ЛОВ НА ГЛАСАЧОТ … Лов во матно … „матење на водата“
аа

Стар ловечки трик е кога сакаш да ловиш ако ловиш риба да ја заматиш водата, а ако ловиш на суво да ловиш во измаглица …
Се појасно ни станува дека некој ја мати водата во која треба да се лови – во нашиот случај се работи за ЛОВ НА ГЛАСАЧОТ. Лов на гласачот е особено важен кога ке му дојде сезона, се мисли на СЕЗОНАТА НА ИЗБОРИ. Во тоа светло појасно ке ни стане матењето на водата на скопското Кале, каде во матна вода едни градат Црква во превез на Музеј Црква – а други ја рушат Музеј Црквата. Уште повеќе буни тоа што и едните и другите се во власта/владата. Од страна гледаат и ловат од рипчињата кои бегаат од матната вода на скопското кале малите опозициони партии …
Особено е сладок ловот на неопределениот гласач кој одавна го надмина повеќе од половината на изборното тело … За жал во матната вода на скопското кале се пуштија плашици – ситните рипчиља на навивачките групи на Комитите, кои храбро дојдоја да го бранат идентитетот на Македонецот и да ја бранат градбата на Црквата Музеј и навивачките групи на Албанските екстремисти предводени од познати орли кои рушејки ја Црквата Музеј ја бележат територијата која мислат дека ја освоиле. Особено загрижуваат повиците кои се слушаа во 2001-вата УЧК, УЧК, УЧК … Крупните риби седат во кабинетите на власта и гледаат како се одвиваат работите.
За жал на сите нас се работи за реизградба на Црква која тука.на калето постоела – не една туку најмалку три цркви се запишани во историските извори во оквир на стариот град. Се работи за културно и историско наследство кое обележило едно време и тоа неможе да се заборави или избрише. Со доаѓањето на турците на овие простори црквите на калето се срушени во текот на времето а калето станало воен објект БАРУТАНА/КАСАРНА. На соседните ридчиња на калето се срушени некои други цркви и манастири Виргинскиот манастир на пример и на нивно место (на местото на црквите и манастирите) се иградени импозантни Џамии кои и денеска стојат на просторот. Не е случајно што при последната реставрација на најубавата Џамија во Македонија Мустафапашината џамија не се дозволени никакви археолошки ископувања иако со преткодната реставрација на истата Џамија се докажа постоење на верски објект од постаро христијанско време … Со тоа се изгуби шансата да се открие тајната на убицирањето на Виргинскиот Манастир и Виргиската ливада (каде со дозвола на црквата историски почнала да се врши организирана трговија во старата скопска чаршија…) на која во неделата наместо трговија се водеше војна меѓу навивачките групи … СЕ МАТЕШЕ ВОДАТА И СЕ ЛОВЕШЕ ВО МАТНО …
- СКОПСКОТО КАЛЕ и евентуалните цркви во горен и долен град
- Ке се возновува ли Црква на скопското Кале ?
- КАЛЕ – Црквата конечно на светло на денот
- НА КАЛЕ – ПРОНАЈДЕНИ ТЕМЕЛИ НА СРЕДНОВЕКОВНА ЦРКВА
- Виргинскиот Манастир св. Ѓорѓи сеуште мистерија
- Мустафа Пашина Џамија – Скопје … Mustapha Pasha Mosque – Skopje … фото сторија …


ПРПБЕН КОМЕНТАР – постот го нема на страната па да видам дали ке ги нема и коментарите …
волан — февруари 14, 2011 @ 10:01 am
…ловечка тактика, удираш таму кај што најмногу боли…
…не знам зошто постот твој го нема на насловна…пробај пред сликата нешто текст…
virtuella — февруари 14, 2011 @ 10:40 am
virtuella … благодарам за помошта но мислам дека не беше поради сликата без текст на почетокот иако те послушав … имаше едно знакче на пресекот на страната тоа изгледа сметаше …
волан — февруари 14, 2011 @ 10:46 am
Билјана Ванковска
НАШИОТ МАЛ СВЕТ
http://www.facebook.com/notes/biljana-vankovska/kolumnata-pred-raka/10150398931025542
волан — февруари 14, 2011 @ 12:24 pm
[...] retrospect, blogger Volancommented [MKD]: An old fishing trick is to muddy the waters, and if you hunt on land to hunt within a [...]
Macedonia: Violent Inter-Ethnic Incident on Skopje Fortress · Global Voices — февруари 15, 2011 @ 2:56 am
[...] retrospektivë, blogeri Volan komentoi [MKD]: Një metodë e vjetër peshkimi është ti turbullojmë ujërat, dhe nëse gjuajmë në [...]
Maqedoni: Incident i dhunshëm ndër-etnik në Kalanë e Shkupit · Global Voices — февруари 23, 2011 @ 11:02 am
volan постара генерација си и сигурно се сеќаваш на паролите од служба во јна /постоеа и во други државни установи/, една од нив беше залепена на секој телефонски апарат и гласеше “внимавај непријателот слуша“
и во актуелниов “матен“општествено политички живот можат да се применат добар дел од тие пароли, за “жал непријателот е помеѓу нас“, а уште пожално е што тоа важи особено за македонското ткиво во државава
како никогаш досега – македонецот на македонецот му е волк
hemicarot — февруари 23, 2011 @ 12:06 pm
секогаш сум го ценел мислењето на професор ванковска (општо), без разлика дали секојпат сум го доживувал како блиско или спротивно на сопственото мислење
овој пат не сум во состојба да го прочитем нејзиниот коментар од едноставна причина што повторното членување во “социјална“-та мрежа фб е во спротивност со моите моментални погледи на општествениот(социјален)начин на живеење
верувам дека има и слични на мене членови на блогерајов кои исто тка не се во можност да прочитаат нешто кое на WEB е заклучено за секој читетел, односно е условено со членство/пријателство на одредена “социјална“ мрежа, во случајов фејсбук
затоа почитувана ванковска те замолувам во иднина барем на блогерајов да линкуваш содржини кои се достапни на web без исполнување на претходни услови
hemicarot — февруари 23, 2011 @ 12:16 pm
Хемик- … “внимавај непријателот слуша“
Орвел тоа подобро го опиша во своите дела … Нашава сегашна власт во уста ја има демократијата но пари за тајната полиција потроши скоро колку и за војската …
волан — февруари 23, 2011 @ 12:35 pm
Всушност целиот систем ке им се урне по глава кога и ако ја изгубат власта … тие се убедени дека нема да ја изгубат, самоуверенисе и тоа е нивната најголема слабост … се надеваат дека неопределените повторно нема да искочат да гласаат а тие се повеќе од 55 проценти од гласачкото тело … тие се силата која ке ги донесе промените меѓу Курто и Мурто …
волан — февруари 23, 2011 @ 12:37 pm
hemicarot -
Ванковска не го постави линкот јас го пренесов тука … таа незнае дека по дифолд написите и се на фејсбук се затворени … може да ги отвори но треба да чепка по сетинзите …
волан — февруари 23, 2011 @ 12:40 pm
сега приметив за коментарот на ванковска дека е волан во потпис, тогаш
извинување до професор ванковска
hemicarot — февруари 23, 2011 @ 12:48 pm
они се надеваат дека нема да ја изгубат власта

јас пак се надевам во ангажираноста на САД администрацијата во врска со МКД изборите
пс
замарка наоѓам и во општоприфатениот израз “предвремени парламентарни избори“
ПЕТТА година на власт со помош на едни трик на сец /минатите/ оддржани предвремени избори
пре би рекол “послевремени парламентарни избори“
не е толку глуп обама да не може да собере 5 и 4, а ни конкретен збор не разбрав за што тоа толку важно обама го викна нашиов на разговор
hemicarot — февруари 23, 2011 @ 12:57 pm
Трета лига сме ние – Обама не игра во нашата лига … Само Трајковски по линија на верата се доближи до Буш … долго време со претседателите на САД само можеме да си климнуваме ако се сретнеме во ходник … Они ке прашаата а кој беше овој што ми клима со главата
Наша лига се подсекретарите од администрацијата на САД, ко оној што беше тука и го заборавив оној од администрацијата на Буш како се викаше …
волан — февруари 23, 2011 @ 1:43 pm