Некојпат кога учев економија за продуктивна инвестиција се сметаше онаа инвестиција што се вложува во во производните процеси – таму каде што се создава нова вредност. Пример не се вложува во административни згради туку во производни хали, во машини и нова технологија, во знаење за напредни технологии.
(more…)
Шеесет и пет проценти од буџетот се троши за плати на администрацијата, која брои неверојатни:
- 150.000 редовно вработени и ангажирани со договор.
- 270.000 пензионери,
- 340.000 невработени и
- 100.000 лица што примаат социјална помош, (more…)
Оние што се возрасни и имаат одговорност пред себе, пред својата фамилија и општеството често се во дилема да одговорат на прашањето: Што се исплати а што не ?. Често во моментот нешто изгледа исплатливо и ти тргаш по тој пат кој моментално ти изгледа исплатлив – но во периодот на време кој следи работите не одат така како што си планирал/ти изгледало/си очекувал, одат по лош пат и твојата одлука се покажува како неисправна/неисплатлива. За одлуката која си ја донел сам и се однесува на тебе одговараш сам со сите последиците од лошата одлука/избор. (more…)
Ако сакате да завршите работа во некја од институциите на државата (сеедно дали е на централно или на локално ниво) најдобро за Вас е да пронајдете “пријател“ кој работи во неа. Пријателот Ви треба не за да завршите работа која не Ви следува туку напротив, Ви треба пријател за да завршите работа која Ви следува. Значи во практика ако имате работа во социјална, здравствена, даночна или да речеме пензиска установа сите бараме пријател кој работи внатре за да ни ја каже процедурата. (more…)
Вчера гледам неколку градоначалници на Скопје со сите директори на јвните комнунални претпријатија се наредија пред ТВ камери и сликајки порачаа: Од денеска ке почнеме да го чистиме Скопје !! (more…)

Двете Влади на Груевски досега ги остваруваат највеќе оние ветувања пред кои можат неколкупати да се сликаат. Неколку пати додека најавуват дека нешто ке изградат, неколку пати додека нештото се гради и се разбира гранде сликање кога нешто ке се пушти во употреба. Се едно дали е тоа селска/маалска чешм, локален пат, „слободна економска зона“, реконструкција или изградба на некое школо, набавка на … Сликањето се разбира е наменето за потребите на рејтингувањето. Неколку пати во изјавите на видните водечки личности на владеачката партија на прашањето зошто се гради некој објект да речеме оние во центарот на Скопје – одговорот гласи, за да можат граѓаните и особено странците да се сликаат пред објектите кои се планираат за градба. Имаше дури тврдења дека таквите објекти ке бидат профитабилни, ке го зголемат туристичкиот прилив и така натаму. Не е важно што слични такви објекти има низ Скопје а истите се запуштени и руинирани, полни со смет, со ударни дупки во околните патишта … (more…)

Заради починувањето на мојата мајка деновиве имав обврска да одработам соодветно пријавување во матичните книги. За да добијам извод од матична книга на умрените, кој ми треба за да ја одкажам пензијата, бев приморам да имам не постар извод од матична книга на родените од шест месеци (иако на сите звона се звонеше дека сега изводите се трајни документи). Извод ид матичната книга на родените се вади само во местото на раѓање, значи морав да одам во родното место на мајками во матичната служба – која работи само во понеделниците. (more…)

Неможам да тврдам со бројки бидејки немам време да истражувам по институциите, колку пензионерски домови и детски градинки се изградија во транзицијава. Ке се послужам со бројки кои ке ги најдам во разни написи достапни на интернет. Добро е истражувачкото новинарство да ја преземе темата. Пензионерите се најревносни гласачи (нашата жива историја) а децата се најголемото богатство. (more…)

„Само вселената и глупоста немаат граници“ – Ајнштајн. Може ли оваа аксиома да го објасни нашето сегашно „лудило“ и потрага на нови идентитети – бегајки од паланката Скопје, кон бароконото Среќно ново 2014 Скопје, бегајки од словенскиот идентитет, кој е омаловажуван со цевчињата по Дунав, за да заплаиваме во античко Скопје на славниот Александар Македонски кој никојпат не престојувал во Скопје. (more…)