волан






         

март 5, 2007

ЕТНИЧКА КСЕНОФОБИЈА и НАЦИОНАЛИЗАМ … во Грција …

Filed under: политика — волан @ 6:11 pm

За етничката ксенофобија во Бугарија пиував во предходниот пост … ЕТНИЧКА КСЕНОФОБИЈА и НАЦИОНАЛИЗАМ во Бугарија …

Бурето барут на Балканот повторно врие … По Бугарија со етничка ксенофобија може да се пофали и Грција … Имено грчкиот весник „Та неа“, открива дека двете снимки ги нашле на интернет, под името „видео за потхранување“. На првата снимка војниците пеат антиалбански песни, а на втората пеат како „Грците ќе им ги сечеле главите на Турците“ во Азија. Песните биле снимени со мобилен телефон за време на маратонски марш од 50 километри.

Весникот „Шекули“ тврди дека во ист ритам се слушале и песни со антимакедонска содржина, но не наведува детали. 

Никос Тоскас, поранешен грчки офицер, во интервју за весникот „Та неа“ тврди дека вакви песни редовно се користеле за да се подигне моралот на грчките војници, но додава дека тие биле забранети пред шест години.

Грчките војници вежбале во ритам и со антитурски содржини … „Гледајте ги нив, се нарекуваат Албанци, ортоми ќе направиме од нивните црева… Гледајте ги нив, се нарекуваат Турци, чевли ќе направиме од нивната кожа“. На снимката се слушаат овие песни како ечат од грлата на грчките војници додека вежбаат. Заедно со војниците пееле и офицери и други старешини.

Навистина грозно … 21 век сме … 

Повеќето од написот е преземено од написот на Дневник – Грчки војници се храбрат со националистички песни

Па блогери да ги пронајдеме снимките !! 

ЕТНИЧКА КСЕНОФОБИЈА и НАЦИОНАЛИЗАМ во Бугарија …

Filed under: политика — волан @ 5:15 pm

Во Бугарија никако не може да се отргнат процесите на ксенофобија придружуван со национализам … Имено процесот на ксенофобичноста кон турското, македонското и ромското малцинство во Бугарија никако да стивне … без разлика на опомените (дури и судските пресуди …) кои ги упатува ЕУ кон бугарските авторитети и институции …

Омо Илинден ПИРИН … никако не доживува регистрација … а на денот на државноста на Бугарија (3 Март, ден на ослободување од Отоманското царство пред 129 години) имаме Демонстрации против учеството на турското малцинство во бугарската влада  …

Атака, и  Волен Сидоров – се организатори на протестите во кои учествувале околу 4.000 симпатизери и членови на ултрадесничарската опозициона партија Атака.

Да не заоравиме дека во еден друг случај околу Мара Бунева – еден бугарски парламентарец – Каракачанов … побара официјално преку парламентот да се изготви список на непожелни македонски новинари … список на кој не треба да им се дава виза за влез во Бугарија … 

http://opinions.bulgarianpost.com/pictures/resize_image.php?image=ataka.jpg&w=300&h=300

Каракачанов држи говор

 

ВРАЌАЊЕ НА АРТЕФАКТИТЕ – дома

Filed under: Некатегоризирано — волан @ 4:19 pm

 

По светот богатите држави во текот на историјата ги полнеле своите витрини на музеи со артефакти од земјите кои им биле колонии …

Музеите на Англија, Франција, Италија, Шпанија, САД, Германија, Русија … се преполни со културни реликвии и артефакти од земјите кои биле колонии … Овие земји под превез на доистражување на артефактите и културните вредности ги полнеле своите музеи а ги празнеле националните вредности на многу народи со што се обезличувал културниот идентитет на матичниот народ …

Ваква појава имаме и со нашите артефакти и црковни светии кои со текот на историјата се изнесени надвор од Македонија – во музеите и архивите на: Турција, Бугарија, Србија, Грција, Русија и незнам кој друг архив или музеј …

Во најново време вакв културни вредности и светии скоро легално се продаваат на интернет и се губат во приватните колекции на богатите филантропи … кои незнаат што друго да прават со парите и прибираат се што е вредно за нивен поим …

Што е се изнесено во текот на историјата од Македонија а знаеме дека го има некаде … мора да се направи попис во Министерството за култура и за секој артефакт посебно да се поведе соодветна процедура за докажување на автентичноста на истиот за нивното потекло … за секој од нив да се следат упатствата и помошта од УНЕСКО … која секоја година дава се поголема подршка на враќањето на културните артефакти …

На темава неколку пати пишував:

*** Барање на МПЦ до Владата, да почне акција за враќање на предметите што и припаѓаат на Црквата, а се наоѓаат во другие земји … 26 Април, 2006 …

-Позлатени црковни одежди,
-Круни на владици,
-Крстови,
-Ентериерите на црквите и на манастирите од источна Македонија,

Одземени од бугарската војска во периодот 1916 – 1918, деновиве се претставуваат на голема изложба во Националниот историски музеј во Софија, пишува бугарскиот весник "Стандард". 

Поразувачки е што само неодамна откриената, петта златна маска во Охрид, се наоѓа во земјава. Четирите златни маски од требенишките гробници се во музеите на Софија и на Белград.

Вредни икони по потекло од земјава се во Српската патријаршија, а инсигниите на охридскиот епископ, вклучувајќи ја и неговата круна, се во Софија.

***   За враќањето на артефактите дома – повторно – 28 Април, 2006 …

 -На требенишките златни маски, на пример, и во Софија и во Белград пишува дека потекнуваат од Охрид, Македонија. Но, Србија и Бугарија ги сметаат македонските артефакти за свои,…

*** За враќањето на артефактите од Словенија … процес кој траеше повеќе време пишував неколку пати … види линкови … 1, 2, 3

*** Што се е одземено од нашите цркви … 30 Април, 2006

 Од охридскиот манастир „Свети Наум“, кој една година бил под бугарска власт,биле однесени „на чување“ во софискиот музеј
-освен парите
-
повеќе вредносни старини
-
плаштеницата извезена со злато
-
позлатен путир
-
сребрена кутија со свети мошти од разни светци
-
две старословенски евангелија со корици од сребро.

Од охридската црква „Свети Климент“ биле однесени „на чување“ во софискиот музеј
-
плаштеница на Андроник Палеолог
-
златна митра на св. Климент со бесценети камчиња и со крвче
-
реставрираниот жезол на св. Климент со змија од слонова коска,најдена во 1911г. кај Имарет во Охрид
-царските двери од црквата
-
бронзениот полилеј што бил составен од 19 дела

Од другите цркви и мансатир, однесени „на чување“ во софискиот музеј се:
-Сто икони се извадени и ограбени од црквата „Св. Петка“ во с. Маловишта, општина Цапари.
-Од манастирот „Св Илија“ во Драгош се однесени 25 икони;
-
20 големи и 21 мала икона се земени од црквите од општината Секирани
-
20 икони од цркви во општината Ивањевци
-
Седум цркви се срушени во општините Брусник и Трново;
-
седум икони се однесени од општината Стругово
-
Од црквата во Рувци, Прилепско, одземени се икони
-
како и од цркви во општината Наколец
-
Загинале и иконите во селото Подмол
-
отоа од црквите во Старавина, Градешница, Брод, Тепавци, Гнеотино.
-
Икони се однесени и од параловскиот манастир „Св. Ѓорѓија“, општина Новаци,
-од црквата „Св. Аранѓел“ во Могила, „Св. Никола“ во Раштани.

*** Разнесено културно богатство …  3 Мај, 2006

- МАКЕДОНИЈА САМО ВЕРБАЛНО МОЖЕ ДА СЕ ПОФАЛИ ДЕКА Е ЛУЛКА НА СЛОВЕНСКАТА ПИСМЕНОСТ, БИДЕЈЌИ НАЈГОЛЕМИОТ БРОЈ ОД ДОКАЗИТЕ ГИ ЧУВААТ СОСЕДИТЕ ВО СВОИТЕ НАУЧНИ ИНСТИТУЦИИ. КОНКРЕТНО, ПРЕКУ ОДЗЕМЕНИТЕ СРЕДНОВЕКОВНИ РАКОПИСИ НА НАШАТА ИСТОРИЈА И Е НАНЕСЕНА НЕПОПРАВЛИВА ШТЕТА

-Во Македонија не е зачуван, односно нема ни еден од најстарите глаголски ракописи, иако седум од деветте најстари се создадени во Македонија, а токму најстарите и највредни ракописи се наоѓаат надвор
-Поголем дел од тие книги и ракописи денес се наоѓаат во повеќе европски градови, во Белград, Загреб, Москва, Одеса, Санкт Петербург, Софија, Пловдив, Краков, Букурешт, Ватикан, Минхен, Париз, Лондон, а мал дел (само 400) е зачуван во Македонија.
-
Бугарите ги имаат највредните македонски ракописи
*
Едно од најбогатите депоа со македонски ракописи во светот се наоѓа во Народната библиотека "Кирил и Методиј" во Софија. Таму се чуваат и неколку десетици ракописи од 14. век сите напишани на пергамент.
*Исто така и во Бугарската академија на науки и уметности се чуваат вредни ракописи од Македонија.
*Во Рилскиот манастир меѓу другото се наоѓаат и речиси најстарите македонски книжевни траги. Тука спаѓаат македонски глаголски листови од 11. век, а шест од нив се наоѓаат токму во Рилскиот манастир,
*а два листа во Руската академија на науките.
-
Џинот продавал ракописи
*Преродбеникот Јордан Хаџи Константинов-Џинот, Цветаноски во својата книга го посочува како сопственик на приватна збирка на стари ракописи и како трговец со истите. *Видниот македонски преродбеник и доставувал на бугарската егзархија во Цариград и во Софија,
*а подоцна и на српското учено друштво во Белград многу вредни ракописи. Една колекција од 36 вредни ракописи и продал на Народната библиотека во Белград.
*Џинот во цариградски весник пишува дека во тој период додека тој живеел, најмногу ракописи имало во Охрид и Охридско, но таму калуѓери "не од наш јазик" ги уништувале меѓу другото и со фрлање во Езерото.
*Во некои странски библиотеки, денес има ракописи што дури и Џинот ги продал.

-Гледав одличен серијал на МТВ за оваа тема … од музеите и библиотеките кадер се чуваат ракописите по потекло од Македонија …

*** ГОСПОД …се грижи за нашите артефакти …  18 Октомври, 2006 …

 .. наша специфика е дека во периодите кога сме немале своја држава, најлегално – владетелте од тогашните државави на нашите простори ги прибирале скоро највредните артефакти кои се од пренослив карактер и ги носеле на “испитување и чување“ во националните музеии (Софија, Белград, Истамбул, Атина…Москва, Лондон, САД…). Секојпат со мотив да се “сочуваат артефактите“.

***  Македонија не си го бара културното наследство … Утрински- Брoj 2325  понеделник, 05 март 2007

-  Движното културно наследство изнесувано низ историјата на легален или илегален начин, евидентирано во државни институции, приватни галерии во одредени земји во светот, станува предмет на интерес на јавноста особено кога во Македонија се интензивираат дивите копања. Но досега, како во поновата историја на државава, но и претходно, во времето на СФРЈ не е реализирана ниедна конкретна иницијатива за враќање на богатствата изнесувани уште од времето на османлиското владеење, па се’ до денес (со исклучок на минатогодишното враќање на заробените македонски бронзи на словенечката граница, изнесувани по илегален пат од државата).

… мошне индикативно е што досега не е направена ниту одредена листа евидентирани предмети по светот, кои потекнуваат од територијата на земјава.

… Се надевам дека некој ќе се сети да го отпочне потребното евидентирање, па комплетираните досиеја да му се достават на Министерството за надворешни работи,

… Директорот на Управата за културно наследство, Паско Кузман за можното враќање на македонските културни вредности дома, говори како за невозможен процес во сегашни услови, кога во светот и големите држави тешко успеваат да си вратат нешто.

Документарните емисии „За македонското отуѓено наследство“ на МТВ се единствен, но недовршен материјал

**  „За македонското отуѓено наследство“ е насловот на седумте документарни телевизиски емисии снимени за Македонската радио телевизија во неколку градови од поранешна СФРЈ, но и во дел од значајните културни центри во Европа, во 1988 -1989 година. Нивниот автор, новинарката Оливера Христова заедно со снимателот Драги Таневски, мајсторот на светло Љупчо Јаневски и режисерот Иван Митевски, го реализирале засега единствениот од ваков тип визуелен материјал, мошне значаен за документирање на дел од културното наследство изнесувано на различен начин од земјава, а депонирано и презентирано во музеите и библиотеките во Белград, Загреб, Сараево, Љубљана, Виена, Минхен, Краков, Париз, Лондон, Лајпциг, Берлин и Амстердам.

**  останале неснимени планираните емисии во Народниот и во Археолошкиот музеј во Софија, во Археолошкиот музеј во Цариград, како и во музеите и библиотеките во сегашна Русија и Украина,

**  „Сите музеи и библиотеки до кои се обративме пред војната во СФРЈ беа отворени за соработка.

Во Народниот музеј во Белград меѓудругите ги снимивме и

- златните наоди од ахајската кнежевска гробница во Требеништа,

(Златна маска из Требеништа, 6-5. век п.н.е.)
- сатирите од Стоби,
- скулптурата на Атена Партенон во бронза од Хераклеа други. Таму се и
- Андреашките двери од 14 век,
- Охридските двери од 16 век,

 

 

 

 (Царске двери, Охрид, 16. век)

- иконата „Св. Јован со крилја“ од село Враниште и др.

(Шлем, бронза, Требениште, 6-5. век пре н.е.

 

 

(Двојне икона, Богородица са Христом, 14. век, Охрид)

-збирката на Љубо Ивановиќ која содржи експонати донесени од Македонија:женски фустани од Битола од 18 – 19 век,
-селски носии од 19 век,
-голем број етнолошки предмети,
-накит и црквени реликвии како и една
-везена икона со претстава на Богородица од 14 век, за која дотогаш нашите научници немаа сознанија дека постои“

Народната библиотека „Светозар Марковиќ“ и во библиотеката во САНУ сите ракописи од познатите збирки ракописи од македонските манастирски школи, како и етнографски предмети датирани од 14 -19 век кои се наоѓаат во Манаковата куќа, во тамошниот Етнографски музеј.

** Во Археолошкиот музеј во Љубљана се снимени керамички сад и украс за каиш од Охрид и значајната „Глава на Фаустина“, а во Народната универзитетска библиотека Копитаревиот посен триод. Документирани се и неколкуте листови од Маринското евангелие од 11 век, во Народната библиотека во Виена.

** Во Националната библиотека на светски познатиот Британски музеј е снимено Четвороевангелието на митрополитот Јован, од 1355 година богато со илуминации, во нумизматичкиот оддел 19 монети од Стоби, а во археолошкиот оддел и биста на Есхин, како и ситна пластика на македонска бронза од железниот период со повеќе археолошки експонати.

** во Амстердам, во Археолошкиот музеј „Аларт Пирсон“, каде се наоѓаат бронзени рачки од порти со лавовски глави, ситна пластика од бронза но и еден калап за правење на штитови за војската на Александар Македонски, од кој тамошните музејски работници дозволиле да бидат направени копии. Но интерес не бил покажан.

 

КАКО СЕ ТРОШАТ – нашите пари

Filed under: вести — волан @ 12:23 pm

Како се трошат нашите пари … парите од буџетот … Навистина кој ги контролира буџетските корисници како ги трошат нашите пари … Некаков државен ревизор – кој чинам го бира собранието … ??

Во 2003 година бил купен спортски авбтомобил "доџ авенџер" … На кого во Министерството за правда му требал ваков автомобил … Кој тоа требало да се вози
и покажува во него … Кој требало да биде воодушевен од удобностите на ваков спортски автомобил … Од кога Министерствата се возат со спортски автомобили …

Крем на оваа јавна набавка  е кражбата на овој автомобил …

"Авенџерот" беше украден кога министер за правда беше Исмаил Дардишта. Тоа е едно од петте возила кои беа украдени од Министерството. Минатата година Државниот завод за ревизија објави дека во Министерството за правда недостигаат пет возила: "мерцедес", "алфа ромео", два "голфа" и "доџ авенџер" …

 

март 3, 2007

УРИВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ

Filed under: историја — волан @ 10:40 am

За процесот на создавање на Национален идентитет – со посебен осврт за создавањето на Македонскиот национален идентитет пишував во постот – НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ … и НАЦИЈА

За ОБЕЗЛИЧУВАЊЕТО НА НАЦИЈАТА – како светски процес … Со посебен осврт на обезличувањето на Македонската Нација … зборував на последниот линк …  но ке повторам дел и тука …

Обезличувањето на определенувањето кон определена национална припадност – почнува заедно со процесот на создавањето на Нациите – во таканаречената романтичарска фаза во историјата во средниот век … касен 18 и 19 век…

Луѓето одсекогаш имале потреба да се групираат … најпрво во таканаречени чопори … потоа племиња …

Но како што се развивало општеството … со индустриските револуции и развојот на комуникациите и инфраструктурата на патиштата луѓето … владарите од тој 18 и 19 век … оставале печат на новите територии со ширење на својата нација … секако највеќе преку црквата – културата – јазикот – уметноста …

Обезличувањетето на определена нација настанува во оној момент кога ке се измешаат интересните сфери и територии … Кога две или повеќе држави покушаваат да преземат одредена територија … тогаш се почнува да се напаѓаат определените елементи од одредената нападната нација … јазик, вера, историски личности, начин на живот, националниот идентитет …

Не треба да идеме далеку – обезличувањето на определена нација го имаме како школски пример на нашата територија … каде се обезличува Македонската Нација – Името.

Јазикот со сите средства ни е нападнат од Бугарската пропаганда

Верата ни е нападната од србската пропаганда … а во минатото оштри напади сме трпеле и од Грчката пропаганда … па и Бугарската … Ни сега не гледам дека нешто подзастанале пропагандите на Грчката и Бугарската Црква … и сега тие притаено “чекаат“ како ке се развие – развива “спорот“ на  Србската Црква и МПЦ

Историјата ни е нападната од Грчката пропаганда – а ништо покусо не е ни Бугарската пропаганда. Видете само какви сопки ни става Грчката држава … Ембарго … Отворено заговарање на поделба на сегашна Македонија (Мицотакис – Милошевиќ) … Оспорување на Името …

А територијата – во денешно време највеќе ја напаѓа Албанската пропаганда и држава … преку спроведување на доктрина на “Призренската лига“ … преку процесот на доминација со наталитетот … преку процесот на “чистење“ на одредени територии … национализам, сепаратизам, делумен фундаментализам и иридентизам …

А за територијата на нашата држава настанале неколку војни таканаречени “Балкански“ … каде учесници се Бугарија, Србија и Грција – а се замешуваат и големите сили …

Во контекст на горниот текс е и  анализата на Денко МалевскиГрадење или уривање, тоа е дилемата на македонското национално единство денес

Тука смо ке пренесам кратки извадоци … кој написот го започнува со тоа како дошол МК јазик во на европската карта на јазиците пред четриесет и три години …

“.. Достигнувањето е дело на генерацијата наши претходници, родена во првите децении на дваесеттиот век, во Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, подоцна Кралството Југославија. Изложена на српска асимилација, но свесна за својата посебност, младата генерација „јужносрбијанци“, го зграпчува историскиот момент на војни и револуции за да го прокламира раѓањето на македонската нација во рамките на федерацијата на јужнословенски народи..

.. Така, радикалниот дел од интелектуалната елита на еден народ разлеан по рабовите на три посилни балкански држави, ја создава сопствената нација. Се обистинуваат зборовите на Крсте Мисирков: „Не сме нација, но ќе станеме“!..“

“.. Меѓутоа, не гледаат сите на македонското минато, па оттаму и на сегашноста и на иднината, со вакви очи. Она што за некои е достигнување, за други се’ уште е измама. Имено, во современата македонската демократија постојат политички опции кои на поновиот тек на нашата историја гледаат исклучиво како на комунистички заговор..

.. Разобличувањето на заговорот, пак, сметаат тие, одново ќе го сврти течението на историјата, во бугарска насока. Парадигма за ваквата политичка позиција кај Албанците е нивен политички водач кој изјавува дека не сака да ја земе одговорноста на себе за забрзување на текот на историјата, имплицирајќи дека точно знае каде таа ќе не’ одведе. Парадигма за ваквата политичка позиција кај Македонците, пак, е политички водач со бугарско чувство, кој веќе стасал на „крајот на историјата“ и сега – ја чека нацијата да дојде таму!“..“

“.. Политичките опции чија цел е бришење на поновата македонска историја, засега, се раководат од начелото на „мирното решавање на историскиот спор“ преку унапредување на државата. Меѓутоа, во услови на загрозени позиции или променети меѓународни околности, тие би можеле да се определат за начелото: „што полошо, тоа подобро“. Имено, што полошо за државата, тоа подобро за крајната цел – отфрлање на „комунистичкиот заговор“ кој ја создал..“

“.. Градење или уривање, тоа, всушност, е дилемата на македонското национално единство денес..“

март 2, 2007

СКОПСКО КАЛЕ – конзервација и археолошки истражувања

Filed under: култура — волан @ 12:58 pm

Скопското кале навечер

Една од кулите на калето (фотографирал: Мире Славејков)

skopiekaleto

http://www.promacedonia.org/bugarash/mfront/mf49.jpg

 

 


skoplje bw

http://www.promacedonia.org/gall/fb/p0000025.jpg

http://www.promacedonia.org/gall/jd/p0000331.jpg

 

Murallas de la Skopje medieval

Kale

Szkopje_Kale by Night

9

View of Skopje from the Kale Fortress

 Сликата “http://makedonia.eu.org/gallery/images/skopje_68.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

http://makedonia.eu.org/gallery/images/skopje_51.jpg

http://makedonia.eu.org/gallery/images/skopje_70.jpg

http://makedonia.eu.org/gallery/images/skopje_74.jpg

http://makedonia.eu.org/gallery/images/skopje_76.jpg

Скопското кале е еден од најмаркантните археолошки локалитети во Македонија … Категоризирано е како објект од прв степен на заштита …

Скопската тврдина Кале е сместена на високот рид наречен Градиште, над градот Скопје со поглед на реката Вардар и била од стратешко значење за овој значаен град со векови.

Како највисока точка во градот, калето одсекогаш било ценето од локалното население. Населби на тоа место постоеле и пред да се изградат ѕидови. Најраните познати жители на местото живееле во Неолитот и раното Бронзено доба, 4,000 години п.н.е. Тврдината што ја гледаме денес е изградена најпрвин во Византиско време (6-ти век), со камени ѕидови со должина од 121 метар. Според археолозите, камените блокови од кои е изградена тврдината биле земени од изрушениот град Скупи подолу.

ImageЗаради стратешката локација на местото, тврдината била градена, рушена и преградувана многу пати од страна на разни освојувачи. По скопскиот земјотрес во 1963 кружните и квадратните кули на тврдината биле конзервирани и реставрирани. Тогаш се прави и последното поголемо археолошко истражување.

Кале е едно од најпопуларните места за посета во Скопје. Тврдината нуди фантастичен поглед на градот – особено стана популарна по последното внатрешно уредување … подпомогнато од америчката влада …

ImageНа интернет најмаркантен напис за скопското кале има Arwena во постот – Метаморфозите на Скопското Кале … го препорачувам за читање на сите заинтересирани кои сакаат да дознаат повече за калето … подолу неколку цитати:

Скопското кале – Со својата местоположба која доминира над околината, опкружена е со бедем во форма на триаголник граден и обновуван со милениуми … Започнува со моментите на енеолитската цивилизација – 3 000 година п.н.е. … Потоа прастарите цивилизации од некои мистериозни причини го одбегнувале ова место за повторно да го населат во годините некаде помеѓу 7 и 6 век п.н.е. кој одговара на железното време и преминот кон раната антика. … животот се одвивал континуирано се до преодот од 4 во 5-ти век кога населбата била напуштена.

ImageПотоа доаѓаат неколку векови на хијатус, …  Нема населување, нема населби, нема предмети. Нема дури ни записи.

Бедемите се изградени  од големи правоаголни камени блокови кои многу потсетуваат на градбите кои во тој стил кој ги подигнувал величенствениот предводник на Источното Римско Царство, најсветлото сонце на Византиската Империја – императорот Јустинијан Први.

По катастрофалниот земјотрес кој во 518 година го погодил подрачјето на древниот антички град Скупи и неговата колината, животот во градот Скупи замрел и не продолжил никогаш повеќе. Голем дел од градежниот материјал на римските градби од Скупи бил
Imageизваден и однесен на некое друго место. Се претпоставува дека во тој период, што се поклопува и со мислењето на еден голем англискиот патеписец Артхур Еванс, тврдината Кале била акрополата, т.е. Горниот град на еден се уште фамозно изгубените градови во бескрајниот временски простор на археологијата. Така во челниот ѕид на Калето може да се видат стотици вградени делкани блокови, делови од римски градежни елементи, столбови, плочи со римски натписи и друго. Се претпоставува дека овој дел од ѕидот потекнува од 6 век и дека тоа се остатоците од акрополата на највеличенствениот град што некогаш го изградил императорот Јустинијан ПрвиЈустинијана Прима.

Во византиско-словенскиот период (X-XIV век) Скопје представувал значајна крстосница на големите трговски патишта, значајно стратегиско, но и погранично упориште. Градот бил поделен на Горен Град и Долен Град. Во Горниот град била издвоена военоуправната елита, а во Долниот град живеело цивилното население.

Од крајот на XII до крајот на XIII век во низа воени акции, Византија ги губела и ги враќала балканските територии кои ги имала дотогш. Историските, политичките и економските услови ги искористиле словенските соседи, Србите и Бугарите, со цел да ја прошират својата власт над Македонија. Српскиот цар Душан своето крунисување го направил токму во Скопје. Ова траело се до 1392 година кога градот и власта ја превземале
османлиите и тука останале петстотини години. Во турскиот период и подоцна, Горниот град послужил за стационирање на градскиот гарнизон. Подетален опис за тогашната тврдината – Горен град ни дава познатиот патеписец Евлија Челебија велејќи: ,,Тоа е утврден град, со цврста и јака утврда, со двојни бедеми. Градската порта и бедемите се изградени од делкан камен кој свети како да е полиран. Опкружен е со седумдесет бастиони и три железни порти на југоисточната страна, а во предворјето на секоја висока порта се наоѓаат многу стражари. Вратата и ѕидовите на тоа предворје се накитени со со разно оружје и алати потребни за оружјето ”.

Во 1963 година кога Скопје доживува катастрофален земјотрес тврдината претрпува големи оштетувања. Поради тоа се превземени мерки за конзервација и реставрација на неговите ѕидишта и кули и денеска е реставриран 121 метар од надворешниот бедем, некогашната округла кула, а четвртестата и триаголната се само делумно реставрирани.

Одличен напис за Скопското Кале имаме и на линкот Скопското кале … кој пред се се бави со старта скопска чаршија …

Добар е написот за Скопското кале и на линкот тука … 

Од оваа година почнува значајно археолошко истражување на локалитетот Скопско Кале – кое е финансирано со проект од Владата на Македонија со 2 милиона евра … Со археолошките истражувања ке раководи Професорот Драги Митревски, раководител на катедрата за археологија при Филозофскиот факултет во Скопје … Се предвидува дека работа ке има за 150 археолози, документатори, студенти по археологија и работници. Тие ќе работат на шест сектори, а секој од нив ќе го раководат по двајца археолози, на кои ќе им помагаат по четворица студенти по археологија.

Целта на проектот е да се санираат, конзервираат, реставрираат и презентираат бедемите и кулите на југозападниот дел од тврдината, тој што „гледа“ кон мостот Гоце Дечев и Камениот мост.


 Св. Константин и Елена..слики 2.jpg

Monorafija Arhiv na RM slika na staro skopje centar.jpg

март 1, 2007

БИЗНИС со Шопинг Бизнис Центри …

Filed under: Некатегоризирано — волан @ 9:25 pm

Бизнисот со Шопинг Бизнис Центрите во Македонија “трае“ последниве петнаесет години …

Најпвин во процесот на “приватизација“ – беа растурани големите трговски системи … “Центро“ … “Славија“ … “Зем Промет“ … “Градски Аптеки“ … стоковните куќи “Беко“ и “Нама“… “Технометал-Вардар“ … “Технометал“ … “Електрометал“ … “Аутомакедонија“ … “Трготекстил“ … и сигурно заборавив некој … Некои системи беа толку големи што уште не може да се дорастурат … Полни се судовите и стечајните управници со работа за растурање на овие системи …

Сите отидоа во стечајни постапки во процесот на “Приватизацијата“ (намерно е приватизација во наводници …) …

Потоа следеше ера на мали бизниси во трговијата … гранапчиња … мали бутици … продавничиња за се и сешто … трафики … Луѓето по три пати отвараа и затвараа вакви продавничиња … ги одврзаа кесињата и ги испразнија перниците и јорганите од заштедите и изнакупија дучанчиња … за фамилијарни бизниси во малата трговија …

Потоа следи ера на “Странски Инвестиции“ во трговијата … Се отвори неколку трговски центри по системот на Моловите во капиталистичкиот свет … Почна со “Веро“ … продолжи со “Коч …“ … се најавува нов “Веропулос 2“ … за влакно не се случи отварање на голем трговски центар на белградскиот тајкун Мишковиќ – “Делта“ … стално сме под пресија на најава дека Словенците (МЕРКАТОР… и други)  ке прават голем трговски центар во кругот на Скопски Саем …

Сево ова сега води кон процес на гаснење на малите гранапски бизниси и пропаѓање на малите продавнчиња за се и сешто кои не ја издржуваат конкуренцијата од една страна на големиве тртовски центри од друга страна на трговијата по пазарите на затворено и отворено … Скопски пазар стана сила  …

Кој тоа три пати префрлуваше, еден ист бизнис – три пати “од шупло во празно“ … ??! … Кого ке го окривиме за ова … Сигурно кармата не е крива баш за се …

февруари 28, 2007

ЗАФИР ХАЏИМАНОВ

Filed under: музика — волан @ 5:17 pm

Сликата “http://www.culture.in.mk/images/story/zafir.hadzimanov.m.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

 

Сликата “http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/A8A701735643D04A992A182FCBB61FCE.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Зафир Хаџиманов мојот омилен пеач од младоста … кој знаеше да запее “Земи моме македонче па да видиш што е рај“ … се спрема по 40 години творечка работа на полето на мизиката, поезијата и актерството – на 15 март (со почеток во 20.30 ч.) да го одржи својот проштален концерт во Универзалната Сала. Концертот е во организација на Литтле Бротхер продукција … И други весници велат дека е тоа “Проштален концерт на Зафир Хаџиманов“ … во што се сомневам … сметам дека е тоа маркетиншки трик … Зафир ке пее додека го држи гласот а сеуште го држи …

http://www.b92.net/galerija/doc/esma/img/4.jpg

Има одржано концерти во СССР, САД, Канада, Куба, Австалија … Настапува, и раскошно ја сее убавината на својата и наша музика и поезија на сцени како “Олимпија“во Париз, “ Опера хаус во Сиднеј, “Баљшој театар“ во Москва .

Добитник е и на наградите “Југословенска естрада“, “Истакнат уметник на Србија“, “Награда за животно дело“ од радио “Буба Мара“ во 2002, “Награда за животно дело“ од “ТВ Јесенин“ од Нови Сад во 2003 и “Златна маска“ за ширење на македонската култура по светот во 2006 година. Во 2007 објавува ЦД со своите најголеми фестивалски успеси “ Беше мај“

Зафир Хашиманов е мултилалент кој потекнува од музичко семејство. Тој е одличен како пејач, композитор – кантаутор, глумец, поет и водител … Роден е во Кавадарци на 25 декември 1945 година. Татко му, Васил, бил етномузиколог и и магистер на фармација, интерпретатор и неуморен собирач на изворни македонски песни, а мајка му, Вера, учителка. Гимназија и средно музичко училиште завршил во Скопје. … каде го привлекува со подеднаков жар театарот и музиката … Иако желбата на таткому е да го доврши музичкото образование (Академија) за што има неоспорен талент Зафир се запишува во Београд на Факултетот за драмски уметности и 1967 година дипломира во класата на професор Мате Милошевиќ. Во една прилика на едно интрвју ке каже дека желбата на таткому е остварена преку неговиот син Васил (кој го носи името на дедому) кој заврши музичко образование и чекори по патеките на дедому и таткому …

Во едно интервју за Вест ке изјави: “.. Секоја моја песна си има некоја своја приказна. Пишувам стихови уште од многу млад. Зад себе имам имам 300-400 стихови за шаносони и забавни мелодии. Од тоа се изродија шесте книги поезија, станав демек и песник кој може да се чита и да се говори. Доживеав неколку пати да ме викнат и на струшките вечери на поезијата. Но, првата музика ја напишав по еден краток разговор со татко ми. Беше етномузиколог, и не ми се мешаше во работата, во изборот на композициите. Никогаш не ми кажа, но знаев и чуствував дека сака да тргнам по неговите стапки. А јас пеев и песни кои не ми се допаѓаа. Кога си популарен пејач сите композитори ти нудат свои песни, а не е во ред да одбиваш, зашто после ќе се зборува дека си лош за соработка. Татко ми ми го реши тој проблем со само два збора. Ми рече: "Пишувај сам". Првата моја фестивалска кантавторска песна ја напишав во годината кога останав без мојот татко. Тоа е "Како

Вардар", која ми се чини најдолго остана. Се пее и по меани и на свадби, а не доби награда на Скопскиот фестивал. Ми рекле дека таа песна е формула како треба да се пишува музика и стих а да звучи македонски…“

Зафир се опробува и во Мјузикли – автор на единствениот македонски мјузикл "Ало будење", во кој ја раскажува приказната за дете-бегалец, без место под сонцето, кое се обидува да се најде себеси во уметноста.

http://www.prometej.co.yu/images/knjige/small/kiselo_veselo.jpgЗа книгата "Кисело весело" самиот Зафир ке рече: Тоа е моја збирка на раскази која зборува за едно мое детство и прва младост, а најмногу од се за едно Скопје кое повеќе го нема. Ова е книга која што има малку измислици, еден послободен приод, но и многу автобиографски детали. Сега е на ред вториот том "Весело кисело", за периодот од кога се преселив во Белград, се додека било весело-кисело. Третиот том ќе биде изгледа дека ќе биде само кисело-кисело, а можеби и само весело-весело. …

Во Бродвеј каде отиде по стапките на својот син каде игра во светскиот мјузикл "Занесени", а за "крем" во актерската кариера ја смета улогата во мјузиклот "Виолинист на покривот", која ја толкувал и во театарот "Форум ", во Бостон. Како дојде до ова Зафир раскажува: “.. Во 1996 со Сенка отидовме на дипломска вечер на синот Васил, кој дипломираше на "Беркли колеџ оф мјузик". Во кафеана ја запеав "Да сум богат човек", режисерот на мјузиклот ме слушнал и веднаш ме ангажираше. Во Бостон останав два месеца. По враќањето, во Нови Сад ја толкував главната улога во мјузиклот "Човекот од Ла Манча", кој се постави во "Српско народно позориште". Актерството беше мојата најголема љубов..“

Зафир осем што има прекрасен вокал – свири одлично гитара и пијано, а одлично ги зборува рускиот и англискиот јазик … со носталгија и со треперлив глас – зборува за татко му – кој истотака одлично свирел на музички инструменти …

Како глумец Зафир игра главни улоги во филмовите Македонска крвава свадба (Главна улога) 1967 … Време без војна (Споредна улога) 1969Македонска сага (Споредна улога) 1993Makedonska saga (1994) … Higijenske navike vojnika (1972) Vreme bez rata (1969)Noz (1967)

Од театарските сцени настапува во “Театарот на Теразија“ … “Атеље 212“ … “Драмски театар во Скопје“ … “Драмски театар во Нови Сад“ … и театарот во Бостон USA ("Forum Theatre"). Добитник е на годишната глумачка награда на “Србското народно позориште“ и специјална повелба на “Здружението на театарските уметници во Србија“ за висок домет во светот на глумата …

Зафир се вклопува меѓу Београѓани но не ја заборава Македонија која верувам ја носи во срцето … Веројатно тоа е причината да биде и председател на југословенско – македонското друштво, "Шар Планина" … Има организирано прекрасни илинденски собири, на брегот на Сава со уметници од Белград и од Македонија. Се опробува и во политичките води – на последните избори беше кандидат за пратеник во српското собрание на партијата Либерали на Србија.

Често си доаѓа и дома во Скоје … има оставено мал стан каде ги чува спомените од детството … пијаното … неколку гитари и мандолини … стариот орамар … во кој се осеќа духот на фамилијарната историја и мирисот од домот на таткому и дедому …

Зафир знае да каже дека мора да ја освоиш публиката … си споменува за времето кога секој не можеше да биде пеач (мораше да има талент) … а не како сега … дали си го поткупил уредникот да те пушта по сто пати на радио, дали е местен фестивалот, кој ти е татко, кој е со кого во тајна врска… Немаше автомобили, се возевме со возови и автобуси… Во салите немаше пијано, па го заменувавме со хармоника… Бевме среќни ако се докопаме до некое гитарче…

Ако се прашам кои композиции од Зафир ми останаа најзапаметени – сигурно ке биде ена од неговите незаборавни:

 

ПОМОДАРСТВО – домашни миленичиња …

Filed under: Некатегоризирано — волан @ 11:06 am

Многу луѓе во потрага по своевидно “покажување пред јавноста и комшиите“ чуваат во несоодветни услови – разноразни домашни миленичења … кучиња, мачиња, змии, мајмуни, крокодили … и незнам што …

Луѓето избегаваат да чуваат деца по дома … го ограничуваат бројот на децата … но затоа е помодарство во несоодветни услови да чуваат домашни миленичиња … за да ги видат комшиите дека и тие имаат домашно милениче … демек се грижат за природата …

Не верувам дека доманите миленичиња им е убаво да бидат затварани по домовите и чувани во еден вид “робство“ – во домашните услови … Имено далеку се од природните средини … ограничени се во движењето … еден дом никако не може да ја замени природната средина за било кој животински вид

Вистинскиот љубител на животните ке искочи и во природна средина ке помогне некој загрозен вид … да речеме ке купи стог сено и ке нахрани срни во зимските денови кога нема храна во природата … сега никој нема да го види – но тој барем ке си ја нахрани душата и совеста … За мене е најдобро животните да се остават да егзистираат во нивните природни средини …

Добро ОК е некој да чува домашно милениче (куче, маче…) во услови каде има двор (селски услови да речеме) – каде домашните миленичиње нема да бидат врзувани со ланци (затворски услови) … туку слободно ке ја користат природата околу куќата …

Воопшто куќите даваат подобри услови за чување на домашни миленичиња …  По становите се мачат и животните и луѓето а нарочно без никаква вина се мачат комшиите … Замислите ситуација некој со змија околу врат искочи и заедно со вас во лифт се симне да ја прошета змијата – милениче … во заедничкиот двор каде се играат децата а постарите луѓе одмараат по клупите …

Верувам дека со моиве погледи ке се сложат повеќето луѓе … Ова нема да им одговара само на оние кои од домашните миленичиња прават бизнис и помодарство … 


февруари 27, 2007

ИРА ТИГЕРМАН

Filed under: сеир — волан @ 10:26 am

Згодни хрватици го полнат нет просторот – во обид да се пробијат со својата става …

Ира Тигерман е следната.  

Сликата “http://www.clubira.com/SLIKE/ira/G9JZ1430max.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

http://www.clubira.com/SLIKE/ira/DSC00999max.jpg

« Previous PageNext Page »

WPMU Theme pack by WPMU-DEV.