За вкусевите/невкусовите не се дискутира, но … соновите на Груевски коштаат бајаги
За вкусевите/невкусовите не се дискутира, но кога нечив вкус/невкус е на терет и на мојот/нашиот џеб, за таквиот вкус/невкус и те како се дискутира. Трошењето на еден процент од буџетот на државата и тоа перманентно во наредни неколку години, не е ни дефинирано колку – е проблематично особено за нашите „гладни“ стомаци.
Груевски и неговата партија претераа со своите нереални соништа и бесмислено се обидуваат да ни продадат дека е тоа вистинскиот пат за излез од кризата, која е длабоко политичка но и економска пред се. На сето тоа таканаречената антиквизација не е симната од врвот на топ приоритетот на оваа власт предводена од Груевски и ВмроДпмне. Антиквизацијата (со имешани стилови на Скопје кое никојпат немало такви стилови) која ги иритира сите нејзини противници како внатре во државата така и надвор, особено грчката страна која на база на нејзините стравови дека и се загрозени националните интереси и територијалниот интегритет не држи како заложници во оневозможниот процес на Евро-атланските и ЕУ интегративните процеси.
Врвот на „гротеската“ е дека сето ова било запишано во „библијата“ на ВмроДпмне нивната преродбеничка програма од сто чекори надградена и проширена, дека за нив тоа е доволно за да ја спроведуваат оваа налудничава програма за ново сон-сонувано Скопје. Безобразно е сега да се тврди дека овој процес бил транспарентен процес, дека за него имало јавна дебата (кога), дека се консултирани стручњаци од градежната фела (кога, како и кои…), дека дел од него (сонот на Грујо и компанија) не е дел од Владин концепт туку дека е дел на одлуки на локална самоуправа на Општина Центар, на која пак и е „издиктиран“ овој сон и која вели – тоа е така бидејки Владата е инвеститор а ние (Општина Центар) сме само спроведители на нарачката на сонот на „инвеститорот“. На крај велат лицемерно велат ние сме отворени и за Вашите идеи !!
Се` (демек) изгледа легално и транспарентно, но се` е дефакто легално нетранспаретно. Скопјани и цела Македонија ке треба цел живот натака да живеат со нереалните сништа на „вождот“ за грандиозен споменик (само на будите се граделе такви мономенти) на личност од историјата кој никојпат не стапнала на територија на Скопје, да поминуваат низ вождовата триумфална капија, која во историјата на Скопје е позната само од османлискиот период кога во Скопје на пропатување стапнал Султанот и во негова чест е изградена триумфална порта кај старата железничка станица на влазот на улица Македонија пред тогашната железничка станица.

На секој чекор низ центарот на Скопје скопјани во иднина ке мора да се судруваат со избликот на импозантно споменикување на мртвите заслужни Македонци градени врз плеќите на сегашните и идните Македонци, кои се соочуваат со најголемата економска беда во својата историја.
Сето ова е подржано од гласноговорниците, платени и неплатени од никого кои велат – тој (вождот) на база на ваква програма легално доби двапати избори и има право и обврска да ја исполнува програмата. А ние кои велиме дека ова не ни се допаѓа можеме само да гледаме и да ќутиме, бидејки ако критикуваме дека ова е невкус и дека е залудно трошење на пари кои ги немаме, пари кои се земаат како странски кердити на грбот на идните генерации Македонци – на нас ни се вели отворено и дрско ако не Ви се допаѓа одете си, напуштетеја Македонија, како којзнае од каде да сме дошле, веројатно со нивните мајтапни цевчиња преку Дунав. Забораваат дека ова е и наша татковина и дедовина и имаме легално право барем да офкаме бидејки боли сега а ке боли долго и во иднина.
Процесот на исилено градење на споменици секојат е проследен со нов процес на рушење на исилените споменици. Скопје е познато по многу споменици кои се срушени во некои следни историски процеси. На сличен начин се палат сликите од албумот кога ке се прекине љубовната врска – разликата е во тоа што кога се однесува за нашите слики кои ги кинеме/палиме несакајки да се подсетуваме на дел од нашиот интимен живот тоа никого не го кошта (осем самите нас), тука сето ова се спроведува со наши заеднички пари.






Само вербално против „Скопје 2014“
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=23954288576DBC42A9186792ADA62880
Барокот не е туѓ за Скопје
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=6E058A773189C54D822EB72DA59A7427
Проектот „Скопје 2014“ ја мобилизираше државата
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=2950ABFEA4297246ACFCCE31261B0951
волан — февруари 8, 2010 @ 12:23 pm
Волан,
Кој те налути толку многу?
alexandro — февруари 8, 2010 @ 12:49 pm
Волан: “А ние кои велиме дека ова не ни се допаѓа можеме само да гледаме и да ќутиме…”
Не е точно. Ако навистина ти значи да не се спроведе овој план – организирај референдум на ниво на град. Тоа е единствен начин да покажеш дека противниците на оваа идеја се повеќе од нејзините приврзаници. Во спротивно – треба да се прифати, затоа што принципите на демократијата налагаат да се прифати ставот на мнозинството.
zidarski — февруари 8, 2010 @ 6:11 pm
alexandro – ме лути секој кој ги задолжува идните генерации за да спроведе свои хировити потреби.
волан — февруари 8, 2010 @ 8:31 pm
zidarski – несмејам да критикувам, но можам да организирам референдум.
За високите цензуси за референдум криви се СДСМ и ВмроДпмне (курто/мурто) кои ги воведоа со коннсензус за да не се појави трет играч.
волан — февруари 8, 2010 @ 8:34 pm
Можеш да критикуваш – но празната критика значи дека единствено ти значи да се “издуваш” (што не е лошо – секој од нас има потреба од тоа). Ако навистина сметаш дека е таков голем проблем, каков што го претставуваш (со оглед на тоа колку внимание му посветуваш на конкретниот проблем) – тој има многу едноставно решение.
Затоа – најпријателски те прашувам – дали е целта на постовиве да си праиме муабет и да си каже кој што го мачи за да му олесни на душата дента, или е целта да искажеш вистински револт и да предизвикаш промена?
zidarski — февруари 8, 2010 @ 9:30 pm
zidarski – целта на моето блогирање е повеќеслојана.
- ми служи мене за да ми олесни на душата како што велиш. Во еден пост тоа го имам објаснето.
БЛОГ – зошто блогирам
- служи на моите пријатели и фамилијата да ми ја следат душата и мислата
- во делот каде се бавам со политичко економски и социјални теми треба да им служи на позицијата, за да ги видат искрајните критики од обичен народ нечлен на ниедна партија
- на времето Ленин кога ја униптил опозицијата барал таа да се створи повторно за да видат каде грешат, за да можат да ги корегират грешките. Апсолутната власт е слепа, нетранспарентна, апсолутно корумпирана – но и глува.
- служи на социолозите и политиколозите кои читајки многу вакви мислења укрстуваат и прават научни анализи на политичките и социјалекономските процеси. Една таква анализа е веќе направена но не е објавена сеуште на интернет. Мојот блог завзема големо место во таа анализа, ја добив на меил.
- им служи на новинарите од истите причини, поради долгата архива и специфичното долго линковско следење на исти теми …
- помошна цел на моето блогирање е на интернет да подигнам фото стории од местата кои ги сакам а представуваат културно историско наследство или представуваат природна убавина во Македонија.
- ми служи за да правам своевидна мала хроника на актуелните случувања во Македонија …
Целта на моето блогирање не е превземање на власта, ниту учество во некоја партија – бидејки лично имам оценето дека поради моите специфични слабости секојпат да ја зборувам вистината која ја гледам ивав некојпат и би имал во иднина проблеми во политичкото здружување и активност.
* Мојот блог е мојата БлогВикипедија – Среќна нова 2010 година
* МК блого.(втор дел) – политички и социолошки трендови
* Македонската блогосфера – политички и социолошки трендови
* БЛОГ – зошто блогирам
волан — февруари 9, 2010 @ 8:36 am
Не може да го дадеш тоа што го немаш
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=FC7092AAC8FB73449F38C263290A255C
** Посериозните проекти на Мусолини или на Хитлер имале вакви „визии“ со посаглам автори: Шпер или Маринети и визиите за машината како авангарда; Русија ги имала Потемкин и Сталин, но најблиску до нашиов е, сепак, Чаушеску.
Одисеја 2014
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=C8627D92F4C57E45A715AE018E57973C
** Синтагмата народот нема леб да јаде, иако, се разбира, не е далеку од реалноста, не треба да создаде парализирачко дејство при носењето силни одлуки.
волан — февруари 9, 2010 @ 9:53 am
Опозицијата се мобилизира контра „Скопје 2014“
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=5AA12078825D8E49A87D5CD4A648A457
** Итна собраниска седница, формирање движење на отпорот, референдумско изјаснување и протести се дел од мерките што ги најавија опозициските партии, за да ја спречат реализацијата на проектот „Скопје 2014“. Додека партиите од македонскиот блок сметаат дека проектот за нов изглед на плоштадот Македонија е кич, несоодветен за културните услови на овие простори и премногу скап во услови на тешка економска состојба, албанските партии, покрај овие забелешки, инсистираат и на рамноправна застапеност на споменици и објекти во мултиетничка и мултиконфесионална Македонија.
- Груевски се разбудил едно утро и си рекол: сакам споменици, кич, да го поделам народот, да ги провоцирам Албанците, сакам барокни фасади, а не вистинско решавање на проблемите. За нив 200 милиони евра не се ништо. Не ги интересира што мислат архитектите, еснафот, скопјани, како и другите граѓани што не живеат во Скопје, а не можат да сврзат крај со крај
волан — февруари 9, 2010 @ 9:57 am
На градот ќе му се врати душата
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=EE24939D0320744D8E445A67E6FDE48F
** Да му се вратат на Скопје старите објекти што постоеле пред земјотресот, бидејќи на тој начин ќе се врати неговата душа. Тоа е пораката и позитивниот став кон проектот „Скопје 2014“, искажана на средбата на старите скопјани што вчера се одржа во хотелот „Бест Вестерн“, под модераторство на Данило Коцевски.
- ..инсистирањето да се стават многу објекти на левата страна на кејот на Вардар е сосема во ред, бидејќи пред земјотресот токму на тој простор постоеле објекти со слична намена. За него, ниту триумфалната порта не е одвишок, иако во Скопје никогаш не постоела.
волан — февруари 9, 2010 @ 10:01 am
“…А, „Плоштад Слобода“ и „Архибригада“ по се’ изгледа се поддржувачи на крупниот капитал, кој сигурно има свои планови за плоштадот, свои потенцијални лумикси…”
Бунтовниот Букарски полека полека се претвора во она папарацото што се врти околу хациендите на Водно…
Barabbas — февруари 9, 2010 @ 10:37 am