волан






         

јули 13, 2010

Колку се загадени македонските реки?

Filed under: здравје, локално — волан @ 12:53 pm

Македонија има 40-сетината реки . Сите одред се загадени, осем горе високо по планините. Штом се симне во градска населба веднаш се загадува – од комунален и индустриски отпад. Ниеден град нема пречистителна станица за отпадните води. ЕУ стандард е градовите да имаат пречистителни станици. Радика е веројатно единствен исклучок. Причината за нејзиното незагадување е што таа тече во не многу населено подрачје – каде нема индустрија. Сите предвидувања велат дека крајот на овој век ке го дочекаме во војна за чиста вода. Којзнае дали ке се начеме толку. Пиење на флаширана вода во индустриските и европските земји е децениска практика. Во арапските земји кило флаширана вода едно време беше поскапа од кило бензин. Македонија е премека кон индустриските загадувачи на воздухот и водата.

Колку се загадени македонските реки? – Одличен напис во денешна Нова Македонија со добри податоци:

Река класа
според физичко- хемиски анализи
класа
според бактериолошки анализи
Вардар – Велес
Бабуна – Велес
Тополка – Велес
Вардар – Гевгелија
Црна – Кавадарци
Вардар – Тетово-Гостивар
Вардар – Тетово
Пена – Тетово
Бистрица – Тетово
Радика – Гостивар
Градска река – Прилеп
Пчиња – Куманово
3-5
3-5
3-5
3-5
5
1-3
3-4
2-4
1-4
1-2
4
2-5
4
2
1-2
4
1

4
фекални бактерии


Кумановска Река
Липковка – Куманово
Коњарска Река – Куманово
Крива Река – Куманово
Крива Река – К. Паланка
Вардар – Скопје
Треска – Скопје
Лепенец – Скопје
Пчиња – Скопје
Струмица
Водочница – Струмица
3-5
3-5
3-5
3-5
3-5
4-5
4-5
4-5
5
3-4
2-5
фекални бактерии
фекални бактерии
фекални бактерии
фекални бактерии
фекални бактерии

1-3
1-3



30 Comments »

  1. Пред 35 кодини кога бев на студијски престој и прошетка низ Германија – во секој германски град не водеа кај пречистителната станица … ни велеа да скапо е но се надеваме дека со ова повторно ке дојдеме низ реките да имаме риби и речна флора … покрај поголемите фабрики секаде имаше пречистителан станица …

    Колку пречистителни станици сте виделе во нашите фабрички кругови … јас таква имам видено само во Охис … давно давно, којзнае сега дали уште работи …

      волан — јули 13, 2010 @ 1:09 pm

  2. Znam deka na Pcinja, Babuna, Crna Reka, Bregalnica, Vardar,
    Kadina, Lepenec, Markova Reka znaev da ja napunam korpata za riba.
    poslednive 12-13 godini nekoi vidovi na riba isceznaa a i
    taa sto ja ima, ja nema svezinata od porano!
    Steta!

      batadjango — јули 13, 2010 @ 1:38 pm

  3. Водите во Македонија – водата има посебно место во на нашата планета. Таа го дава животот и овозможува негов развиток и создавање на нов. Таа е дел од секое живо суштество. Водата е животна енергија на земјата.

    Околу 2% од територијата на Македонија се под водена површина. Има околу 35 реки и 53 природни и вештачки езера. Според количините на водени ресурси Македонија спаѓа во подрачје со задоволителни водни ресурси, но со доста голема нивна нерамномерна распределба.

    Просечно вкупната количина на вода во РМ се 6.63 милијарди м3 вода, која се влива во сливовите на следните реки: Вардар (4.77 милијарди м3), Струмица (0.18 милијарди м3) и Црн Дрим (1.68 милијарди м3).

    Денес за реката Вардар може да се каже дека е депонија на разни хемиски соединенија. Така за неколкуте посебни труења и загадувања на реката Вардар, особено кај Велес укажуваат на затруениот рибен фонд во чии организми се најдени жива, цинк, олово, сулфидна киселина, амонијак, кадмиум и др.

    Апроксимација на потребните средства за заштита на Вардарската долина:
    За заштита на квалитетот на водите 227,5 милиони $
    За заштита на земјиштето 60,0 милиони $
    За заштита на спомениците 20 милиони $
    Вкупна вредност за прочистителни станици (10 во градови и притоки), постројки за технолошко и хемиско прочистување (132) и изградба на депонии за тврди материјали изнесува 307,5 милиони $

    Квалитетот на водите се следи на 60 мерни места од страна на Хидрометереолошкиот завод. Во водата се следат 29 параметри и водата се класифицира во 4 категории. Површинските води најмногу се загадуваат со непрочистените комунални и индустриски води. Како загадувачи се градовите: Гостивар, Тетово, Куманово, Скопје, Велес, Штип, Неготино, Демир Капија и Гевгелија и 132 индустриски објекти.
    http://www.soros.org.mk/konkurs/077/Vodim.htm

      волан — јули 13, 2010 @ 1:42 pm

  4. Здраво Волан, во Бугариja исто гулем дел од реките се замръсени (замърсени официално како се вели), ама незнам од што и од какво во последните неколку години нешто многу од реките кои беа замръсени се поизчистиа…Може би од тоа дека фабриките кои ги мрсеа реките фалираа и сега нема што да ги мрси тие истите!!!
    Сега во реки како Огоста и Искарот, можеш слободно да си ловиш со прт риба, коja ja има доволно, ама много од лугето несмеат се уште да jа jadaт оти тие истите имат страв да не би да се отроват со отровни химикали од рибите.

      antiseparatist — јули 13, 2010 @ 1:47 pm

  5. Бате,

    еве за тебе еден рибарски сајт – може го знеш и од порано …
    http://www.ribari.mk/

      волан — јули 13, 2010 @ 1:54 pm

  6. Бате, внатре во сајтот кој ти го линкав има неколку добри линка погледни ги

    http://www.ribari.mk/wp-content/uploads/2010/05/VARDAR.pdf

    http://www.ribari.mk/wp-content/uploads/2010/05/Bregalnica-.pdf

    http://www.ribari.mk/wp-content/uploads/2010/05/Bregalnica-.pdf

    http://www.ribari.mk/wp-content/uploads/2010/06/Babuna-%D0%91%D0%B0%D0%B1%D1%83%D0%BD%D0%B0.pdf

    http://www.ribari.mk/wp-content/uploads/2010/07/PENA.pdf

      волан — јули 13, 2010 @ 1:58 pm

  7. antiseparatist –

    благодарам за коментарот, да веројатно падот на индустриското производство е причина за кратко сопирање на загадувањата ….

      волан — јули 13, 2010 @ 2:01 pm

  8. Скопие изглежда е единственият голем град в региона, който нема пречиствателна станция. Срамота. А требва да има такава не само в Скопие, а във всеки град. Но пък от друга страна за “Кирето Дрангов” фекалите очевидно не са проблем…….

      2 beers — јули 13, 2010 @ 2:17 pm

  9. Пивце (двете бири) остаj го Кирето, очигледно се праи на важен…jас лично се убедив дека тоj детиньак нема ништо против Бугариja…седи си тоj дечко негде назапад (во Австралиja мислам дека е) и уж чете и студира, ама по некоj пат се праи на важен и мрси блокерскиот ефир!!!

      antiseparatist — јули 13, 2010 @ 2:24 pm

  10. Бегай бе, спамър!

      2 beers — јули 13, 2010 @ 2:35 pm

  11. Волан, како смееш да отвориш ваква тема кога знаеш дека Скопје нема градски „гомнарник„ или „пречистителна станица„?
    Ќути таму да не разберат душманит! :-)

      peronakov — јули 13, 2010 @ 2:40 pm

  12. peronakov – во времето на трулиот социјализам во Скопје се започна со три проекти за пречистителни станици, нешто и се изгради, до каде е сето тоа не сум во тек … знам дека во 20 години транзиција тоа е забранета тема пошто ѓаволски кошта …

      волан — јули 13, 2010 @ 3:10 pm

  13. Pogolema sramota za nekoj milionski grad ne mozam da zamislam!

      peronakov — јули 13, 2010 @ 3:19 pm

  14. Ако имате проект може да кандидатствате за кофинансиране по ИСПА или ЕИБ/ЕБВР. Може и в JICA/JBIC да се кандидатства без проблем, те са винаги отворени за инвестиции с екологичен ефект.

      2 beers — јули 13, 2010 @ 3:22 pm

  15. Но одобренията отнемат много време, а и тръжните процедури, така че е добре да се кандидатства колкото се може по-рано!

      2 beers — јули 13, 2010 @ 3:23 pm

  16. Куманово и Прилеп веќе нешто одработија – Скопје сеуште спие …

      волан — јули 13, 2010 @ 3:27 pm

  17. Со средства од 20 милион евра од ЕУ и учество на Локалната Сампоуправа и Владата на Република Македонија , во Прилеп ќе се изгради пречистителна станица. Реализицијата на проектот пречистителна станица ќе започне оваа година и ќе трае до 2012 година. Прилеп е прв град во Р.Македонија кој ќе ги користи средставта од ИПА фондовите на ЕУ. Со изградбата на пречистителната станица опфатена е и изградба на канализациона мрежа, третирање на речното корито на Градската река со што ќе се намали загаденоста и во целост ќе се подобри заштитата на животната средина. По реализацијата на проектот пречистителна станица прилепските земјоделци ќе ги исполнат условите за производство на земјоделски култури според еколошките стандарди, со што ќе си отворат пласман на пазарите на земјите членки на ЕУ.

      robinhood — јули 13, 2010 @ 4:07 pm

  18. И повеќе нема да важи она Франкфурт на Мајна -Прилеп на ….. :)

      robinhood — јули 13, 2010 @ 4:09 pm

  19. Ето така се прави. И цената е горе-долу приемлива. Колко жители има в Прилеп и общината? А кво чекат па другите общини, германците ли :) ?

      2 beers — јули 13, 2010 @ 4:27 pm

  20. 100 000

      robinhood — јули 13, 2010 @ 4:30 pm

  21. Само 100 000? Тогава 20 милиона евра е безбожно висока цена.

      2 beers — јули 13, 2010 @ 4:39 pm

  22. А јас мислам дека “безбожно високата цена” ќе биде малку!

      robinhood — јули 13, 2010 @ 4:46 pm

  23. Стандартна пречиствателна станция с ПЪЛНА, т.е. 3 степенна очистка – утаяване, биологична и химическа, за община с около 300 000 жители е некъде м/у 7 и 14 милиона евра. Грубо.

      2 beers — јули 13, 2010 @ 4:52 pm

  24. Процесот во Прилеп е започнат со постапка за експропријација, со проектите за канализациската мрежа, колекторскиот систем,третирање на речното корито на Градската река. Реализацијата овозможува пречистување на градската река и враќање на живиот свет, доизградба и реконструкција на канализационата мрежа. … Ќе се рехабилитира поголемиот дел од постојната канализациска мрежа и ќе се изградат уште околу 15 километри нова канализација.Пречистителната станица ќе биде комплетно автоматизирана…Изградбата ќе чини 18 милиони евра, од кои 6 милиони се пари на Европската унија, а останатите ќе ги обезбеди Владата.Со ова Прилеп целосно ќе ја прочисти водата од градската река и канализацијата со што ќе се намали опасноста од појава на заразни болести, а ќе се заштити и живиот свет во реките Црна Река и Вардар каде се вливаат овие води.
    http://en.kendincos.net/video-tdrtpldr-prilep-se-podgotvuva-za-precistitelna-stanica-20-11-09-mp4.html

    “Дали чини сето ова 18 милиони евра појма немам”

      robinhood — јули 13, 2010 @ 5:26 pm

  25. Възможно е, но пак казвам за община със само 100 000 жители това са много пари и друго – самоучастието не требва да е толкова много – цели 12 милиона от 18 общо, самоучастието требва да е не повече от 30%. Много скъп проект за малка община. За тези пари можеше 2 такива общини да бъдат финансирани и най-малко 2 станции построени.

      2 beers — јули 13, 2010 @ 6:05 pm

  26. Ваквото решение е резултат на испитувањата на хемискиот и биолошкиот состав на водите во Велес од страна на Заводот за здравствена заштита.
    http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=D53655A72F65AB48AB18FEE52E26691F

    Вардар, за разлика од изминатите години, покажува висока биолошка загаденост, а поради канализацискиот отпад, во него исто така има присуство на органски материи и фосфати, биолошки материи и на комунална отпадна вода. Забранети за капење се и утоките на реките Тополка и Бабуна во реката Вардар, додека во нивниот останат тек тие се препорачливи за капење.

      волан — јули 14, 2010 @ 12:17 pm

  27. Го удавивме Вардар во отпад
    http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=2823321D3DDAEC4C93FBE0EF68C2F928

    ** Капиталниот проект за скопски колектор тежок околу 100 милиони евра чека на странски донации, бидејќи за него не се одвојуваат доволно средства
    - Илјадници пластични шишиња, кеси, гуми, канти, крнтии, бела техника, зеленчук, крпи… со години може да се видат како пловат по Вардар, најзначајната и најголема река во земјава.

    ** Во Скопско, анализите за мај и за јуни покажаа дека водата е од четврта и петта категорија, значи опасна за здравјето на луѓето. Водата е толку загадена што во неа може да се најдат и бактерии од фекално потекло кои предизвикуваат кожни и други инфекции. Во Велешко, пак, забраната се однесува не само за делови од Вардар туку и за реките Бабуна и Тополка, кои веќе не се за капење, спорт, рекреација ни за наводнување земјоделски површини.
    - Трета, четврта, петта категорија – тоа се најчести оценки за квалитетот на водата по должината на целиот тек на Вардар. Исклучок е само почетниот тек на реката кај извориштето Вруток пред Гостивар, каде што квалитетот на водата е рангиран со „единица“, што значи дека е чиста и здрава за употреба. Веќе по Гостивар почнуваат и загадувањата, со што квалитетот на водите преоѓа во „тројка“, по Тетово во „четворка“, а веќе од Скопје, па се’ до Гевгелија водите се речиси постојано од четврта или петта категорија, односно целосно недозволени за каква и да е употреба. Загадувањата последниве години се зголемуваат и со се’ помногубројните сепарации за црпење песок кои безмилосно ги матат речните води.

    ** Слична ситуација е и со останатите 40-ина македонски реки.

    ** по целиот тек на Вардар во функција нема ниту една пречистителна станица и целосно изграден колектор што би ги собирале и пречистувале отпадните фекални и индустриски води. Наместо тоа, градските канализации директно се истураат во реката.

    ** Само благодарение на странска донација во минатата година се успеа да се направи, првична, физибилити студија за скопски колектор чија централна пречистителна станица треба да биде во Трубарево. Овој проект треба да опфати колекторски систем, пречистителни станици и други придружни објекти на потегот од Сарај, Ѓорче Петров, па се’ до Трубарево. За да се заврши сето ова, потребно е да се обезбедат најмалку околу 100 милиони евра, што засега не е ниту на повидок. Само за објектот на пречистителната станица треба да се обезбедат меѓу 55 и 60 милиони евра.

    ** Државата дури сега почна да обезбедува средствата за изградба на општински пречистителни станици во Сарај и во Ѓорче Петров, кои треба да профункционираат во рок од две години. При крај е и градбата на станицата крај Гевгелија, пак со помош на странски донации, што значи дека нештата се помрднуваат од мртвата точка. Ако на оваа сума се додадат уште и цените на други пречистителни станици, во Гостивар, Тетово, Велес…, тоа значи дека за заштитата на крајно загрозената река се потребни најмалку 150 милиони евра.
    - Националната стратегија донесена лани. Со Стратегијата се предвидува и фазно финансирање на проектот за скопски колектор, но тоа тешко оди.
    - кога ќе ги почнеме преговорите за членство во Европската Унија, тогаш за нас ќе се отворат програмите и фондови од кои може да добиеме средства за оваа намена. Во случај на пречистителни станици се добиваат и до 80 отсто од потребните средства.

    ** Инаку, според новиот Закон за водите чија примена почнува од следната година, околу третманот на отпадните води треба да се грижат не само општините туку и самите индустриски капацитети што го продуцираат загадувањето. За големите индустриски капацитети тоа ќе се регулира со А-интегрални дозволи, додека Б-дозволите ќе однесуваат на помали индустриски објекти. Ваквото регулирање ќе оди постапно, а до 2014 година сите фабрики и земјоделскиот сектор ќе мора да аплицираат со планови за состојбите за влијание на нивните капацитети врз животната средина и да предлагаат мерки како да се надминат и во кој период. Државата, пак, ќе треба да им даде рок за инсталирање на пречистителни капацитети.

    ** Законската рамка предвидува обврска секој град што има над десет илјади жители да има и посебна пречистителна станица. Тоа значи дека во земјава треба да имаме 27-28 пречистителни станици.

    ** Сепарациите за црпење песок се смрт за реката бидејќи полека го уништуваат растителниот и животинскиот свет во неа, предупредуваат скопските риболовци.

      волан — јули 20, 2010 @ 9:06 am

  28. Загадување по целиот тек
    http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=9E7947CBDA2ACC41BB020D2A2DBC357A

    ** Иако речната вода во Гостивар пристигнува релативно чиста, нејзиното загадување почнува веќе од приградските населби. Најголемиот проблем претставуваат градежниот отпад и комуналниот смет, кој граѓаните го исфрлаат, особено во источниот дел на општината наречен под Сува Гора, каде што се селата Чајле, Чегране, Форино… особено во делот каде што Вардар има неуредено корито и тече низ Полог.
    - Загадувања на водата по хемиски пат, не се регистрирани, а упатените сметаат дека тоа се должи на замрената индустрија во Гостиварскиот регион. Како доказ го посочуваат и фактот што со години не е регистриран помор на риби.

    - Најголем загадувач на Вардар во Тетовско, кој тече низ трите рурални општини Брвеница, Желино и Јегуновце, се притоките што минуваат низ селата и се влеваат во неа, велат од локалните самоуправи. Инаку, градот Тетово го загадува Вардар само со фекалните канализации. Но, по текот на реката има диви депонии од градежен и органски смет, кој се фрла во водите на реките, а пластичните шишиња што пловат по водата се редовен декор. Сликовит пример за количината пластичен отпад што се фрла во реката се поплавите од почетокот на годината.

    - Вардар во Велес влегува и излегува како вода од четврта категорија што покажува висока биолошка загаденост, поради канализацискиот отпад, органски и биолошки материи, комунална отпадна вода.

    ** целиот канализациски систем од Вруток до Скопје останува во реката, што ја прави неупотреблива за капење, наводнување, поење стока и за риболов. Присуството на фосфатите зборува дека и покрај забраната на продажба на детергенти за перење со овие материи, тие се присутни на македонскиот пазар и се употребуваат. Единствената добра работа е што нема опасни материи од големите индустриски капацитети, како што се Јегуновце, ОХИС и Топилницата зашто тие не работат, па барем во тој дел водата е ослободена од вакви материи

    ** Вливовите на реките Тополка и Бабуна во велешкиот ревир се исто така непрепорачливи. Тополка бидејќи таа ги носи отпадните води од фабриката за вар, а Бабуна отпадните води од кланицата на Агрија. Затоа во овој дел Вардар често ја менува бојата, во бела од Тополка или црвена до Бабуна во зависност од која река има поголема матност.

    ** Велешките кајакари кои тренираат на Вардар истакнуваат дека реката по нејзиниот тек до Гевгелија знае да ја смени бојата. Кога е бела, тоа значи дека е надојдена Брегалница или темна што зборува за големата вода што ја носи Црна Река. Во нејзиниот тек од Велес до Гевгелија има на многу места ископување и црпење песок, а во близина на велешкото село Ногаевци сопственикот што бил премногу алчен со багерот тргнал дури во средината на реката да црпи песок, но неговиот багер заглавил и тој ќе чека подобри времиња и понизок водостој за да може неговата машина да ја извади од реката.

      волан — јули 20, 2010 @ 9:26 am

  29. А бе Волан, па имаме у Куманово пречистителна станица, негде меѓу Доброшане и Шупљи Камен селата : ))

      outTake — јули 20, 2010 @ 10:02 am

  30. outTake –

    Чинам дека некаде во текстот ја имам спомнато, знам за неа … долго време не можеше да се пушти во употреба инаку одработена со пари од ЕУ …

      волан — јули 20, 2010 @ 10:07 am

RSS feed for comments on this post. TrackBack URI

Leave a comment

You must be logged in to post a comment.

WPMU Theme pack by WPMU-DEV.