волан






         

февруари 9, 2010

Зошто блогирам – кои се целите на моето блогирање (одговор на Зидарски)

http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/2c0f391d.jpg

Во предходниот пост и во некои други постови Зидарски аргументирано ме уверува дека моите ставови за социолно-политичките процеси во Македонија треба да ги усмерам во некоја политичка партија (да организирам референдуми) за да преку учество во власта допринесам за смена на социјано политичкиот живот во Македонија. Неколку пати до сега јавно укажувам кои се целите на моето блогирање, ке ги повторам и на овој пост:

Целта на моето блогирање е повеќеслојана.

  • ми служи мене за да ми олесни на душата како што велиш (Зидарски). Во еден пост тоа го имам објаснето.БЛОГ – зошто блогирам
  • служи на моите пријатели и фамилијата да ми ја следат душата и мислата
  • во делот каде се бавам со политичко економски и социјални теми треба да им служи на позицијата, за да ги видат искрајните критики од обичен народ нечлен на ниедна партија – зошто да не и на опозицијата за да преземат некои од аргументираните критики и преку опозиционо дејствување во органите на влста вршат корективна улога на власта (што е основна цел на опозицијата во периодот меѓу изборите)
  • на времето Ленин кога ја униптил опозицијата барал таа да се створи повторно за да видат каде грешат, за да можат да ги корегират грешките. Апсолутната власт е слепа, нетранспарентна, апсолутно корумпирана – но и глува. Прашање е дали сака да чита критики или само гледа во своето огледало кое на нивното прашање кој е најубав на светот – стално им вели „ТИ,ТИ,ТИ“ …
  • служи на социолозите и политиколозите кои читајки многу вакви мислења вкрстуваат и прават научни анализи на политичките и социјалекономските процеси. Една таква анализа е веќе направена но не е објавена сеуште на интернет. Мојот блог завзема големо место во таа анализа, ја добив на меил.
  • им служи на новинарите од истите причини, поради долгата архива и специфичното долго линковско следење на исти теми …
  • помошна цел на моето блогирање е на интернет да подигнам фото стории од местата кои ги сакам а представуваат културно историско наследство или представуваат природна убавина во Македонија.
  • ми служи за да правам своевидна мала хроника (дневник) на актуелните случувања во Македонија …

Целта на моето блогирање не е превземање на власта, ниту учество во некоја партија – бидејки лично имам оценето дека поради моите специфични слабости секојпат да ја зборувам вистината која ја гледам ивав некојпат и би имал во иднина проблеми во политичкото здружување и активност.

Bookmark and Share


3 Comments »

  1. Убаво напишано…

      gjurovski — февруари 9, 2010 @ 1:38 pm

  2. “…во некои други постови Зидарски аргументирано ме уверува дека моите ставови за социолно-политичките процеси во Македонија треба да ги усмерам во некоја политичка партија…”
    Волане – СКРАЈА БИЛО!
    Најискрено – НИКОГАШ не би те советувал да ги усмериш твоите ставови во некоја политичка партија!

    Бидејќи не се разбравме нешто… ќе се обидам да дообјаснам некои свои коментари.
    Не сум приврзаник на ниедна политичка партија! Не зборувам само за конкретните политички партии во Македонија (или во Канада каде живеам), а генерално не сум приврзаник на принципот на припадност кон некоја политичка партија. Сметам дека човек може да “припаѓа” на одредена идеја, кауза, принципи… не на партија.
    Она за кое зборувам во многу од своите коментари се вика “граѓанска одговорност”. Граѓанинот на една држава е на власт во таа држава! Се додека граѓанинот не почне да размислува така – државата сама по себе е тоталитарна, и тоа не заради владата, а заради граѓанинот! Тоталитаризмот не настанува само заради тоа што некој го наметнува, од горе – а пред се, затоа што некој го допушта, од долу.
    Она што е многу битно да се разбере е дека граѓанинот нема само права и обврски во смисла на должности кон законот, туку има права и обврски кон самиот принцип на демократијата, кон својот град, држава, народ, па дури и на поединечно ниво – кон своето семејство и кон своите деца. Заради тие граѓански обврски – тој е должен да биде активен учесник во процесите кои се случуваат во општеството, се разбира, со различен степен на активност, во зависност од личните ограничувања кои си ги поставува.
    Доколку на еден граѓанин на една држава, му значи нешто да се промени, доколку навистина смета дека работите се дојдени до точка во која веќе е неподносливо самото негово постоење во таа држава, тогаш тој треба нешто да превземе. Во таквите моменти – тој, граѓанинот – прави се што му е по силите и по законот возможно за да ја промени ситуацијата во која се наоѓа. Обрни внимание на терминот – “прави”! Не велам “размислува” што ќе направи, ниту пак “зборува” за тоа што ќе направи. Едноставно “прави”.
    Но… да се навратам на конкретниов случај, пријателе…
    Доколку некој навистина смета дека работите се толку сериозни, и дека навистина има потреба од сериозни промени, доколку навистина гледа дека се случува нешто страшно, нешто што ја загрозува судбината на народот, на градот, државата, и пред се – неговата лична, и уште поважно – на неговите деца… тогаш како може тој истиот човек да не превземе нешто околу тоа, кога веќе ги има законските механизми кои тоа му го овозможуваат?! Без баналните оправдувања дека “ништо не може да се направи”, затоа што се додека човек сериозно не се обиде, како ќе знае дека не може? Затоа што на друг некој не му успеало? Знаеш колку луѓе пред Лех Валенса се обидоа да кренат револуција во Полска? Речиси на секои 5 години имаше вооружен судир, од 1945-та, до 1980-та година… Па ете – работникот од Гдањск, реши да не се откаже. Се додека не се исцрпат сите можности, значи дека сеуште може! Ако не се обидеш – дали тогаш можеш со чисто лице, и со чисто срце да застанеш пред своите деца, гледајќи дека живеат во мизеријата на таа држава (која ти многу пати ја опишуваш – и не мислам само на материјалната мизерија), и да им кажеш – деца, јас се обидов, направив се што можеше да се направи, мојата совест е чиста. Можеш ли?
    Ако не… ако состојбата не е таква што навистина да бара промена, односно, состојбата е доволно добра за да се живее, работи, учи, делува, опстојува нормално во таа држава – тогаш зошто толку постови и негативни коментари упатени токму кон таа состојба?

    Или биди “верен” на своите зборови, или биди “верен” на своите постапки…

    Со почит,
    Зидарски

      zidarski — февруари 10, 2010 @ 9:01 pm

  3. Овие неколку недели сум со целото тело и душа во борба со болеста на мојата мајка и немам сила за премногу размена на ставови. Најкраток одговор може да биде дека вака си ја ладам душата и викам дека на “царот Трајан“ му се козји уштие.

      волан — февруари 10, 2010 @ 9:46 pm

RSS feed for comments on this post. TrackBack URI

Leave a comment

You must be logged in to post a comment.

WPMU Theme pack by WPMU-DEV.