волан






         

февруари 2, 2011

Драмендбејс продуцентот Хаде со бесплатен албум

Filed under: интернет, лично, музика — волан @ 8:42 pm

Драмендбејс продуцентот Хаде со бесплатен албум

Македонскиот драмнедбејс диџеј и продуцент Хаде, го издаде својот деби албум “Sunday Gateway” кој од денес бесплатно може да се симне на http://www.sendspace.com/file/4p58rz , веб магазин кој ја третира македонската и светска драменбејс и дабстеп сцена.

Албумот има 8 песни, две од нив во соработка со српскиот продуцент Molecular Structures, и е најава за претстојното и-пи на артистот кое треба да се појави во април годинава за реномираната македонска етикета “Филтер”.
Според Хаде, албумот иако се разликува од песна до песна и тешко би се сврстил во било кој поджарн на драмендбејс музиката, сепак е целина со приказна која ќе и се допадне на клубската публика и сите почитувачи на драмендбејс музика.

Хаде е диџеј кој неколку години е активен на домашната драмендбејс сцена, а албумот е премиерно и официјално претставување на неговата продуцентска работа. (И.И)

јули 3, 2010

Некои нови рапери од нашето соседство – Darko Ivanoski (Daz Flow – Urban Records) КРУГОТ СЕ ВРТИ

Filed under: музика — волан @ 12:06 pm
Ознаки:

Некои нови рапери од нашето соседство – Darko Ivanoski (Daz Flow – Urban Records) (more…)

август 29, 2008

Утро 2 …

Filed under: музика — волан @ 7:16 pm
http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/Utro2Large.jpg?t=1220030102
 Утро 2 …

август 10, 2008

Стари Македонски народи/изворни песни … Macedonian Folk Songs …

Filed under: музика — волан @ 1:50 pm

http://upload.wikimedia.org/wikipedia/mk/5/50/Gajda.jpg

Балканот е преполн со историја … позната е изреката “На балканот сите години се историски …“ … но, балканот е познат и по изворните народни песни и ора … па така имаме нова изрека “Во Босна немој да пееш ке те натпејат … во Србија немој да играш ке те надиграат … а во Македонија немој ни да играш ни да пееш – ке бидеш ем надигран, ем надпеан …

читај повеќе »

http://upload.wikimedia.org/wikipedia/mk/0/04/Kaval.jpg  http://upload.wikimedia.org/wikipedia/mk/e/eb/Mkduduk.jpg http://upload.wikimedia.org/wikipedia/mk/thumb/8/88/Zurla.jpg/120px-Zurla.jpg

http://upload.wikimedia.org/wikipedia/mk/4/4e/Supelka.jpg

Македонија е културна ризница на прекрасни стари ора и песни … некои од песните и ората се со сличен мелос и ритам и во две/три соседни земји како Македонија/Бугарија/Србија … некои се пеаат и се подеднакво популарни во сите овие три држави а народот ги има засакано бидејки се блиски за нивната душа и ритам … одговараат на менталниот склоп на народот од кај потекнуваат и се секако дел од културниот идентитет на народот … многупати има “кавга“ меѓу соседите – чива е песната или орото … македонска/бугарска/српска … Јас би рекол тоа и не е толку битно чива е песната, битно е што пооделни песни и ора имаат посебно место во срцата на народите и се неодминливи во прославите (свадбите, славите, домашните веселби …) … на секој оној на кој одредена песна или оро му лежи на душата/срцето – треба да му дадеме право дека е и негова … нешто слично како што јас сметам дека песните на Битлси се и мои … дури и младите генерации ги прифаќаат со тек на време, па журките вообичаено завршуваат со некој чочек на маса/столче … или лирска песна покрај езеро  …

http://upload.wikimedia.org/wikipedia/mk/b/b6/Mktambura.jpg  http://upload.wikimedia.org/wikipedia/mk/a/a3/Tapan.jpg

Старите песни и ора се предизвик и за новите правци во музиката … па имаме етно призвук и во сите нови и современи правци во музиката … од Леб и Сол навака етно звукот е присатен во безброј групи и врвни пеачки имиња … сполајму на господа и неодминливиот маестралниот глас на Тоше Проески направи прекрасен албум со етно звуци … а имаме и неколку музички групи кои гајат типичен етно звук во современа обработка – пример Синтезис …

http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/2/23/Riqq.jpg/200px-Riqq.jpg

МК влада годинава направи прекрасен проект каде на најврвните млади пејачи кои изведуваат забавна музика им пружи можност да направат преработка на десетина најпознати МК изворни песни … кои се достапни и на интернет … впрочем денеска сите песни се достапни на интернет … само треба малку умешност и знаење да се дојде до нив … некои од изворите се легални а некои за жал се нелегални … но на крај и тие придонесуваат МК песна да стигне брзо и промтно во сите делови на светот, таму каде живее Македонецот и таму каде на МК душа и се милува да прослави некој среќен момент од својот живот …

Интернетот направи многу да го доближи МК звук/мелос/ритам насекаде во светот … денеска МК ора и песни се најдостапни од било кога благодарение на интернетот … постов нема да се бави со сите главни извори каде се сочувани текстовите, нотните записи и изведби на најквалитетните МК изведувачи на старата народна и изворна песна/ора … но ке си дозволам да дадам неколку линкови кои на брзина ги собрав од интернет и чинам се релевантни … оние кои се значајни а не сум ги спомнал дајте линк во коментарите – ке го едитирам линкот и во постот …

  1. Macedonian Folk Songs :: Македонски народни песни … еден од најстарите и најквалитетни блогери во Македонија Panta Rei направи огромна архива на Macedonian Folk Songs :: Македонски народни песни – тој во повеќе години стално ја надополнува архивата на старите и изворни народни песни … многумина му помагаат и секојденевно му праќаат песни кои не стигнал да ги обработи на својот блог … Ако некој поседува запис на песна која ја нема во неговата одлично средена архива на песни по абецеда – нека му ја прати на неговиот меил  the.goodbytes@gmail.com … На блогот ке го најдете текстот на песната и мал аудио запис … не дека неможел да го постави и целиот но GoodBytes сака да ги почитува авторските права на изведувачите … единствено што сеуште не успеал да го достави покрај песните се нотните записи за да може секој музичеар кој знае ноти да ја свири било каде на земјината топка … верувам дека истото GoodBytes ке го дополни во некоја наредна фаза … секако во прашање е и време … GoodBytes го има ова направено без да учествува во некој проект – го има направено за своја душа и срце и го поклонува на сите љубители на МК народна/изворна песна … Од името на сите корисници на базата која ја има подигнато на нет му се заблагодарувам и го охрабрувам да продолжи и понатака … вакво нешто требаше да го направи некој институт во МК, кој се бави со изворната народна песна …
  2. Macedonian folk songs with lyrics and sheet music … Она што го нема кај GoodBytes, нотните записи … го има на овој линк кој содржи 780 народи и изворни песни … потребно е само да кликнете на еден од 780 линкови и ке ви се отвори ПДФ приказ на нотниот запис на песната …
  3. Македонски народни песни … нема премногу песни но тие што ги има може и да се преслушаат
  4. македонски народни песни | macedonian folk songs … интересен избор на блог посветен на МК изворна и народна песна … 
  5. Macedonian folk songs … постара архива на … Lyric songsEpic songs … Labour songs … Ritual songsHumorous songs … Folk dance (ora)  
  6. STARI MAKEDONSKI PESNI … истотака една од постарите архиви …
  7. YouTube архива на стари МК народни и изворни песни … тука само треба да се пробува со точните називи на песните и ке се изненадите – ги има скоро сите …
  8. Македонски ора … ова е еден од ретките линкови каде можете да ги пронајдите МК народни ора и танци … сајтот е мултимедијален …

јули 14, 2008

Егзит – манија …

Filed under: музика — волан @ 3:42 pm
http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/1FB3B5550DBE8D47AE4D575B60479B6B.jpg
сместувањето на  „Егзит“ …
Кога си млад се ти е убаво … и спиење четири дена под шатор ти се гледа подносливо во однос на она што на младите веќе неколку години им го пружа Егзит“ …
 
читај повеќе »
 
За жал оваа година трагично загина една девојка од Параќин Јелена Матиќ (28) – кога поради јак ветер падна гранка дирекно на шаторите … тешко повередена е и скопјанката Дафина Атанасова (22) … а прилепчанецот Ѓорѓи Маркоски (23) е полесно повреден…
http://www.rts.rs/admin/image.jpg?imageId=11933&thumb=1
“Егзит” камп спреман за 14.000 гостију
http://www.dnevnik.com.mk/WBStorage/Articles/C5DBC4D5F65E8B47B09ECE3806468B92.jpg
http://www.vecer.com.mk/WBStorage/Articles/1D7F59B82B39A74CAAC783656A26AF7C.jpg
Егзит – фестивал на добрата музика и дрогата
http://www.serbiancafe.com/lat/vesti/img/2008_07_13_kamp2.jpg
 
 

декември 20, 2007

Покана за концерт …

Filed under: музика — волан @ 12:50 pm

На 20 Декември 2007 година – во 20.00 часот вечерава … во Соборниот храм “Св. Климент Охридски“ – Камерниот мешан хор “Св. Климент Охридски“ ке одржи 15-ти јубилеен концерт.
- Камерниот мешан хор "Св. Климент Охридски" е составен од 21 високо професионални вокални уметници, солисти, вокални педагози и хорски уметници.
- Проф.Панче Јосифов е уметнички раководител и диригент.

Flaer za Koncert na horot.jpg

Камерен мешан хор Св. Климент охридски - слика 1 (Large).jpg

 Сликата “http://preminportal.com.mk/images/stories/vesti07/jubilej.horot7.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Сликата “http://preminportal.com.mk/images/stories/vesti07/jubilej.horot3.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Сликата “http://preminportal.com.mk/images/stories/vesti07/jubilej.horot2.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

 

За повеќе информации за работата на Хорот – кликнете тука

- Господи возвах – Сотир Гулабовски

  • Име на песната: Господи возвах – Сотир Гулабовски
  • Изведувач: Камерен мешан хор Св. Климент охридски – Соло Ана Дурлоски, сопран …
  • Албум: Православна духовна а-капела музика
  • Година: 2001

- Многаја Лета … Руски напев …

  • Име на песната: На многаја лета – Руски напев
  • Изведувач: Камерен мешан хор Св. Климент охридски – Соло Светлана Донковска, сопран …
  • Албум: Православна духовна а-капела музика
  • Година: 2001

- Сијание – Томислав Зографски …

  • Име на песната: Сијание – Томислав Зографски …
  • Изведувач: Камерен мешан хор Св. Климент Охридски – Соло Невен Сиљановски, баритон …
  • Албум: Православна духовна а-капела музика
  • Година: 2001

- Vjeruju – P.Cajkovski.mp3 Size: 4MB
-
Oce nas – D.Suplevski.mp3 Size: 4MB
  Солист, Светлана Донковска – Сопран …
-
Pomiluj me boze – G.Suskov.mp3 Size: 6MB
  Солист, Невен Сиљановски – Баритон …
-
Da ispravitsja molitva moja – P.Cesnokov.mp3 Size: 9MB
  Солист Игор Дурловски – Бас …

Воколку саката да преслушате некоја од горните композиции – кликните на линкот од композицијата и потоа кликните на “плеј“ …(ово се однесува на првите три композиции)… За последните  четири композиции кликнете на линкот и следете го упатството …

декември 10, 2007

Уништување на Музичката продукција при МРТ …

Filed under: музика — волан @ 1:03 pm

Сликата “http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/740D4F8D9E8CBE45AD5CE8AAB51CDCF9.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Во сталното реформирање на МРТ се заговара укинување на Музичката продукција при МРТ …

Зарем ке се дозволи да пропадне и отиде во заборав историјата на МК музика која прку Музичката продукција на МРТ – стои некаде во фонотеката на МРТ … Зарем до тоа дереџе спадна МК држава што не може да финасира институции од Национален интерес … т.е. пооделни негови делови … Се укинаа скоро сите оркестри при МРТ … Радио Хорот … И остана МРТ да биде медиум кој ке ги слика политичарите како сечат ленти по водоводи и нови фабрики … Не благодарам не ни треба воопшто таква МРТ … Тоа е како некој да предложи да се укини Архивот на Македонија …

Укинување на Музичката Продукција при МРТ е разнебитување на МК култура – изразена преку песната … особено преку изворните народни песни … 

ноември 17, 2007

Наследникот на Тоше Проески …

Filed under: музика — волан @ 5:15 pm

Читајки го денешното интервју во Дневник со сестраму на Тоше Проески – Цеце (онака како ја нарекувал самиот Тоше …) повторно се изнаплакав, што во собе што со со солзи низ очите … во друштво на женами … Тоше, беше нејзин љубимец од моментот кога првпот му го слушна гласот …

Ме фрапира сличноста на ликот на постариот син на сестраму на Тоше Кристијан (10) …

Сликата “http://www.dnevnik.com.mk/WBStorage/Articles/6C0706350F0FBD48B160BB8635910B7A.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

 Сликата “http://www.dnevnik.com.mk/WBStorage/Articles/DD4EF87732F6924C87B6DDA0193714D4.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Тоше неизмерно ги сакал двајцата внуци од сестраму  Кристијан (10) и Никола (3) …
По секое патување ги опсипувал  со многу љубов внимание и се разбира подароци … Постариот кој е на двете фотки го подучувал на тајните на музиката и пеењето … планирал скоро дует со него … му спремал песничка за некој детски фестивал … но како и многу други работи и тоа останало само план …

Генот на пеењето Тоше веројатно го носи од таткому кој пеел и во црковниот хор … а Тоше стално барал мислење од фамилијата за песните – особено од таткому … Би било навистина голема среќа за сите нас – еден ден талентот на Тоше да исплива преку некој од неговите внуци … крвта не е вода … гените се пренесуваат … Но да дадеме време на Господ да пресуди – дали ке ни прати уште еден музички ангел од фамилијата Проески …

март 16, 2007

УЈП ја мерка екстрадата

Filed under: музика — волан @ 11:28 am

УЈП најавува дека ке ги анализира сите поп и фолк звезди кои не плќаат персонален данок. Изгледа дека на даночниците им се смачило само да даваат пари на естрадните уметници – кои вообичаено заработуваат само преку таканаречените тезги … и евентуалните бакшиши.

Од управата велат дека естрадата не пријавува персонален данок а тие ревносно читајки штампа пратат кој каде гостува и колкав му бил хонорарот … Повеќе прочитајте во написот од денеска на Дневник – Даночниците ќе го мерат богатството на естрадните ѕвезди

** Во најголем број случаи се прават договори во четири очи помеѓу тој што го ангажира пејачот и изведувачот. На пример, на пејачот му исплатува 1.000 евра, а пријавува дека платил 100 евра. Остатокот од парите го пријавува како тековни трошоци, кои не се оданочуваат …
** Просечен хонорар за една тезга, како што се нарекува настапот во естрадата, се движи помеѓу 200 и 500 евра, во зависност од популарноста на изведувачот
** Хонорарците – се должни до 15 март в година да ги пријават приходите и да платат данок за нив. Ова ќе биде прва проверка дали естрадните ѕвезди плаќаат данок.

Многу се поголеми хонорарите кои ги добиваат композиторите и аранжерите – кога некој кај нив ке нарача песна !! … Па им предлагам на УЈП да ги провери и нив … ем се помалку ем хонорарите им се високи.

февруари 28, 2007

ЗАФИР ХАЏИМАНОВ

Filed under: музика — волан @ 5:17 pm

Сликата “http://www.culture.in.mk/images/story/zafir.hadzimanov.m.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

 

Сликата “http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/A8A701735643D04A992A182FCBB61FCE.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Зафир Хаџиманов мојот омилен пеач од младоста … кој знаеше да запее “Земи моме македонче па да видиш што е рај“ … се спрема по 40 години творечка работа на полето на мизиката, поезијата и актерството – на 15 март (со почеток во 20.30 ч.) да го одржи својот проштален концерт во Универзалната Сала. Концертот е во организација на Литтле Бротхер продукција … И други весници велат дека е тоа “Проштален концерт на Зафир Хаџиманов“ … во што се сомневам … сметам дека е тоа маркетиншки трик … Зафир ке пее додека го држи гласот а сеуште го држи …

http://www.b92.net/galerija/doc/esma/img/4.jpg

Има одржано концерти во СССР, САД, Канада, Куба, Австалија … Настапува, и раскошно ја сее убавината на својата и наша музика и поезија на сцени како “Олимпија“во Париз, “ Опера хаус во Сиднеј, “Баљшој театар“ во Москва .

Добитник е и на наградите “Југословенска естрада“, “Истакнат уметник на Србија“, “Награда за животно дело“ од радио “Буба Мара“ во 2002, “Награда за животно дело“ од “ТВ Јесенин“ од Нови Сад во 2003 и “Златна маска“ за ширење на македонската култура по светот во 2006 година. Во 2007 објавува ЦД со своите најголеми фестивалски успеси “ Беше мај“

Зафир Хашиманов е мултилалент кој потекнува од музичко семејство. Тој е одличен како пејач, композитор – кантаутор, глумец, поет и водител … Роден е во Кавадарци на 25 декември 1945 година. Татко му, Васил, бил етномузиколог и и магистер на фармација, интерпретатор и неуморен собирач на изворни македонски песни, а мајка му, Вера, учителка. Гимназија и средно музичко училиште завршил во Скопје. … каде го привлекува со подеднаков жар театарот и музиката … Иако желбата на таткому е да го доврши музичкото образование (Академија) за што има неоспорен талент Зафир се запишува во Београд на Факултетот за драмски уметности и 1967 година дипломира во класата на професор Мате Милошевиќ. Во една прилика на едно интрвју ке каже дека желбата на таткому е остварена преку неговиот син Васил (кој го носи името на дедому) кој заврши музичко образование и чекори по патеките на дедому и таткому …

Во едно интервју за Вест ке изјави: “.. Секоја моја песна си има некоја своја приказна. Пишувам стихови уште од многу млад. Зад себе имам имам 300-400 стихови за шаносони и забавни мелодии. Од тоа се изродија шесте книги поезија, станав демек и песник кој може да се чита и да се говори. Доживеав неколку пати да ме викнат и на струшките вечери на поезијата. Но, првата музика ја напишав по еден краток разговор со татко ми. Беше етномузиколог, и не ми се мешаше во работата, во изборот на композициите. Никогаш не ми кажа, но знаев и чуствував дека сака да тргнам по неговите стапки. А јас пеев и песни кои не ми се допаѓаа. Кога си популарен пејач сите композитори ти нудат свои песни, а не е во ред да одбиваш, зашто после ќе се зборува дека си лош за соработка. Татко ми ми го реши тој проблем со само два збора. Ми рече: "Пишувај сам". Првата моја фестивалска кантавторска песна ја напишав во годината кога останав без мојот татко. Тоа е "Како

Вардар", која ми се чини најдолго остана. Се пее и по меани и на свадби, а не доби награда на Скопскиот фестивал. Ми рекле дека таа песна е формула како треба да се пишува музика и стих а да звучи македонски…“

Зафир се опробува и во Мјузикли – автор на единствениот македонски мјузикл "Ало будење", во кој ја раскажува приказната за дете-бегалец, без место под сонцето, кое се обидува да се најде себеси во уметноста.

http://www.prometej.co.yu/images/knjige/small/kiselo_veselo.jpgЗа книгата "Кисело весело" самиот Зафир ке рече: Тоа е моја збирка на раскази која зборува за едно мое детство и прва младост, а најмногу од се за едно Скопје кое повеќе го нема. Ова е книга која што има малку измислици, еден послободен приод, но и многу автобиографски детали. Сега е на ред вториот том "Весело кисело", за периодот од кога се преселив во Белград, се додека било весело-кисело. Третиот том ќе биде изгледа дека ќе биде само кисело-кисело, а можеби и само весело-весело. …

Во Бродвеј каде отиде по стапките на својот син каде игра во светскиот мјузикл "Занесени", а за "крем" во актерската кариера ја смета улогата во мјузиклот "Виолинист на покривот", која ја толкувал и во театарот "Форум ", во Бостон. Како дојде до ова Зафир раскажува: “.. Во 1996 со Сенка отидовме на дипломска вечер на синот Васил, кој дипломираше на "Беркли колеџ оф мјузик". Во кафеана ја запеав "Да сум богат човек", режисерот на мјузиклот ме слушнал и веднаш ме ангажираше. Во Бостон останав два месеца. По враќањето, во Нови Сад ја толкував главната улога во мјузиклот "Човекот од Ла Манча", кој се постави во "Српско народно позориште". Актерството беше мојата најголема љубов..“

Зафир осем што има прекрасен вокал – свири одлично гитара и пијано, а одлично ги зборува рускиот и англискиот јазик … со носталгија и со треперлив глас – зборува за татко му – кој истотака одлично свирел на музички инструменти …

Како глумец Зафир игра главни улоги во филмовите Македонска крвава свадба (Главна улога) 1967 … Време без војна (Споредна улога) 1969Македонска сага (Споредна улога) 1993Makedonska saga (1994) … Higijenske navike vojnika (1972) Vreme bez rata (1969)Noz (1967)

Од театарските сцени настапува во “Театарот на Теразија“ … “Атеље 212“ … “Драмски театар во Скопје“ … “Драмски театар во Нови Сад“ … и театарот во Бостон USA ("Forum Theatre"). Добитник е на годишната глумачка награда на “Србското народно позориште“ и специјална повелба на “Здружението на театарските уметници во Србија“ за висок домет во светот на глумата …

Зафир се вклопува меѓу Београѓани но не ја заборава Македонија која верувам ја носи во срцето … Веројатно тоа е причината да биде и председател на југословенско – македонското друштво, "Шар Планина" … Има организирано прекрасни илинденски собири, на брегот на Сава со уметници од Белград и од Македонија. Се опробува и во политичките води – на последните избори беше кандидат за пратеник во српското собрание на партијата Либерали на Србија.

Често си доаѓа и дома во Скоје … има оставено мал стан каде ги чува спомените од детството … пијаното … неколку гитари и мандолини … стариот орамар … во кој се осеќа духот на фамилијарната историја и мирисот од домот на таткому и дедому …

Зафир знае да каже дека мора да ја освоиш публиката … си споменува за времето кога секој не можеше да биде пеач (мораше да има талент) … а не како сега … дали си го поткупил уредникот да те пушта по сто пати на радио, дали е местен фестивалот, кој ти е татко, кој е со кого во тајна врска… Немаше автомобили, се возевме со возови и автобуси… Во салите немаше пијано, па го заменувавме со хармоника… Бевме среќни ако се докопаме до некое гитарче…

Ако се прашам кои композиции од Зафир ми останаа најзапаметени – сигурно ке биде ена од неговите незаборавни:

 

Next Page »

WPMU Theme pack by WPMU-DEV.