волан






         

февруари 21, 2010

ПАЛИЈАТИВНА НЕГА

Filed under: Некатегоризирано — волан @ 10:21 pm

Човек има особена потреба на почетокот и на крајот на својот живот. Постот ке се занимава со потребата од организирана помош на крајот на животот, особено на лица кои се заболени со дијагнози од тешки болести (карциноми, леукемии и сл.), каде медицината утврдила дека остануваат денови или месеци од остатокот на животот. Тогаш е потребна помош како на лицето кое има таква дијагноза, за да му се олеснат болките, така и на фамилијата која треба да се спреми за судниот момент и достоинствено да го испрати од овоземниот живот својот член на фамилијата.

Со ваква доктрина во медицинската професија се зборува за таканаречената Палијативна нега. Во нашиот здравствен систем под Палијативна нега се подразбира:

Палијативната нега во која клиничката намера или целта на лекувањето првенствено е насочена кон квалитетот на живот на пациентот со активна и напредувачка болест со мали или никакви шанси за излекување. Најчесто се докажува со интердисциплинарна оценка и/или управување со физичките, психолошките, емоционалните и духовните потреби на пациентот; како и служба за давање поддршка на болниот/ата и семејството. Вклучува и нега која се нуди во:

  • Одделение за палијативна нега или
  • Програма за палијативна нега или
  • Според упатства за лекување на лекарот –специјалист за палијативна нега или според мислењето на лекарот кој е задолжен за лекување на болеста кога основното клиничко лекување се фокусира на палијатација.  (National Health Data Committee (2003), National Health Data Dictionary, Version 12, AIHW)
Bookmark and Share


4 Comments »

  1. ај кажи што ти лежи на душа

      svabo — февруари 21, 2010 @ 10:39 pm

  2. низ истото поминувава како тинејџер и млад студент со мојата баба, по која сега ја крстив мојата ќерка.

    Те разбирам апсолутно и знам за што се работи, односно зошто го пишуавш ова.
    Сме дискутирале повеќе пати.

    Ти посакувам тебе многу здравје, сила, истрајност да поминеш низ сето тоа.
    Посебно чувај си ги нервите ќе ти требаат. Tреба и ти на внуци да мислиш ;) .

    Поздрав и секое добро.

      mecetousko — февруари 22, 2010 @ 2:04 pm

  3. mecetousko – благодарам на разбирањето …

      волан — февруари 22, 2010 @ 3:37 pm

  4. [...] за на крај само една недела да биде сместена во Палијативениот Центар “Сју Рајдер“ во Ѓорче. Вечно сум им благодеран [...]

      » По долго и тешко боледување сношти почина мајками Марија волан — февруари 22, 2010 @ 4:43 pm

RSS feed for comments on this post. TrackBack URI

Leave a comment

You must be logged in to post a comment.

WPMU Theme pack by WPMU-DEV.