волан






         

јули 5, 2010

Фејкирање на артефакти … значи фејкирање на историјата

Filed under: интернет, историја, култура — волан @ 2:31 pm

http://sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc1/hs268.snc1/9525_1168102214232_1578251142_432681_6567416_n.jpg

На интернет наидов на оваа фотографија, со наслов  Faud in Govrlevo 8.000 years old … се работи демек за новото Македонско знаме кое ете било впишано во кодот на Говрлево

Се сметам себеси за човек кој ја прати археологијата, ги пратев и ископувањата во и околу Говрлево – стално велев дека многу малку е документиран овој важен археолошки локалитет. Умре главниот истражувач на Говрлево а истражувањата останаа мистерии, нема научни трудови за пронајдените артефакти … Но ваков артефакт – т.е. фејкирање на артефакт не бев сретнал. Во одсуство на официјални документирани истражувања ова е подигнато од некој кој се обидува со помош на вакви фејк артефакти да се докажува со Грците чив симбол е сонцето … Macedonian symbol the SUN Macedonia culture,history,civilization,land of the sun 2

Во видеото кое погоре е линкано имаме и колоритен приказ:

Фејкирање на артефакти значи фејкирање на историјата … Клик на сликата или тука да го одгледаш изворното видео – каде е фејкиран овој артефакт …
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/-3Medium-1.jpg?t=1278341309
*** Едит, благодарение на gocajаska која во коментар на овој пост ми прати линк од каде дефакто потекнува артефактот. Колку разбрав од видеото кое во линк го наведе  gocajаska артефактов потекнува од истична Македонија и е дел од Карпестата уметност – чив промотор е Душко Аледксовски … Клик тука за да го одгледаш видеото
*** Према изјавата на д-р Душко Алексовски, претседател на Македонскиот и Светскиот центар за карпеста уметност апликацијата на денешното Македонско знаме е откриена во заедничка Македонско Италијанска мисија во село Трновец, во месноста викана Орлов Камен, општина Кратово. Според анализата на Светската федерација за карпеста уметност, вршена во Мелбурн Австралија артефактот со знамето е стар 5 милениуми, односно изработен е во третиот милениум пред нашата ера. Вистинска штета е што нема публикација за овој артефакт. Ако некој најде нека ми прати линк.
Bookmark and Share


41 Comments »

  1. не се слагам со тебе во целост :)
    останатото во постот е ок , но јас не мислам дека некој сака да се докажува со грците
    мислам дека некој сака на домашната публика да и сервира доказ дека ете “за македонија се работи“

    http://www.youtube.com/watch?v=2Ox1Tore9nw

      hemicarot — јули 5, 2010 @ 2:52 pm

  2. Hemik – можеби и веројатно … повеќемина но не сите знаат за што се работи … вакви работи остануваат да висат по интернет и дел од светот ни се смее … како и за „новите“ откритија со розета каменот …

      волан — јули 5, 2010 @ 3:07 pm

  3. Додека грчката научна јавност ( со ептен ретки исклучоци), особено историчарите и археолозите, со фејкирање и лажење ја убедија европската и светската јавност дека Александар е Грк, и дека Грците се заслужни за се и сешто во тој период на Балканот, ние ќе се обидуваме да се побиваме меѓу себе и да се обвинуваме за лажење на светската јавност. Браво, троши енергија на некој човек што му текнало па си направил таква слика, наместо да ги побиваш Грците.

      roboto — јули 5, 2010 @ 3:09 pm

  4. Да бе да се работи за фалсификување со Paint најверојатно ни Corel Draw Не користеле.
    Смешан ми е и помислата дека е „фалсификат“…Постов не е ни за смеење не е ни за жалење просто е патетичен начионот на размислување на Волан.
    Какви глупости нема да прочиташ…

      stefus-refus — јули 5, 2010 @ 3:11 pm

  5. Тоа што некои други фејкираат не дава паво ти да бидеш фејкер … Грците ги пратам колку можам – проблем ми е јазикот …

      волан — јули 5, 2010 @ 3:14 pm

  6. токму тоа е проблемот roboto
    лага со лага не се побива , лага и лага се две лаги

      hemicarot — јули 5, 2010 @ 3:14 pm

  7. Е да, или се грците многу добри фејкери – штом ја заведоа скоро целата научна светска фела или фактите им држат вода. Ние не можеме да плачеме на тој факт. Затоа и мораме да се потпреме на нашата реална научна јавност а не на фантазери …

      волан — јули 5, 2010 @ 3:17 pm

  8. Се прашувам дали дева Марија е гркинка или македонка

    http://dogmatics.files.wordpress.com/2008/11/virgin_mary_in_blue.jpg

    Не само на оваа на многу икони од разни страни на светот е преставена со сонце со 8 и 16 крака, заштитниот знак демек на античките македонци.

      andrej — јули 5, 2010 @ 3:18 pm

  9. Ај не се правите удрени со мокра чорапа. Некој сакал само да каже дека постои сличност помеѓу сегашното Македонско знаме и некој стари симболи од пред 8000 години пронајдени во МК. И….

      stefus-refus — јули 5, 2010 @ 3:18 pm

  10. Точно така хемичар. Е сега направи паралела на лагите – едната е веројатно од 15 гошиен македонски фото шоп ентузијаст а другата од грчки академици. Потоа направи паралела на самите лаги – едните само ја величаат староста на нашата нација и култура, а другите негираат наше постоење. Па сега ти види што е опасно кој е фејкер кој лаже. ме здоболе мене ако Грците кажат дека се 20.000 години писмени, нека не ми се мешаат тука. Очигледно волан и тебе не ве занима тоа што некој не омаловажува него битно ви е дали е фејк податокот од Говрлево дали било 8.000 години 2.000 години старо бла бла.

      roboto — јули 5, 2010 @ 3:19 pm

  11. Па така бре волан кажи си. Грците се во право и тоа е тоа, ние сме фејк и не не бива. btw исто ти е а се потпреш на фантазери а се потрпеш на научна јавност се јавуваат разно разни волановци и не возат навака натака. Па први од СДС се з`гнаа да зборат како Паско “наоѓал” фејк артефакти. И сега што сакаш?Иди во Грција така оспорувај некого.Не они имаат национална свест, и ако има нешто ќе си го расчистат меѓу себе далеку од јавноста.Дали е тоа најдобар начин?Не знам, ама така функционира светот и така се изградија државите, а не се изградија со сомничави и злобни типови кои оспоруваат се и сешто.

      roboto — јули 5, 2010 @ 3:24 pm

  12. Не се сите наши фејкери деца од 15 години. Оној Ниче фејкерот кој со своето видео – кое му беше промовирано во националната МК телевизија не убедуваше дека ние Македонците сме постари и од амеби … Ниче не е случаен човек во партијата која е сега на власт во Македоинја и сигурно нема 15 години … Се работи за фејк систем со кој делови од власта се обидуват да докажат нешто за кое има иљадници докази од научната светска јавност … Научниот свет за тоа ни се смее …

    Фејкот од кого и да е мора да се осуди …

      волан — јули 5, 2010 @ 3:29 pm

  13. … Volane … поленка малкуцка :
    http://www.youtube.com/watch?v=ssDJ3OCROx0
    http://volanskopje.blogspot.com/2007/07/blog-post_13.html

    … беше во Кратово нели :0 ))) …

    … лесна му зенја на Милоша …
    … Васил Иљов некои артефакти ги обработи … печатите … а за останатото богатство навистина незнам …
    … можи и он ја пријавил колекцијата ( се шегувам ) …

      gocajаska — јули 5, 2010 @ 3:31 pm

  14. Ајде бе онтогенетичари одлучете од кога се Македонците од Говрлевско од Ацево Време од Гоцево , Титово или Бранково време.
    Абе деца… Едни биле стари и антички а другите се чичка нови и хај-тек :-D В а фак ви е проблемот.

      stefus-refus — јули 5, 2010 @ 3:33 pm

  15. ако добро сватиф , волан откри лажен доказ , ама тоа не го направи тајно како грците туку го објави на блог и со тоа ги бутна сите обиди на нашиот фирер за достоен живот на македонецот
    иди бре

      hemicarot — јули 5, 2010 @ 3:34 pm

  16. Робото,

    со голема леснотија лепиш етикети. Па ајде по ред:

    Во македонско грчките осноси од нашето осомостојување до денес имаме два периода до 2006 и по 2006.

    Зашто се вака поделени:

    До 2006 година, грците упорно се обидуваа да о убедат светот дека имаме претензии кон нивна територија, историја, културно наследство. И ниту една влада до сега па ни онаа на ЉГ не им даде доказ за тоа. (интересно е што во тоа време видиш НГ како министер за финансии се сетил на артефактите ама не се сетил дека е антички).

    Од 2006 година навака со сите потези, кој се историски непоткрепени, упорно се обидувате да докажете дека сме антички македонци, со што на грците им дадовте доказ дека сепак имаме претензии кон нивна историја и културно наследство (барем секоја званична историја тоа така го гледа).

    И сега сите кои не мислат како вас, работат за грците.

    А да размислиш малку и да видиш да не е обратно. Да не ја исполнивте вие грчката агенда па така од спор за името во ОН, тоа ни стана и услов за НАТО и ЕУ што никогаш не било. Да не работите вие на грчките цели, да останеме надвор од сите интеграции и да се распаднеме како балон од сапуница???

      andrej — јули 5, 2010 @ 3:44 pm

  17. gocajаska -

    Благодарам за коментарот и линкот од видеото, кој фрла ново светло и дава вистинитост на мојата теорија дека ваков артефакт нема во Говрлево …

    Линкот од видеото го едитирав и во постот …

    Инаку да бев во Кратово – од каде произлегова многу убави фотографии и стории кои ги од кои дел представив и на интернет, тогаш не се запознав со Душко Алексовски … го запознав во друга прилика …

      волан — јули 5, 2010 @ 4:01 pm

  18. … што зборуваш Хемијо една низаедна … ќе му дадам простор самиот да изврши корекција … ( мислам на Волан ) … јаска го потсетив … а тој нека се досети …

      gocajаska — јули 5, 2010 @ 4:04 pm

  19. gocajаska -

    Што да се досетам, и што да корегирам. Реков дека колку знам таков артефакт нема во Говрлево … од видеото кое го линкаше прикажано е дека е знамето т.е. сонцето е дел од карпестата уметност и артефактите кои ја потврдуваат а ги има откриено Алексовски …

      волан — јули 5, 2010 @ 4:13 pm

  20. andrej за разлика од тебе јас мислам дека светот не започнал со Грците и според тоа мислам дека нема потреба ниту да бараме дозвола од Грците ниту да му полагаме сметка на било кого за да си ја промовираме и истражуваме својата историја.
    volan твоето правење недоветен навистина ме изненадува. Слабо си знаел јазик за да знаеш што зборуваат Грците? Сликите колку што гледам се со англиски коментар. Значи разбираш англиски. Друга работа, си нашол некаква слика на интернет а ја поврза со владина политика? Сега напиши пак MACEDONIA па види колку фејк грчки работи ќе излезат, каде што отворено не негираат дека воопшто постоиме, и тоа не се некакви аматери туку функционери, грчки историчари и тн. Но нејсе, твое право е твој е блогов можеш да пишуваш што сакаш и да објавуваш што сакаш и ситници да прикажуваш како некакви огромни откритија, но немој да се лутиш кога некој ти вика дека постовиве ти личат ко да се нарачани.

      roboto — јули 5, 2010 @ 4:31 pm

  21. Ако земам да ги бројам моите постови каде сум пишувал против грчката политика – ке испадне дека имам повеќе такви постови од вкупниот број на твоите постови …

      волан — јули 5, 2010 @ 4:37 pm

  22. Никаде јас и не викам дека светот потекнува од грците, јас само тврдам дека вие со вашата политика без валиден историски доказ им помагате на грците пред светската јавност да не претстават токму онакви какви што се обидуваа 15 години безуспешно да не направат.

    Без да имате било каква научна и историска поткрепа едноставно се прогласивте за антички со што на грците им дадовте седмица на лото.

    И ако тоа не е работење за грчки интереси не знам што е???

      andrej — јули 5, 2010 @ 4:58 pm

  23. Koj e avtor na Muzikata vo prvoto video,tuka?:

    http://www.youtube.com/watch?v=kryoxNUCowQ&feature=related

    Se naeziv,tolku e dobra.

      logous — јули 5, 2010 @ 5:33 pm

  24. logous – незнам можеби Даутовски ? На Ју тјуб каде е подигнато видеото има можност да прашаш …

      волан — јули 5, 2010 @ 6:02 pm

  25. aandrej ги испревртуваш работите како и секогаш. Етногенезата на Македонците не потекнува од 7 век и доселувањето на Словените на овие простори и тоа сме го дискутирале сите и мислам дека е јасно! Или уште на некого не му е јасно? Етногенезата започнува многу поодамна и затоа впрочем и се викаме Македонци а не Брсјаци, Мијаци, Струмјани или некое име кое тогаш било актуелно за јужните словени. Да не навлегуваме во историја,сепак античкиот период средновековието модерниот период се дел од историјата на еден народ и секој народ има право да се гордее со тоа. Тоа што 15 години молчевме и се правевме дека историјата ни почнува во 7 век за да не ги вознемириме Грците (кои во меѓувреме си продолжија со истите приказни па измислија и македонски идентитет како дел од грчкиот идентитет во Северна Грција – Егејска Македонија)ни донесе фактичка промена на името за меѓународна употреба, сменет устав и да не набројувам сите знаеме. Што добро ни донесе? Дали треба да ги сопреме археолошките ископувања заради Грците и да ги закопаме статуите и тн.? Дали треба научните истражувања секогаш да ни започнуваат со – Со извинение на Грците(кои имаат секакво право на антиката) го пишуваме ова научно дело во врска со античкиот период на Македонија…

      roboto — јули 5, 2010 @ 6:25 pm

  26. Личи многу на Два фермана од Даутовски, ама не сум сигурен дали е таа. Излегувам и немам време да проверам.

      andrej — јули 5, 2010 @ 6:25 pm

  27. Робото,

    тие теории и те како ми се познати. Ама во ниту една светска историја не пишува така. Во сите ние сме словени.

    А за да го смените тоа, процедурата е проста.

    Правите научна студија, ја спремате на медиум и до сите релевантни светски фактори ја праќате. организирате потоа семинари и симпозиуми на кои своите теории ги излагате и браните. И ако сте во право светот тоа ке ви го признае.

    А тука на локален терен можете исто како и пред кооперација да прдавате муда за бубрези.

      andrej — јули 5, 2010 @ 6:28 pm

  28. … од местото Орлов Камик општина Трновец :) ))) …
    … значи артефактот е ОРГИНАЛ , туку се збуниле и напишале оти е од Говрлево … никој не е совршен … грешки се случуваат …

      gocajаska — јули 5, 2010 @ 7:36 pm

  29. … инаку староста му е 5 – 6 илјади години :) … ама тоа е блиску до осум … :) ))) …

      gocajаska — јули 5, 2010 @ 7:37 pm

  30. … Volan ne go vidov komentarot predhodno … но насловот е сеуште невкусен :) ))) … значи не е фејкирање … ете тоа треба да се појасни … жал ми што немам програма да можев цел документарен од Душко да ви го ставам на тубе … ако некој знае програмче да симнам и да го погледнете … прекрасно сознание за карпестата ПИСМЕНОСТ :) )) …

      gocajаska — јули 5, 2010 @ 7:52 pm

  31. гоца бе како не ти е срам. Кај можело овде такви работи да има. Ма тоа го има само у Грчка и тАчка! Доста фејкирате :-) тоа камче е фалсификат а и да е оригинал треба да се скрши или закопа некаде пошто им дава луди идеи на обичните смртници дека имаме некаков континуитет со просторов! Ние сме од 7 век тука дојдени, а до крај не освестија комунистите 45 година. Се друго е фејк и не постои. :-)

      roboto — јули 5, 2010 @ 8:02 pm

  32. Многу сме чувствителни кога се работи за Грците, кои од својот поробувач направија национален симбол, а неговите современици во Атина го прогласија за бог. Вчера во Струмица се откри споменик посветен на бежанците од Егејска Македонија… зарем и тоа не е провокација кон соседна Грција?
    Изгледав неколку видеа…нешто и претходно имав гледано на телевизија, но не се чувствувам подготвен да спорам. Не сум доволно информиран. Да ги оставиме научниците да истражуваат и да ја докажуваат вистината, колку нам да ни изгледа чудна, а не во старт да ги отфрламе нивните тези.

      partik — јули 5, 2010 @ 8:38 pm

  33. gocajаska –

    Нема зошто да го сменам називот на постот, тој се однесува на тоа што прво го видов.

    Инаку за каменот кој е пронајден како карпеста уметност (оној од второто видеокое ти го посочи) – посочи ми некој труд на интернет, ако има таков. Би бил благодарен ако има таков. колку знам Душко Аледксовски не е многу омилен кај нашите археолози – со него се во некаков спор … заради методологијата ли на истражување или што, не сум до крај во тек …

    Сонцето е симбол на овие простори многу години пред да се актуелизира Македонија како територија а особено како држава …
    Сонце … Творец и симбол а животот …
    http://volanskopje.blogspot.com/2009/01/blog-post_17.html

    *** еве дел од тој мој пост кој очито не сте го прочитале:
    - .. си реков во себе не е чудо што е Македонија една од земјите кои го слават/обожуваат сонцето … го имаат вградено во своите симболи …

    Не дека во другите земји не се сака сонцето и сончевите денови, напротив – но поради сонцево од утринава, сега знам зошто во Македонија сонцето е повеќе од симбол … божество од паганските времиња до денеска … сите ние како човечки суштества знаеме/осеќаме кога некој ни прави добро … а сонцето тоа секојдневно го прави …додека има сонце ке има и живот …

    * ни дава СВЕТЛИНА
    * ни дава ТОПЛИНА
    * ни дава ЖИВОТ …
    за повеќе појдете на линкот
    http://volanskopje.blogspot.com/2009/01/blog-post_17.html

      волан — јули 5, 2010 @ 8:38 pm

  34. http://farm1.static.flickr.com/46/128844948_b144cdf93e.jpg
    видете на горниот линк, приодно полско цвеќе со лик на сонцето … природата опонира … тој цвет го има на сите МК ливади …

      волан — јули 5, 2010 @ 8:40 pm

  35. partik – чекам фото извештај од отварањето на како што викаш “поменик посветен на бежанците од Егејска Македонија…“…

      волан — јули 5, 2010 @ 8:49 pm

  36. На откривањето не присуствував, но сликите може уште утре да ги направам. Поздрав.

      partik — јули 5, 2010 @ 9:46 pm

  37. … еве има :
    http://www.youtube.com/watch?v=bqUjboVK48I

      gocajаska — јули 5, 2010 @ 10:09 pm

  38. gocajаska –

    благодарам и за вториот линк на видеото, кое истотака го едитирав во постот … би бил благодарен ако најдеш линк на публикација која е објавена на интернет а се однесува на односниот камен …

      волан — јули 6, 2010 @ 9:58 am

  39. http://translate.google.com/translate?js=y&prev=_t&hl=en&ie=UTF-8&layout=1&eotf=1&u=http%3A%2F%2Fen.academic.ru%2Fdic.nsf%2Fenwiki%2F4821203&sl=en&tl=mk

    На горниот линк ке најдете повеќе податоци за Душко Алексовски

      волан — јули 6, 2010 @ 12:10 pm

  40. http://www.facebook.com/group.php?gid=45429382035#!/photo.php?pid=1301133&o=all&op=1&view=all&subj=45429382035&aid=-1&id=610458171&oid=45429382035&fbid=44927663171

    На горниот линк ке најдете фотос од Цоцев Камен и каменото знаме од постот …

      волан — јули 6, 2010 @ 12:18 pm

  41. http://translate.google.com/translate?js=y&prev=_t&hl=en&ie=UTF-8&layout=1&eotf=1&u=http%3A%2F%2Fwww.culture.in.mk%2Fstory.asp%3Fid%3D1901&sl=en&tl=mk

    На горниот линк нешто повеќе за каменот со знамето …

      волан — јули 6, 2010 @ 12:26 pm

RSS feed for comments on this post. TrackBack URI

Leave a comment

You must be logged in to post a comment.

WPMU Theme pack by WPMU-DEV.