волан






         

февруари 11, 2010

Триумфирање на власта … Чуму дебата за нешто што е веќе започнато со реализација

Filed under: општество, пари, политика — волан @ 9:08 am
Ознаки: , ,

http://1.bp.blogspot.com/_Ptx9S7frrLI/S2_SsGAHjJI/AAAAAAAABJs/_4FyU8eKY48/s400/%D0%A2%D1%80%D0%B8%D1%83%D0%BC%D1%84%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%B0+%28Small%29.jpg

Скопје 2014 пробуди дебата насекаде. До еден процент секоја година (до 2014) Македонецот ке одвојува од годишниот буџет за да се изгради нечив сон кој не е ни досонуван. Власта се однесува како сите животни кои ке завладаеат со некоја територија – замочуваат на секој ќош за да останатите знаат дека тука владее тој што замочува. Така и нашава власт замочува на секој агол се и сешто во стилот овде споменик, таму музеј, овде лад …

Сите кои малку критички размислуваат пишаа за своите размисли, се отвараат дебати за и контра. Но чуму дебати – власта се оглушува на неа/нив и во одговорите прави уште една поделба. Оваа власт страна најстручна за разно разни поделби на Македонците, за поделба на власта на специфичен начин со албанскиот партнер на власта. Оние кои доаѓаат на дебатите не одговараат на шкаливите прашања, велат дека за тоа не се запознаени. Ги слушам неколкуте утрински емисии каде се јавуваат едни исти луѓе, како да се професионализираа за про едн контра. Веројатно за такви про еднд контра ги сметаат и оние кои пишуваат во медиумите па и во блоговите т.е. новите медиуми.

Власта проектот го обмислила и проценила дека тоа за неа ке донесе највеќе бодови на некои наредни избори. Цврсто стои на остварувањето на оваа и сите останати идеи. Не ги решава, ниту се обидува да ги реши најтешките прашања – тоа се меѓународната положба на Македонија и ЕУ и НАТО интеграциите, не ги решава економските проблеми и невработеноста. Како да уживаат во својата улога на трошаџии на заедничките пари во остварувањето на своите хирови. Мава со камшикот на власта по оние кои не платиле од она што они легално го зацртале како данок, казна …Градат дури и триумфална порта за да може да се сликаат под неа, дека ете тие се тие што триумфираат – сите ние останати сме губитници. Тие ја извојувале победата (со смо 30 процентна подршка од народот/електоратот) и ете законот им дава право да триумфираат, да слават. На нас кои не им е до славење чарето ке си го бараме на друго место.

Ако ги стигне казната таа може да ги стигне само на избори и по изборите. Првите редовни се по некои две години и кусур, не верувам дека ке се одлучат на предвремени. Па Македонци, мислите кога бирате а сега трпите – се разбера не морате и да траете бидејки ве боли. Си заслуживте онаква власт каква што си избравте.

Bookmark and Share


9 Comments »

  1. Пет хектари земја
    http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=D3EE4ABD1304C44C83195B21E83C65B5

    ** Дебатата веќе станува непотребна. Работата е завршена, а реализацијата е почната.

    **
    - На почетокот од оваа власт беше расчистувањето со криминалот. Тоа пропадна.
    - Потоа беше приказната со милијардите долари странски инвестиции и десетици илјади нови вработувања. И тоа пропадна.
    - Потоа дојде приказната со судството, образованието, здравството и културата. И тоа пропадна.
    - Потоа беше приказната за осумте милијарди евра јавни инвестиции. Пропадна.
    - Па приказната за економското и бизнис-чудо во Македонија и преродба на економијата. Пропаднаа.
    - Па евроатланската приказна. И таа пропадна.
    - Потоа дојде приказната за одбрана на името. Со неа не се знае што се случува, но изгледа дека и таа пропаѓа бидејќи резултати нема.

    ** Е, сега дојде приказната и со 5-те хектари земјиште во најстрогиот дел од центарот на Скопје, што во идните четири години треба да компензираат се’ што пропадна во минатите четири години. Државава со површина од 25.713 км2 сега ќе треба да се препороди на 0,05 км2, што е еквивалент на 5-те хектари. Тој препород треба да ги убеди сите, но пред се’ скопјаните, дека на власта и’ треба уште еден мандат од четири години за владеење.

    ** Интересно е што запалените глави од власта или од опозицијата, кои јавно дебатираат, немаат ни малку дилеми за проектот – тие се или стопроцентно убедени дека тоа е најдоброто нешто за Македонија или се стопроцентно убедени дека сето тоа е целосно промашување.

    ** Од друга страна, дебатата веќе станува непотребна. Работата е завршена, а реализацијата е почната. … Ако се сеќавате, некои од градбите почнаа пред 3-4 години со ветување дека ќе се завршат за две години. Двете години поминаа, а од завршувањето нема ни трага. Така ќе биде и во 2014 година.

      волан — февруари 11, 2010 @ 9:20 am

  2. волан наивно мислиш дека се што е зацртано ќе се изгради до 2014…не бе волан тоа е приказна за јас и ти да си ја раскажуваме…позадината е многу посуптилна.

    Туку кога ќе размислиш каде живееш и со кого си се опкружен и што ти се случува…целата идеја и не е до толку лоша.

    Кога албанците ти го освојуваат цел животен простор и не е страшно да се гради црква на секоја раскрсница и не е страшно да се обележува животински територијата. Сепак е борба за опстанок.

    Или да ги пуштиме дрекавците(со спреј во рака) да не бранат кога ќе ни дојде ножот под грло.
    Што викаш ти а…???

    Инаку за декадентноста и декаденцијата која се јавува кај секоја власт без исклучок не би сакал ништо да коментирам…тоа е тоа.

      mecetousko — февруари 11, 2010 @ 9:20 am

  3. mecetousko – мене ми е потполно јасно дека се ова “шарени лажи“ на власта – однемајкаде измислени затоа што на другите фронтови кои ги започнаа не им оди. Колку сето ова му е јасно на народот кој е и гласач ке се види на наредните избори било кога да се одржат.

      волан — февруари 11, 2010 @ 9:26 am

  4. Орвеловото Скопје 2014 година
    http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=3D94D636FFF34F4798FECA2C725765EB

    ** Орвелската презентација ме потсети на морбидната телевизиска снимка со пакетите хуманитарна помош наменети за огладнетите цивили на Сребреница, кои им се фрлија од хеликоптери, а каде што наместо вода и храна, тие најдоа четки и пасти за заби.

    ** Откако ја отфрли автентичната македонската историја и се нафрли во потрага на античките корени на Македонците, актуелната власт, во ликот на Големиот Брат и во духот на Индијана Џонс, направи проект на виртуелна македонска историја, игнорирајќи ја допирливата реалност што ја има пред очи, а тоа е мултиетничкото и мултиконфесионалното општество на РМ. Масовните споменици на политичари качени врз зооморфни суштества, фонтаните, коњите, лавовите, изборот на овие и на другите елементи во проектот, а во рамките на денешниот македонски контекст, се првенствено во служба на уништувањето на македонскиот идентитет и неговиот надомест со плагијатура на идентитети.
    ……………………..

    *** Мируше заборава да спомне дека сето ова го прават и албанските партии иносители на власта на своите територии – нивните проекти за обележување на територија со споменици а борците со пушки и бомби се поставени дури и во школските дворови …

      волан — февруари 11, 2010 @ 9:43 am

  5. ако имам време ќе напишам нешто на оваа тема со оглед дека досега не се вклучив во ниедна блог дискусија…а и сите беа јалови и празни…немаше ништо дадено издржано…се беа дневнополитички…тука го сврстувам и твојов пост…и тој припаѓа на таа категорија дебатирања и анализи.

    само на кратко да кажам тука. сосема нормално е да се критикува власта(секоја власт)без исклучок токму заради синдромот на декадентност кој се јавува без исклучок, но потребно е здрава критика а не дневнополитичка и празна критика која во суштина не се разликува од декадентните постапки на власта. Или тогаш немој да критикуваш.(ова не се однесува на тебе зборувам генерално)

    Кај нас сосема е нормално да се осудува некој новинар, јавна личност или било кој друг кој јавно заземал страна и опција…а некој кој со сите постапки и настапи брани исто така некоја страна и опција не се осудува затоа што самиот себеси се декларира за неутрален и непартиски.Тој е жртвеник и борц за правда…народен херој.

    Се осудува пропагандата на власта со телевизиски спотови…а не се осудува на пример пропагандата на печатениот медиум Шпиц кој верувај ни малку не се разлкува од било која владина пропаганда а оваа се сервира со 5 денари и со наводни наградни игри.Е сега владините спотови биле наводно народни пари а колумните во весников се од приватен џеб финансирани. Како не бе!!!

    Значи секаде каде да се свртам тоа се двојни аршини. Никаде нема доследна примена на правилото за борба на интереси и интересни сфери.

    Градењето на црква и споменици во Скопје е токму таква борба на сферни интереси, не само национални туку и профитабилни и тоа е јасно. Начинот на кој се спротивставуваат противниците на таа идеја ни малку не е наивен и морален…а сакаат да ни го сервираат дека тоа се жртви кои животот го даваат за правда и правдина.

    И сега сите ние кои не сме ги врзале нашите интереси со таа финансиско национална кауза треба да им веруваме на овие дрекала со спреј во рака. Не во никој случај. Затоа што тие исто така застапуваат нечии национално финансиски интереси. Не се тие борци за правда и правдина.

    Демократијата и демократското општество означува легитимитет на борба на сечии интереси и права, а не борба за фиктивна и имагинарна правдина и вистина која никојпат не постои.

    Реков ако имам време ќе пишам кај мене…вака чисто во од некоја мисла да нафрлам кај тебе.

    Поздрав

      mecetousko — февруари 11, 2010 @ 9:44 am

  6. Споменици ѕидаат постамент за делби
    http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=41EB7F40C789FF4298373AFAFBFCCBD0

    ** .. поставувањето на спомениците води кон своевидно „маркирање“ територии како посед на оние што управуваат со таа површина, предупредуваат социолозите

    ** Проектот „Скопје 2014“, кој беше оценет како „чисто македонски“ за почеток доби одговор со „чисто албанска“ иницијатива за споменик на Џемо Хаса во Гостивар. Македонците го сметаат Хаса за албански фашист, Албанците за голем антикомунист. Со различни и целосно спротивставени ставови беа дочекани и новите меморијални комплекси посветени на загинати Албанци, учесници во конфликтот од 2001 година

    ** Поставувањето споменици почна да излегува од контрола во првите години по завршувањето на конфликтот од 2001 година. За кусо време, во Танушевци, Слупчане, Арачиново, Блаце, Селце никнаа големи меморијални центри посветени на загинатите припадници на ОНА, а во Гостиварско, Тетовско, Липковско помали спомен-обележја. Сите тие се лоцирани во средини во кои доминира албанската етничка заедница.

    ** Пред неколку години, контроверзии и обвинувањата за нелегална постапка ги следеа и создавањето на т.н. музеј на ОНА во скопската општина Чаир, како и поставувањето на споменикот на Скендер-бег.

    ** Социологот Илија Ацески предупредува дека по конфликтот од 2001 година, како да се повлечени линии на разграничувања според логиката „ние сме газди во својот двор“. … на тој начин процесот на сегрегацијата во земјава практично влегува во завршна фаза.

      волан — февруари 12, 2010 @ 5:38 am

  7. Муабетите околу “поделбата” се бесмислени. Дали за секоја џамија што се гради во Тетово или во Сарај, треба да се гради и по една црква?! Ако се размислува со таа логика – ќе треба да се отстапува за се и за сешто. Крајно време е албанците да бидат дел од Македонија и да почнат да допринесуваат за нејзин развој, а не само да бараат повод за раздор и да собираат политички поени.

    Од друга страна, многу е интересен терминот – 2014. Редовните избори се во 2012-та година. Проектов ќе биде започнат, и ќе биде одличен слоган за избори – дајте ни доверба уште 4 години, за да го довршиме тоа што е започнато, затоа што ако дојдат другите, ќе срушат се (или ќе остане недоградено)… ќе се навратиме на темава за 2 и пол години… :)

      zidarski — февруари 12, 2010 @ 8:09 pm

  8. Албанците и Турците бараат свои споменици
    http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=912F6B8636561F4ABEBEFA5E7C4279B3

    **
    - Бараме министерката и градоначалниците да ја изградат автентичната куќа на Мајка Тереза на местото на Спомен-плочата на плоштадот, по повод 100 години од нејзиното раѓање.
    - Владата, исто како што и’ додели земјиште на МПЦ по привилегирани услови да и’ додели земјиште и на Исламската верска заедница (ИВЗ), заедно со дозвола за изградба на Бурмали џамија.
    - Владата, исто така, треба да ги реставрира Старата чаршија, Албанскиот театар, да ја заврши изградбата на Камен мост и да го уреди левиот Кеј на реката Вардар – изјави Беким Хоџа, од здружението „Разбуди се“.
    - Тие бараат споменици на Адем Јашари, 28 Ноември, 17 Февруари, на паднатите борци од Македонија на ОВК, Призренската лига, Јашар-бег Шкупи, Исмаил Кадаре, Луан Харадинај и многу други.
    - На местото на скулптурата на Јустинијан Први бараме да се постави скулптурата на Фатих Султан Мехмет, кој е градител на Камениот мост уште во Отоманската Империја
    - Покрај скулптурите на свети Климент, св. Наум и св. Кирил и Методиј, Сојузот бара да се постават скулптури на Јахја Кемал Бејатли, Исхак Челеби и на Гази Баба, а освен изградба на музеј на жртвите на комунизмот да се предвиди нешто слично за жртвите на движењето „Јуџел“ или пак музеј на отоманската култура во Македонија.
    - Во проектот не може да се видат скулптури на ниту еден султан од Отоманската Империја, како Паша Јигит, Иса-бег, Султан Мурат, Султан Бејазит и други, или пак скулптура на основачот на модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк или пак на поранешниот градоначалник на Скопје, Салих Асим. Не може да се види мултикултурниот карактер на државата.
    —————————

    *** не е далеку времето кога србите ке побараат да се вратат спомениците од времето кога кралството на србите владееше со вардарска Македонија, оние скулптурите кои беа срушени кога се врати бугарската власт во Македонија … ке бараат да се изгради споменик на Цар Душан крунисан во Скопје, на градителот на повеќето средновековни цркви во Македонија дедому на Цар Душан царот Милутин …

    *** бугарите од Македонија ке побараат да се постават споменици на бугарските цареви и владетели кога Македонија (овој дел) била управувана од нив …

    *** Крале Марко го нема на плоштадот ?!

      волан — февруари 13, 2010 @ 11:04 am

  9. На плоштадот се бара место и за Ругова, Ататурк, борците на ОНА…
    http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=056A8EF9A0B7E14492453D47766984D2

      волан — февруари 13, 2010 @ 11:11 am

RSS feed for comments on this post. TrackBack URI

Leave a comment

You must be logged in to post a comment.

WPMU Theme pack by WPMU-DEV.