноумие и диктатура

      волан — февруари 2, 2010 @ 9:19 am

  70. Зашто немало од Крсте Црвенковски слики???

      andrej — февруари 2, 2010 @ 9:27 am

  71. ја ево дадов скромен придонес у позитивните аспекти на вај новиот фронт
    они овозможуваат коначно све да се среди и8 да си дојде на свое место..„као што је некад било„
    едино малце волан е ригиден…ако го слушаше ахмети, братство јединство не ни гине
    и црвени марами за пионирите уф влада…то да

      django — февруари 2, 2010 @ 9:30 am

  72. andrej – не го играат у овој филм.

      волан — февруари 2, 2010 @ 9:30 am

  73. Леле Џанго „као некад„(мислам имаше една песна таква ама сега не ми текнува,да им ја предложам за химна,де) ,мислиш на среќното пионерско детство или на младоста од девеесеттите ?

      Charlotte — февруари 2, 2010 @ 9:40 am

  74. Значи ако дојдат на власт, ништо од црква на плоштад, штом го нема Крсте.
    Јеб га, може ке успеат да го зачуваат Скопје да биде Скопје.

      andrej — февруари 2, 2010 @ 9:41 am

  75. Django

    може ке успеат до децата да напраат деца. Нормални кои ке знаат во кое училиште одат и што учат.

      andrej — февруари 2, 2010 @ 9:42 am

  76. Волан:

    Според Оровчанец, транзициските студенти во власта и парламентот, транзициските лидери во власта, не можат да ја завршат транзицијата, но тие спроведуваат нова, поопасна транзиција на едноумие, диктатура и апсолутизам.

    Не е исто.

      andrej — февруари 2, 2010 @ 9:46 am

  77. ЕPIC FAIL!!!

    Поголем кикс немам видено од СДСМ. Прогрес – буахахахаааа… Златни деца сме, не брукаат.

      Barabbas — февруари 2, 2010 @ 9:51 am

  78. шарлот…чек

    ево…хммм…за химна?…не знам..хохохо (волан малце хумор не е на одмет, знам дека си строго)

    http://www.youtube.com/watch?v=FF-wywIw47E

      django — февруари 2, 2010 @ 9:52 am

  79. Џанго ,неам пристап на јутјуб кажи барем име на химната,за да не пропадне вицот :)

      Charlotte — февруари 2, 2010 @ 9:57 am

  80. Ekaterina Velika – Kao da je bilo nekad

    ај сеа, мада у оваа каша сФе одговара

      django — февруари 2, 2010 @ 9:58 am

  81. Шарлот

    оди во Google translate и дај му да преведува од шпански да кажеме во англиски и потоа во боксот копирај го линкот до youtube. Би требало во прозорецот на Google translate да ти отвори клипот.

      andrej — февруари 2, 2010 @ 10:00 am

  82. django – цепај Џанго – постов е итака сеирџиски.

      волан — февруари 2, 2010 @ 10:00 am

  83. andrej – пун си со овие интернет финтиве, кај ти текнува само.

      волан — февруари 2, 2010 @ 10:02 am

  84. Волан

    често на Youtube имаш клипови кои се само за САД и одредени земји и не ти дозволува да ги гледаш.
    Бидејки на овој начин приоѓаш преку Google серверот таму нема информација за твојата адреса туку ја гледа на Google адресата па можеш да го гледаш клипот како да си во САД.

    Шарлот да не заборавам. Бидејки Google translate автоматски преведува, ако само го внесеш линкот ништо нема да се случи. Мора да притиснеш на ПРЕВЕДИ копчето за да се активира линкот.

      andrej — февруари 2, 2010 @ 10:05 am

  85. АА џабе неам на работа флеш,намерно ме уништујат :)

      Charlotte — февруари 2, 2010 @ 10:06 am

  86. шарлот , има лек и за тоа
    портабл фајрфокс на стик , успева проверено во јавна установа :) , само сега не сум во можност/моментално/ да ти пуштам линк
    втора варијанта ако смееш да го гасиш писито е линукс ос на стик

      hemicarot — февруари 2, 2010 @ 10:12 am

  87. Хемик,јас сум бетер од институција Бардовци овде,ти не знаеш,ти се веруе дека е забранет и стик ,хихихих,ова не е шала .

      Charlotte — февруари 2, 2010 @ 10:16 am

  88. Све стари мајсторишта – децава кондури да Ви чистат :)

      волан — февруари 2, 2010 @ 10:17 am

  89. Хемик, у која банка е дозволен стик???

      andrej — февруари 2, 2010 @ 10:18 am

  90. Него шарлот пробај го ова што ти реков, ме интересира што ке ти јави???

      andrej — февруари 2, 2010 @ 10:18 am

  91. јоооој андреј, ццц.ц.ц…

    ——често на Youtube имаш клипови кои се само за САД и одредени земји и не ти дозволува да ги гледаш—-

    абе какво САД?…и нив че ги напраиме земља пролетерска „па да видиш шта је рај„
    има сфе да се гледа…и шарлот има да прогледа

      django — февруари 2, 2010 @ 10:20 am

  92. него, ај то хемичар, то со стикот да објасниш…иам другарче шо не е баш у толкава илегала ко шарлот

      django — февруари 2, 2010 @ 10:22 am

  93. Андреј ништо немам флеш ми вика да си ставам флеш,тоа е :(

      Charlotte — февруари 2, 2010 @ 10:23 am

  94. Е тогаш немам решение

      andrej — февруари 2, 2010 @ 10:26 am

  95. Django

    од линков можеш да симнеш верзија 3.6 од Portable Firefox

    http://www.filefactory.com/file/a2eb24f/n/Portable_Firefox-3.6.0_EN.paf.exe

    Го ставаш на стик и после од било кој комјутер одиш на стикот и го старташ програмот.
    Не заборавај кога ке го ставиш на стик да му инсталираш и плагиновите за Adobe Flash ако сакаш да гледаш сајтови со флеш.

      andrej — февруари 2, 2010 @ 10:29 am

  96. ах ок,
    че пробам…хвала

      django — февруари 2, 2010 @ 10:31 am

  97. download од овде
    http://portableapps.com/apps/internet/firefox_portable
    служи на оние места каде што не е ограночен пристапот до сајтот а се ограничени со админ накнадни инсталации , флеш на пр
    инсталацијата треба да се изврши на компјутер што нема административна забрана/дома :) /
    даунлод директно на стик ,па на инстал , при инсталација да се наведе :е , односно буквата кај што е стикот , да се повика фајрфоксот со клик од стикот и со тоа е придвижен фајрфоксот од стикот , потоа да се инсталира на истаиот флеш плееер и сите останати адсов и што би ги користел
    кога ќе се внесе стикот на друг компјутер се повикува фајрфоксот од стикот … и глеј си јутјуб :)
    слични гаџети
    http://portableapps.com/

      hemicarot — февруари 2, 2010 @ 10:36 am

  98. алооооо… забегавте од темата

      oggiedoggie — февруари 2, 2010 @ 10:48 am

  99. ако позицијата забегува
    и ако опозицијата забегува
    тогаш и блогерите како граѓани кои можат да послужат за пример/добар , лош , сеедно/
    имаат право да забегаат :)

      hemicarot — февруари 2, 2010 @ 10:55 am

  100. да бе, се забегавме :)

      волан — февруари 2, 2010 @ 10:55 am

  101. Сега темата ке ја преземе Грујо енд компани и у рекламен спот ако треба ке ги стави овие од геријатрија.

      волан — февруари 2, 2010 @ 10:57 am

  102. Оги

    а што треба да правиме, сем да гледаме сеир на оваа тема.

    Напишав и погоре. Тие направиле некој фронт, еве Волан вели геријатриски а јас мислам дека се битни делата а не годините а нам ни останува да чекаме што ке биде со тој фронт. Ке оди на Солун или на Трст.

      andrej — февруари 2, 2010 @ 10:59 am

  103. оги…чут тамо,

    бар малце образовање овде од хемичаро и андреј…волан позвољава
    него другови,
    ОТКОГА че го инсталирам од стик инсталирам флаш на ПЦ?

      django — февруари 2, 2010 @ 10:59 am

  104. фајрфоксот не го инсталираш од стик
    го инсталираш НА стик , при инсталација навигација кон :драјвбуква кај што е стикот
    фајрфоксот го повикуваш од стикот и флешот го инсталираш истотака на фајрфоксот што лежи на стикот

      hemicarot — февруари 2, 2010 @ 11:05 am

  105. аааааааааа….чек…више има логика

      django — февруари 2, 2010 @ 11:11 am

  106. Django

    на ПЦ дома каде немаш лимит никаков, инсталираш Фајфокс, плагини и се што ти треба во фајрфоксот на СТИК.

    А на работа да кажеме како Шарлота го ставаш стикот и од него старташ фајфокс кој на себе има веќе инсталирано се.

    На овој начин може да се користи било која апликација дури и оперативен систем. Ако не можеш да најдеш некоја апликација во портабал а ти треба јави ке ти побарам

      andrej — февруари 2, 2010 @ 11:13 am

  107. Ве читаат кодошите…тие не сурфаат преку стикчиња! :) :)

      batadjango — февруари 2, 2010 @ 11:42 am

  108. на стик го инсталирав…сам си побара КАДЕ и то је Ок
    сеа … плагините на стик како?
    од стик го покренујам (на ПЦ без ограничење, наравно) и ома тоа ПАК на стик и флаш и маш сфе иде?

      django — февруари 2, 2010 @ 11:53 am

  109. Кога ке го статаш од стик одиш на додатоци и земи додатоци. Или одиш директно на страната на која се плагините кои сакаш да ги инсталираш и тие самите ке се инсталираат на тој фајрфокс на стикот

      andrej — февруари 2, 2010 @ 11:57 am

  110. значи овие андреј и џанго махери се да ја разводнат темата. Таман сите се засмеавме а они као усб портабл фајрфокс а бе иди бегај! Него мене ме интересира зошто Киро не беше присутен!? Покрај овие и он изгледа свежо.

      roboto — февруари 2, 2010 @ 11:58 am

  111. Бате,

    сурфање од стик е многу добро зашто можеш да суфаш од секаде а нема трага за тебе на тој компјутер. Значи за кодушлк душу дало. Уште одиш и на некој anonymizer и ни ИП не ти фаќаат, абе што да ти кажам.
    И после некои блогери ке се фалат дека од марс ги читале.

      andrej — февруари 2, 2010 @ 11:59 am

  112. Киро е сива еминенција. Ако до сега тоа не си го сватил, оди на пазар, не се мешај у политика.

      andrej — февруари 2, 2010 @ 12:00 pm

  113. робокап,

    у веза темата…за тебе иам една црвена марама и ти организирам прием кај угриновски…иам вези

      django — февруари 2, 2010 @ 12:00 pm

  114. Django

    сега е обранто, плави се марамите а оделцата им се портокалови.
    Само тие во врвот за да се разликуваат имаат темно одело и портокаљи кравата.

      andrej — февруари 2, 2010 @ 12:01 pm

  115. и …робокап…не барај смеа овде, заш ти само насмеан може да останеш…зашто како се смееме на силине, леви, така се смееме и на дечињата от градинка(пионирите де)

      django — февруари 2, 2010 @ 12:03 pm

  116. се гледаме кај Маршалот? :-) шала на страна сериозна е ситуацијава.

      roboto — февруари 2, 2010 @ 12:03 pm

  117. робокап,

    да да…сериозна е

      django — февруари 2, 2010 @ 12:04 pm

  118. Напротив ја сум многу загрижен а треба и вие да бидете со вакви ликови од ваша страна :-) како беше оној на наводната партија на пензионери со српско презиме? Коа одвали пет-шест српски збора, Груевски ни обеЧа а ништо не ни даде. Ја се Дичам со оваа нова и надежна коалиција.

      roboto — февруари 2, 2010 @ 12:05 pm

  119. А позадината исто беше јака ако приметивте што пишува – АКЦИЈА,ОТПОР,ФРОНТ нешо така. Божееееее 1943???? Угриновски им ги составувал заедно со Тито…и Лазо :-)

      roboto — февруари 2, 2010 @ 12:07 pm

  120. Django

    може него не му е преку qr. Може му е убаво.

      andrej — февруари 2, 2010 @ 12:10 pm

  121. робокап,
    од која планета паџаш?…де читни погоре, а читни и отстрана..од истите овија блогери овде
    абе све си дојде „природно„
    ем пионири у влада ем угриновски ем ахмети сос братство јединство
    абе робокап,
    да ви е алал…во ни џанго не можеше да организује

      django — февруари 2, 2010 @ 12:12 pm

  122. на кого може да му е убаво ?
    или е член на фамилијата или е садомазонешо

      hemicarot — февруари 2, 2010 @ 12:14 pm

  123. да да јас сум груевски химселф!и многу ми е убаво и се е розево. сепак, многу поверојатно е дека вие сте очајни симпатизери на есдеес што ќе пукнат од мака ради потезиве на нивната партија кои се очајни и смешни.

      roboto — февруари 2, 2010 @ 12:15 pm

  124. Каква врска има СДС сега. Ние сме симпатизери на Тито, не читаш ли блогови. И глеаме се враѓа наше време. Владава го копира 102.3% а сега и опозиција ни враќа политбиро назад, како онаа славна генерација на омладинци по смртта на Брежњев, Андропов, Кузњецов, Чеменко и не се сеќавам последниот пред Горбачов како се викаше.

      andrej — февруари 2, 2010 @ 12:21 pm

  125. А иначе ти не можеш да бидеш груевски, за блог сепак треба и малку да си интелегентен.

      andrej — февруари 2, 2010 @ 12:22 pm

  126. и сеа ми текнуе на една емисија вчера-завчера….на тема објектите на лева страна на вардар, тема- барок или неокласицизам? ( у суштина дрн дрн, ама ај)
    гости…онај архитектот на кучата(кич) на тереза- вангел, макрадули, трифун и….арх. никуљски
    е вај никуљски, као ….живи и ради у виена и на секое питање…немушт, понемушт не може да биде…као све….па ово е друга димензија, па не знам шо да ви кажам, па ова па она
    и ја си викам у себе…види шо се кренал овај, на најпроста дилема (барок или неокласицизам!??) не зна да одговори, ебате тоа архитектчето виенско

    коа оно…ја денеска…исто се осечам поред титови леви сили VS???!!…пионирите у влада

      django — февруари 2, 2010 @ 12:23 pm

  127. робокап,

    тебе неколко пути те иам паднато на приправнички…не се улетуј безвеза сеа

      django — февруари 2, 2010 @ 12:26 pm

  128. мене одамна ми е јасно кои сте вие, а и на другите им е јасно :-) исто како што има е јасно кој е Б.Ц.
    а што се однесува до тој Никуљски вистина не беше многу речит, ама стварно е смешно да дебатираш таква тема, дали сте за барок или за не знам што? алооо за вкусови ли да дискутираат и тоа особено архитект VS. јани макрадули??? што има врска јани со архитектура. па уште и смешен се обидуваше да биде копитото од коњот 6 пати го повтори само немаше кој да му каже не е смешно човече :)

      roboto — февруари 2, 2010 @ 12:26 pm

  129. ето…се улета

      django — февруари 2, 2010 @ 12:27 pm

  130. а да идеш ти со угриновски на кафица?

      roboto — февруари 2, 2010 @ 12:29 pm

  131. северна е овде , може и чај/руски , турски / <(“)

      hemicarot — февруари 2, 2010 @ 12:36 pm

  132. на џанго му треба некој појак да го среди малце

      roboto — февруари 2, 2010 @ 12:38 pm

  133. Ќај може само рамковен

      andrej — февруари 2, 2010 @ 12:39 pm

  134. хемичар…може…тамо кај вас бар по пет денара се
    ево ја угриновски за уши че го дотерам
    а пионирите се спремат за заклетва

      django — февруари 2, 2010 @ 12:39 pm

  135. лелееее, АА ти си од левите сили?

      Charlotte — февруари 2, 2010 @ 12:40 pm

  136. шо ќе биде слоганот на новиот блок ?
    “папај па ќе одиме па-па“

      hemicarot — февруари 2, 2010 @ 12:42 pm

  137. АА е од најлевите титови сили, оваа година на одмор во Титово Јајце ќе идат со жанго заедно.

      roboto — февруари 2, 2010 @ 12:43 pm

  138. абе некој е лев , а некој од што е многу портокалов од жолт > црвен ќе стане

      hemicarot — февруари 2, 2010 @ 12:46 pm

  139. Жанго,хихихи :lol:

      Charlotte — февруари 2, 2010 @ 12:48 pm

  140. Робото. јас ум ко Тито. Одам на одмор кај што може да ме видат само вашите политичари кои не одат на одмор.

      andrej — февруари 2, 2010 @ 12:49 pm

  141. Шарлот,

    мене сеуште центарот ми е најјака страна.

      andrej — февруари 2, 2010 @ 12:50 pm

  142. Хемик

    ај погледај тоа пионирите што ти ги напишав како завршиле. Работеле 24/7 за нашата работа и скоро сите работна маса пољубиле.
    таму треба да се бара слоганот во 24/7

      andrej — февруари 2, 2010 @ 12:51 pm

  143. хемичарот,
    така ќе биде…него…во со чајчево…„оролет„ служат тамо?…ево збогради јачина да не припадне некој
    (за робокап не се секирај, он оддамна е даун…уопште не го зиам со мене)

      django — февруари 2, 2010 @ 12:53 pm

  144. [...] Волан [...]

      БЛОГЕРАЈ — Blog — Ало Црвенковски... — февруари 2, 2010 @ 12:53 pm

  145. ре-конструкција се вика тоа /пољубуење маса/

      hemicarot — февруари 2, 2010 @ 12:55 pm

  146. а ти мор шо се цепаш?
    жанго, па шо?…од рука на робокап и мед е сладок

      django — февруари 2, 2010 @ 12:55 pm

  147. Еве ова може лого да биде

    http://www.middleburychurches.org/_/rsrc/1229734842277/middlebury-prays-24-7/24-7%20Prayer%20Intitiative%20Logo.jpg

    Демек 24/7 се молиме да преживееме или 24/7 се молиме да дојдеме до власт, кој како

      andrej — февруари 2, 2010 @ 12:55 pm

  148. Django

    можеш и да си ја симнеш безплатно за да видиш со што си игра робото

    http://games.rambler.ru/shareware/1157988411

    Јеб га коа ке порасне ….

      andrej — февруари 2, 2010 @ 12:57 pm

  149. Жанго(пофранцуски звучи) ,се смеам низ зуби ама немет такво смајли,сакав една стара парола да му добацам на Хемичарон ама не сум до толку :twisted:

      Charlotte — февруари 2, 2010 @ 12:58 pm

  150. е јеб га андреј,

    ама шо да праиш…деца не смее да се прекидаат у развој, јербо може министри да ти станат

      django — февруари 2, 2010 @ 1:02 pm

  151. Овој и премиер може да стане изгледа. Толку ја игра играва што и место Џ удрил Ж по навика, пошто не може да ги згреши не се баш едно до друго на тастатура.

      andrej — февруари 2, 2010 @ 1:04 pm

  152. е не се…баш то и мене ми падна у очи…хихихихи

      django — февруари 2, 2010 @ 1:05 pm

  153. Него слушај немој да се лутиш, ке му кажам кај ке одиме на одмор.

    Робото, пошто ја и Django сме завршиле онаа играта што се вика име и сме го продале, си купивме ко што знаеш хотел у грчка и си напраивме вила. Е у таа вила ова година заедно ке одиме, по кариби.

      andrej — февруари 2, 2010 @ 1:05 pm

  154. (а му реков да не се улетуе..ево сеа , нигде го нема)

      django — февруари 2, 2010 @ 1:05 pm

  155. А ако ни се уарни и накај хаваи ке зацепиме и на новио голи оток че одиме да видиме каква е таму ситуација

      andrej — февруари 2, 2010 @ 1:06 pm

  156. Влеговме на насловна и одма го опоменаа, да се тргне од нас, да не го избламираме.

      andrej — февруари 2, 2010 @ 1:07 pm

  157. Сојузот на титови леви сили? Се пеело “Југославијо, Југославијо“???? Ауууу…. тешко на Македонија со ваква опозиција… Ова беше партијата чии членови излегоа на контра-протест против антидискриминацијата? Ме интересира, тие левичарска партија се? Златна партија упропасти БЦ. ЛДП ја извисија, повеќе не им треба. Баш затоа треба да се формира трета опција. Цела самостојност истите ни го контролираат животт и не лажат.

      outboy — февруари 2, 2010 @ 1:07 pm

  158. и знамето кажи му го бе андреј…шо има да скриваме?…за то иаме јахта нешо ко абрамович сос грчка застава
    чујеш робокап?

      django — февруари 2, 2010 @ 1:07 pm

  159. a be жанго жанго ја сакав у стилот на овој твојов БЦ да зборам, знаеш она после 5 чаши виски Џ станува Ж!

      roboto — февруари 2, 2010 @ 1:07 pm

  160. Еве и слика од вилата ке му дадам да види со која вила ке пловиме.
    Јахта денес дури и наш политичар од опозицијата може да купи ама ваква вила нека си приуштат. А имаа шанса. Ако они го продадеа името и по две вакви ке купеа. Вака нека им течат лиги …

    http://i42.photobucket.com/albums/e324/Andrej081/68d891dc.jpg

      andrej — февруари 2, 2010 @ 1:09 pm

  161. ем коа толку им сече

      django — февруари 2, 2010 @ 1:12 pm

  162. Ма тоа ти е. Него знаеш ај да искористам прилика. Ова нашиве школски другарки

    http://i42.photobucket.com/albums/e324/Andrej081/1.jpg

    ми откажаа за летоска. Ке оделе со Робото заедно. Им обеќал бољи провод. Нас ке ни ги пуштеле керките

    http://i42.photobucket.com/albums/e324/Andrej081/2.jpg

    Што ти е да си блиску до власт. Има прсти ко у маст да лижеш.

      andrej — февруари 2, 2010 @ 1:16 pm

  163. ама шо знае дете?
    и ај еве…да го носам на чај кај хемичарон преко вардар…
    нема да ме изрезили?
    ома ке рече, уше неседнати:„кај е клозето?„
    а сто пати сум рекол:„коа си со мене…мала нужда-дома„
    ама на кој да зборам?
    а ти па уше фотките…ехееееее….прво одличен ученик требе да биде, па после

      django — февруари 2, 2010 @ 1:25 pm

  164. (а му реков…не се улетуј)

      django — февруари 2, 2010 @ 1:26 pm

  165. Ама одличен вонреден ученик е подобро да биде

      andrej — февруари 2, 2010 @ 1:28 pm

  166. му го ебавте постот на волан, брао мисија успешна :-)

      roboto — февруари 2, 2010 @ 1:30 pm

  167. ама глеаш?…па го нема…па кида од часои…и сеа?

      django — февруари 2, 2010 @ 1:31 pm

  168. волан јави се…

    дали ти го ебавме посто?
    или сме „на шашава линија?„

      django — февруари 2, 2010 @ 1:33 pm

  169. Робото па ти бараше да се насмееме

      andrej — февруари 2, 2010 @ 1:34 pm

  170. уствари…да
    робокап, де прочитај се погоре…ти бараше смешки

      django — февруари 2, 2010 @ 1:40 pm

  171. уствари робокап,
    ТИ го еба постот на андреј
    а убаво озбиљно си зборевме

      django — февруари 2, 2010 @ 1:42 pm

  172. постот на волан де
    (уше смеа ме држи)

      django — февруари 2, 2010 @ 1:43 pm

  173. Уште Киро Глигоров им Фали па сите на Сремски фронт да одиме ;-)

      stefus-refus — февруари 2, 2010 @ 1:48 pm

  174. Што е бре ова сите опозиционери не истото го зборат. Па прочитај погоре. Киро е сива еминенција, како тоа до сега не го свативте.

      andrej — февруари 2, 2010 @ 1:50 pm

  175. киро е бил репресиран? зашто бе?

      roboto — февруари 2, 2010 @ 1:51 pm

  176. Сите се сиви во косите а дали Киро е еминенција незнам :-?

      stefus-refus — февруари 2, 2010 @ 1:55 pm

  177. Киро секогаш ке биде еминенција
    И по Киро Киро.

      andrej — февруари 2, 2010 @ 1:57 pm

  178. Роби дај ургирај кај Грујо…нека им го одстапи Ѕинго, некако не се комплетни..ааа, че го забораев министер за правда а и Амди..не глеаш дека во фронто не Ѓуптин…

      karamba! — февруари 2, 2010 @ 4:59 pm

  179. ѕинго од 1998 плаче за оваа коалиција, ама денешниов ѕинго е поитар :-) гледаш кого успеал да привлече бране истрошени старци без пари. еее порано цел народ лажеше сега може само титови леви и уше два тројца пензионери со алцхајмерова. а за ѓуптин па бц се поише заличува на џамбаз така да.

      roboto — февруари 2, 2010 @ 5:43 pm

  180. За младиот Маневски не ми даде оправдување…

      karamba! — февруари 2, 2010 @ 6:00 pm

  181. ааа епа не знаев дека сум на отчет :-) значи ако скролуваш нагоре ама ептен нагоре пошо има 190 коментари за ова епско случување напишав дека не е проблем староста туку луѓево едни се истрошени други се издувани трети се одлепени а сите заедно ги обединува никој друг него БЦ!

      roboto — февруари 2, 2010 @ 6:10 pm

  182. Гледам сум ја пропуштил журката – морав да дежурам кај мајками.

      волан — февруари 2, 2010 @ 10:50 pm

  183. Со пајтон-партии во битка против власта
    http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=684C06AC90A2C0479A95388EC5121D0E

    И натаму без сериозна закана за владата
    http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=F1BCD022B8FDF140AA65780813335EC8

    Груевски е обединител на фронтот
    http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=3E8DEF423BF27349895D662251199567

      волан — февруари 3, 2010 @ 11:12 pm

  184. Да не јадеме многу гомна.Со Црвенковски нема шанса да падне Груевски од власт.Просто.

      krapp — февруари 4, 2010 @ 11:40 am

  185. Ептен е хумористично како бранко па ке ги заебе по стоти пут на иста финта сите лешинари што се собрава окулу него.Ги ора ко нивче, јеботе.Не дека ке се врати на власт али ке докаже дека е ненадминат манипулатор и мангуп.Остап бендер.

      krapp — февруари 7, 2010 @ 8:29 pm

RSS feed for comments on this post. TrackBack URI

Leave a comment

You must be logged in to post a comment.

WPMU Theme pack by WPMU-DEV.